Резултати од 7то коло во Ла Лига:
2:0
Погодија за Атлети, Симао и Диего Коста во еден лош натпревар. Диего Форлан влезе во игра во второто полувреме. Гетафе немаше ни игра ни среќа.
2:1
Пабло Ернандез ги доведе гостите до водтство, а Иниеста и Пујол погодија за победа на Барса, со што Каталонците се израмнија во бодови со Валенсија.
1:4
По два гола за Кристиано Роналдо и Игуаин за победа на Ла Росаледа за Мадрид. Роналдо учествуваше во четирите гола. Малага добра во нападот, лоша во одбраната.
2:1
Ираиола и Љоренте ја потврдија лесната победа за Баскијците со головите во 30та и 50та минута. Алмерија успеа да постигне само почесен гол во последните минути од средбата, со голот на Браулио.
1:0
Мирна победа за играчите на Португал, кои полека ја избегнуваат опасната зона. Стрелец на голот беше Мунитис.
0:0
Галициската екипа сеуште не може да погоди на Ријазор каде не победила веќе 7 натпревари по ред. Осасуна го освои првиот бод на гости, по 11 последователни порази.
0:1
Луис Гарсија е тука да ги руши статистиките. Со неговиот гол, Еспањол ја постигна првата победа на гости, додека Мајорка го забележи првиот пораз на домашен терен.
2:1
Леванте со победата над Реал Сосиедад, е веќе 4 кола непоразен и се искачува во средишниот дел од табелата. Дел Орно и Каиседо постигнаа голови за домашните, додека за Сосиедад погоди Сарпонг.
2:0
Со двата гола на Сангој и Кастро, Хихон стигна до победата над инфериорната Севиља. Ова беше прв пораз за тренерот на Андалузијците - Манзано откако ја презеде Севиља.
2:2
Виљареал не успеа да се искачи на врвот од табелата. Валдез и Трезеге беа стрелци за Херкулес, додека за гостите головите ги постигнаа Капдевила и Борха Валеро. на натпреварот имаше и три црвени картони: Трезеге (Хер) и Борха Валеро и Мусакио (Виљ).
Табелата по 7то коло:
1. Реал Мадрид 17
2. Виљареал 16
3. Барселона 16
4. Валенсија 16
5. Атлетико Мадрид 13
6. Еспањол 12
7. Севиља 11
8. Атлетик Билбао 10
9. Гетафе 10
10. Херкулес 8
11. Мајорка 8
12. Спортинг Хихон 8
13. Леванте 8
14. Малага 7
15. Реал Сосиедад 7
16. Расинг Сантандер 7
17. Алмерија 6
18. Осасуна 6
19. Депортиво Ла Коруња 4
20. Сарагоса 3