Резултати 8 коло Ла Лига:
Сарагоса
0-2 Барселона
Со двата гола на Лео Меси, Барселона дојде до победата на Ла Ромареда, како и до најдобриот лигашки почеток на гостински терен. Со победата во Сарагоса, Каталонците стигнаа до 4та победа по ред на гостински терен оваа сезона.
Реал Мадрид
6-1 Расинг Сантандер
Белите од Мадрид го совладаа Расинг со головите на Игуаин, Озил и Кристијано Роналдо, кој прв пат во својата кариера постигнува 4 голови во еден натпревар. За гостите од Расинг голот го постигна Розенберг.
Валенсија
1-2 Мајорка
Прв пораз за Валенсија на Местаља оваа сезона. Головите за победничкиот тим ги постигна Чори Кастро, додека за Лос Че погоди Роберто Солдадо.
Осасуна
3-0 Малага
Со головите на Некоунам, Масуд и Аранда, Осасуна дојде до победа со што побегна од последните места на табелата. Ова беше најдобриот натпревар за Осасуна сезонава.
Алмерија
1-1 Херкулес
Херкулес стигна до водтството преку голот на Валдез, а Улоа успеа да го израмни резултатот, со што тренерот на Алмерија - Љиљо, остана на тренерската положба уште едно коло.
Гетафе
3-0 Спортинг Хихон
Тимот од предградието на Мадрид немаше проблеми со гостите од Астурија, над кои стигна до победата од 3-0, со головите на Боатенг, Колунга и Маркано. Гетафе се наоѓа на чекор од позицијата која води ви Лигата на Европа.
Еспањол
2-1 Леванте
Датаљо и Каљехон ги постигнаа головите за Еспањол, кој со оваа победа се најде на петтото место со 15 освоени бодови. За гостите од Валенсија, погоди Стуани.
Севиља
4-3 Атлетик Билбао
По два гола за Фабиано и Кануте кај домакините, како и за Љоренте кај гостите од Баскија. Билбао се врати на резултат 3-2, откако губеше 3-0 на почетокот.
Виљареал
2-0 Атлетико Мадрид
Екипата на Кике Санчез Флорез, кој беше исклучен на полувремето, бараше три пенали, два над Агуеро и еден над Симао, но судијата Рамирез Домингез не покажа ниту еден. За Виљареал погодија Кани и Роси.
Реал Сосиедад - Депортиво Ла Коруња
*Вечерва
Табелата по 8то коло:
1. Реал Мадрид 20
2. Виљареал 19
3. Барселона 19
4.
Валенсија
16
5.
Еспањол
15
6.
Севиља
14
7.
Гетафе
13
8.
Атлетико Мадрид
13
9.
Мајорка
11
10.
Атлетик Билбао
10
11.
Осасуна
9
12.
Херкулес
9
13.
Леванте
8
14.
Спортинг Хихон
8
15.
Алмерија
7
16.
Реал Сосиедад
7 *
17.
Малага
7
18.
Расинг Сантандер
7
19.
Депортиво Ла Коруња
4 *
20.
Сарагоса
3