Презиме - моето, твоето или двете?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Системот во кој што живееме :) Он вика дека ќе го носат на таткото презимето:smir:

Извадок од Закон за лично име:

Член 3
Личното име на детето го определуваат родителите спогодбено.
Презимето на детето се определува според презимето на еден или двата родитела, освен ако родителите не определат детето да носи некое друго презиме.
 
Ова значи дека постои можност детето да биде на мое презиме?
 
Постои можност да го крстите и Али Баба, па баба да му биде презиме иако ти се презиваш Стојановска а тој Трајковски. Ама традиционалсти ко што сме, никој не сака да влезе во дуел со стариот на кој “му ја прекинуваш лозата“ :tapp: Опинци стари.
 
Него, кој е доволно будала сега да менува презиме, кога е тепачка во пасошко? Прво треба да чека за нов извод, па за нова лична карта, па за нов пасош, и тоа за се по двапати, и за давање и за зимање. И нема патување прекуграница за меден месец, пошто служење со документи со непроменето презиме е нелегално и се казнува според Член 8 од Законот за лично име.

Член 8
Со парична казна од една петина до една половина од плата ќе се казни за прекршок лице кое не се служи со личното име што му е запишано во матичната книга на родените (членот 1 став 2 на овој закон).

и, шо бара бе тема во Љубов и Секс?

Ова значи дека постои можност детето да биде на мое презиме?

Уф не знам, ја ко што го читам законов така изгледа. Најубаво е некој правник да си каже.

Јас имам теорија дека секогаш татковците одат да ги заведат децата во книга на родени или како и да се вика таа, пошто нели мајката дома седи 40 дена... и од таму потекнува стандардот за наследување на татковото презиме за децата.
 
ја коа ке се женам ке инсистирам жена ми да го превзеде моето презиме.. едно машко сум у цела фамилија и треба да продужам рпезиме. друго.. не сум видел до сеа некој да има презиме ко моето..
и една работа ми е несватлива т.е малку чудна..
замислете на приемр двајцва се венчаат и имаат презимиња А Б да речеме.. детето се презива А Б... понатака.. детето порастува и доаѓа момент кога треба да се мажи жени и продилжува она превземање на презиме од другата страна и задржување на своето па после имате ИМЕ некое си и презиме А Б В Г.. и така натака.. и до кога? до каде ?
 
Вистинското место за темава е подфорумот Дом и Семејство, што би било далеку посоодветно. Овде нема ништо поврзано со љубов а уште помалку со секс.
 
Би го задржала своето, но можеби би го додала презимето на маж ми. :toe:
 
Џанам трите. Кое презиме во тој случај ќе земе дете чија мајка веќе има две презимиња? Од мајката или од двајцата? Тука влегува во комбинација и татко со две презимиња (едно од сопругата едно свое или едно од мајка му едно од татко му) И следната генерација, степ 2?...Тоа со продолжување лоза е можна комбинација на клетки од измиксирана птица, пошто следната генерација може презимето да се прекине, а за да не се прекине треба и двете да стојат, така две по две... колкави ли Л.К. имаат мексиканците :nesvest:

У секој случај со 2 презимиња после една-две генерации ќе се усложни.
 
Мама има 2 презимиња а јас го имам презимето на тато а не носам 2 презимиња.Т.е тато не ни ја питал мама кое презиме ке го носам неговото ми го лупнал.А кога ке имам 18 ке си го сменам презимето и ке го земам тоа на мама бидејки е поубаво и поретко(а мразам си го оваа презиме).И кога ке се мажам ке го додадам презимето на маж ми(а ке го задржам моето).А децата наши ке носат презиме по договор на маж ми и јас.На пр ако имаме 2 деца едното ке го носе мојто презиме а другото на маж ми.И не....нема да имаат 2 презимиња.

А шо ако имате три?
Башка низ живот...двајца браќа, -хм, сретнав еден човек, исто презиме ко твоето, од иста населба...кога ќе се потсетам на презимето дури и личи со тебе, некои црти...
- Акхм, ХХ, даа, брат ми е. Ова она...
Ферштензи? фамилиите, лозите, племињата во крајна рака...покрај сложените одлуки кое чие презиме или чии 2 презимиња ќе носи...

Енивеј, твој избор.
 
За жените: Дали после венчањето ќе го задржите вашето презиме или веќе (не) сте го задржале?
За мажите: Дали вие би го зеле презимето од жената, доколку ви е ( да не речам ) глупо или смешно?

Кај нас ко по обичај ние го земаме презимето на мажот, а ретко која си го задржува своето. Мене некако ми е глупо после толку години живот да морам да се презивам поинаку, што знам..
Кога ќе се венчам ќе си го задржам моето шо сака нека е.:wink:

Вие би го задржале, веќе сте го заджале, криво вие што не сте го задржале..!?:icon_roll

Jas koga se omaziv hem go vzeh imeto na maza mi hem go zadrzav svoeto i sega imam 4 imena kato megu tretoto ( moeto ) i cetvrtoto ( na maza mi ) ima -.Deteto si nosi imeto na tatko si.
 
Со оглед дека во последно време секој втор брак завршува со развод најпаметно е да си го задржи секој своето презиме, зашто да се прават трошоци :tv:
 
Секој своето, небитна работа, најбитно е:sekss:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom