Pretty Little Liars

Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Не најдов тема за најмистичната серија

Приказна за лагата,стравот,заканите и мистеријата кои стануваат дел од секојдневието на 4 тинејџерки..

Мора да ја гледате,има испаднато 20 епизоди, ги има на замунда. :tv:

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Серијава е поинтересна верзија на Госипгрл според мене. Убава е, ствара зависност, ама нема некоја длабочина.
Малце превише ја тупат околу мистеријата, се повише и повише заплеткуваат, а ништо не кажуваат, ама веројатно ова само мене ми смета.
Има супер избор на актери, пријатни се за гледање и машките и женските, не глумат лошо.
Плус има екстра шпица:tv:

Иначе само уште 2 епизоди и крај на прва сезона.
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Прочитав некаде дека можно е да го влечат А до 3та сезона..
Се надевам дека не е точно.

@Anne Rice фул песна, The Pierces имаат и други убави песни :D Thank you PLL.
 
Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Онака безвезално прочитав рецензија од некоја страна и ми привлече внимание тоа што е мистерија и тоа што е дело на истиот режисер на госипгрл, иако ја неам глеано гг. И ете по првоизгледаната епизода ми се навлече под кожа и сега се тресам чекајќи да излезе нова. Преинтересна е, и ептен е јако што те става тооолку во неизвесност, создава збрка во главчето и стварно се нема идеа кој е -А, но мислам дека стварно редно време е следната епизода, која што ќе биде претпоследна да ни посочат онака.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ја видов серијава на Замунда кога и беше пилотот сакав да ја симнам, ама на имдб ми се виде некако премногу госип грл стајл и ја баталив. Ама според ова шо читам има заплети низ серијава, па шо знам можда ќе и дадам шанса во блиска иднина.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Заврши првата сезона. :( Да не знае некој кога ќе почне 2?
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
939
Заврши првата сезона. :( Да не знае некој кога ќе почне 2?
Почната е веќе, но сигурно знаеш ;)

Ми се допадна првата сезона и тоа многу, гледав по 3-4 епизоди во еден здив, што за мене е рекорд бидејќи после изгледани 2 епизоди едноподруго, секоја серија ми станува здодевна.
Единствено ме иритира фактот што мислев дека на крајот на првата сезона ќе се дознае која е А, но испадна дека тоа ќе продолжи и во втората.
Јас ги имам симнато епизодите но не ми се гледани, а рачунам наскоро да ги гледам.
Се надевам нема цело време да се прашуваат која е А, ќе стане здодевно.

Инаку некаде прочитав дека:
А била сестра близначка на Алисон.
 
да да, тоа беше од дамна, ги изгледав 7-те епизоди од втора :D
да не те разочарувам ама мислам дека има околу 7 или 8 книги, така да не очекувај наскоро да дознаеш која е А :)

Тоа е во книгата, ама грешно си прочитал. Сестрата на Алисон е таа која што е убиена, а -A е самата Алисон. Но мислам дека во шоуто нема да биде така, ќе направат промена.
 
Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Јас ја изгледав само првата епизода, памтам само дека Кејлеб се врати. :love:
Ај пишете дали втора сезона е добра, да знам дали да продолжувам. Некако многу вртат, вртат... :confused:
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Јас ја изгледав само првата епизода, памтам само дека Кејлеб се врати. :love:
Ај пишете дали втора сезона е добра, да знам дали да продолжувам. Некако многу вртат, вртат... :confused:
До 5 епизода имам гледано од втора сезона, врти коло, наоколо некако е , уште повеќе ја продлабочуваат работата, одговори нема, а од А ни трага ни глас ...Втевме , втевме некако ми е...
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Јас ја изгледав само првата епизода, памтам само дека Кејлеб се врати. :love:
Ај пишете дали втора сезона е добра, да знам дали да продолжувам. Некако многу вртат, вртат... :confused:
Вртат ама интересно е :) ами ако ни ја дадат -A на тацна ќе треба да заврши серијата..
Оставаат сомнеж за сите, да не знаеш шо да мислиш :D
 
Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Вртат ама интересно е :) ами ако ни ја дадат -A на тацна ќе треба да заврши серијата..
Оставаат сомнеж за сите, да не знаеш шо да мислиш :D
Ама подобро да ја завршат на втора сезона, отколку да тупат околу тоа чисто за да прават пари. Не може они да идат до бескрај со погрешното наведување.
Ако сакаат да прават многу сезони треба да си изнајдат нешто друго околу што ќе се врти мистеријата.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.082
Поени од реакции
30.130
Серијава е нешто ко госип грл + очајни домаќинки, ама за разлика од госип грл оваа е посемејна и не е секој со секого во врска. Само ме нервира коа ќе затупат со некои споредни работи. А и има многу убави глумци :D
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Неодамна почнав да ја следам серијата Pretty Little Liars. На прв поглед ми се виде глупа и тинејџерска, ама како ги гледам епизодиве, така сум се поопседната со серијава. Се работи за четири пријателки (Спенсер, Хана, Емили и Ариа) кои се здружуваат против анонеимен непријател, кој им се заканува да им ги открие тајните, додека се обидуваат да го откријат убиецот на својата другарка Алисон...

Оваа драма- мистерија -трилер според IMDb e оценета со 8,2.​
Година на произвотство 2010...​
Моментално се прикажува сезона 1.​

Кој се вашите коментари околку серијава??? Како ќе заврши? Колку ви се допаѓа?​
 
Kajgana Shop

На врв Bottom