Претерана искреност - добро или лошо за врската?

  • Креатор на темата Креатор на темата bebush
  • Време на започнување Време на започнување
Пре се се навредува самиот себе зашто е во врска со “дебела глупача“ а и самиот начин на изразување кажува многу за него односно дека повеке тој е во случајов глупав (морав д аго употребам глупав ,иако многу мразам да го употребувамовој збор глупав )

и што сега, дебелите глупачки не смеат да сакаат :place:

Ставрогин smihajlo и за вас ова :D
 
smihajlo Во врска со пцуењето, забораваш дека на почетокот на секоја врска луѓето често глумат тоа што не се и тек после некое време ги откриваш/се откриваат какви се навистина :))).
 
Интересна е темава ама насовот нешто не ми штима. Кога одреден степен на искреност би се сметал за претеран? Тогаш кога има лоши последици. Тоа значи дека претерана искреност е секогаш лоша, по дифолт, логички.
 
Сите велат дека искреноста е една од работите кои највеќе се ценат во врската. Дали сте претерано искрени во врска со одредени карактеристики кај партнерот, кои не ви се допаѓаат? Му го укажувате тоа на јасен и директен начин или кружите одоколу со намера да не му ги повредите чуствата?
Дали вас некогаш ви бил упатен претерано искрен коментар со кој сте се осетиле повредени од страна на партнерот?
Пола од вас знам дека ќе глумат светци и светици кажувајќи дека партнерот пред се' треба да се почитува и сака а не и да се осудува за начинот на облекување/ изразување/ однесување.
Затоа , тие што би пишале таков пост би било пожелно да не коментираат, прибидејќи веќе има милион теми каде што можат да го изразат таквото нивно мислење :).
Пример: Партнерот ви го дава неговиот подарок за вашиот роденден и ве прашува за ваше искрено мислење, дали ви се допаѓа или не. Вам не ви се свиѓа :). Ќе бидете искрени и ќе му го кажете тоа или пак ќе одглумите со воодушевување?
Секако ова е само една од мал милион ситуации кои секојдневно не' ставаат во искушение и бар мене, ме замислуваат до каде смее/може искреноста на партнерите да оди :).

Бруталната искреност како што вие милувате да ја викате директноста, (мада не е баш тој точен термин), е една од крајностите која не е во ред нон стоп да се практикува во врската.
Некоја почнува да накачува килца и тоа мене рецимо не ми се допаѓа. Ќе и` речам да поведе малку рачун на себе, најпрво за себе. Но не би го премолчил посекако. Исто како што не би декол дека е дебела крава - ова е еден вид на брутална искреност - термин со кој сакате да навредите некого.
За подароци, ако е со задни намери, нормално е дека ќе прокоментирам, но не и да скокам до небо демек - јао шо си ми купила, немаш вкус, не ме познаваш - пак ова е брутална искреност. Но пак ќе кажам не ме засега ако подарокот е несакајќи промашен. Тоа обично би се десило кога не се познаваме доволно и сосема е разбирливо да се деси. Сепак самата ќе види со тек на време дека има промашено. А сепак подароците и не ми се некој milestone во една врска.
За директната искреност повеќе ја употребувам во очи во очи на разумен разговор, вадење “карти на маса“, сериозно разгледување на одредени поединости во врската што ја кочат.
Бруталната искреност ми е интересна кога се вметнува во шегата и кога и двајцата сме малку поопуштени и работите ги гледаме работите полежерно. Сепак со бруталност не се постигнува ништо сериозно во врската. Но некогаш може да упали ако се искаже во одреден момент кога сепак е несериозна, но би се сфатила.
 
smihajlo Во врска со пцуењето, забораваш дека на почетокот на секоја врска луѓето често глумат тоа што не се и тек после некое време ги откриваш/се откриваат какви се навистина :))).

Кажав веќе се што имав да кажам во прошлиот пост па и одговорот на твоево прашање.
На почеток е ок по некоја бела лага сепак никој не е совршен/а.
Но, со тек на времето како што се создава интимна зона не би требало да има огромни тајни помеѓу партнерите т.е ако на почетокот искреноста и довербата се под тепихот сега се на прв план.

И на крај конкретен одговор на твоево прашање ако некоја успее една-две години да ме прелаже(овој период го сметам за сериозни врски) тогаш секоја чест за нејзината снаодливост и упорност.
--- надополнето: 19 јули 2013 во 17:12 ---
и што сега, дебелите глупачки не смеат да сакаат :place:

Ставрогин smihajlo и за вас ова :D

Кажав веќе за дебелата може да ослабе ;) , за глупачката жал ми е :sneaky:
 
Од ова што прочитав по темава испадна на крај дека скоро сите би лажеле во една љубовна врска зошто знаат дека врската нема никогаш да успее на основа на искреноста, и дека не треба да се биде особено искрен со луѓе кои се спремни да лажат.:icon_lol:
 
Не е баш тоа лажење. Треба да бидеш тактичен и дипломат. Од чиста брутална искреност никој не видел аир.
 
Не е баш тоа лажење. Треба да бидеш тактичен и дипломат. Од чиста брутална искреност никој не видел аир.
Тактички да знаеш да продаваш муда за бубрези а?Па добро, и тоа е вештина....
 
Тактички да знаеш да продаваш муда за бубрези а?Па добро, и тоа е вештина....
Значи.... Не да кажуваш невистини, туку да кажуваш полувистини и да знаеш да го пласираш тоа што сакаш да го кажеш. Ако тоа ти го викаш продавање муда за бубрези...тогаш нека ти биде.
 
Значи.... Не да кажуваш невистини, туку да кажуваш полувистини и да знаеш да го пласираш тоа што сакаш да го кажеш. Ако тоа ти го викаш продавање муда за бубрези...тогаш нека ти биде.

Да бе, сега ако е голема како трактор јас ќе ѝ кажувам дека изгледа како фиќо.Епа не оди тоа така, второ тоа е истото што јас го говорев претходно.Друго, гледај да не бидеш толку искрен, било каде.Нема тука „брутално искрен“ само во одредена област.Искрената личност е искрена личност во сите области, а денеска многу многу и не чини да бидеш искрен, било каде, зошто луѓето се „мајстори“ во злоупотребување на искреноста.
Дури и по коментарите на останативе можеш да заклучиш дека искреноста и не им е баш најомилена работа на сите.
 
Ако навистина ви пречи големината на девојката/дечкото, па во првиот момент кога ќе сте во врска и/му го плескате во фаца, тогаш што кој тииит сте се фаќале со него/неа. Ако не ви пречи колку е дебела/дебел, тогаш нема потреба да го користите тоа како аргумент за искреност. Сите знаеме какви сме, кои ни се недостатоците, не мора тој што е до тебе, постојано да те потсетува на нив. Искрените забелешки доаѓаат од нешта за кој не си знаел дека постојат на почеток на врска, а потоа магично се појавуваат - пцуење, шлапкање додека јаде/јадеш, чепкање нос, одење во вц со отворена врата, не одржување хигиена, мрзливост, не знаење кај е клитот, понижување додека сте со друштво и т.н.
Јас сепак мислам дека е подобро ако нешто навистина ти пречи и знаеш дека не можеш да преминеш преку тоа, треба да си кажеш. Е сега, начинот на кој што го кажуваш, зависи и од човекот на кој што му кажуваш. Ако е некој љутко/љутка, па се лути за секоја ситница, тогаш тоа што ти пречи кај него/неа треба да го нашминкаш малце, но сепак да си го кажеш.
Има начин како да го извртиш муабетот, да му кажеш што ти пречи, а сепак да биде прифатено во позитивна смисла а не како навреда. Тоа не е некоја виша математика, тоа е културен начин на комуникација, кој според мене секој би требало да ја користи.
 
Nessa ок поента даде на почетокот за големината на партнерот и дали тоа ни пречи, но постои опцијата (најчеста) дека партнерот после извесно време од почетокот на врската ја постигнал таа несразмерна форма, значи на стартот бил складен после се влошиле работите, дали во правење на костур или во зголемување на килажата. И мислам дека е човечки и поздраво да се реагира, наместо да се тапша по рамо, не се секирај супер си.
 
Да бе, сега ако е голема како трактор јас ќе ѝ кажувам дека изгледа како фиќо.Епа не оди тоа така, второ тоа е истото што јас го говорев претходно.Друго, гледај да не бидеш толку искрен, било каде.Нема тука „брутално искрен“ само во одредена област.Искрената личност е искрена личност во сите области, а денеска многу многу и не чини да бидеш искрен, било каде, зошто луѓето се „мајстори“ во злоупотребување на искреноста.
Дури и по коментарите на останативе можеш да заклучиш дека искреноста и не им е баш најомилена работа на сите.
Се помешавте малку со термини со тоа што сакаше да каже Curious.
Ако типката те праша на што личи, ти посекако нема да кажеш дека е фиќо но и трактор не доаѓа на повидок туку ќе кажеш да поведе малку на себе внимание. Ова зборам за врска која е веќе посеризна, каде ти типката ја имаш ќарено во друг надворешен изглед што по околностите што и налагаат, таа малку се распуштила. И пак ќе кажам едно е да бидеш брутално искрен, тоа ако е во шега - најчесто е заебанција која не се прифаќа (нормално ако знаеш каде да ја спуштиш, но ако е покажана на осетливо место, нема аир од неа. Ти со тоа што ќе кажеш еве рецимо на некоја цура што идете заедно долго време (како примерот погоре) но таа не е по шегите и малку и` треба да се потпали фитилчето (сепак тоа го знаеш), стравуваш врската да ја ставиш во Минато свршено време. За нив треба тактика. А ако се има љубов, се има и начин.
 
Јас мислам дека идеален тајминг за да и кажеш на жена дека се здебелила или дека е дебела е за време на секс.Си пробал?:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom