Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    762
Имаше уште пред две недели видеа од фаб-1000, 3000, 5000. Ама такви уште не се користени.

Нема како да ги фрлат тие. Треба авион да отиде до Киев за да ја фрли.
 
Не е баш позитивен сигнал тоа што треба балистички ракети да се купуваат од Иран.
Не е точно ова. И САД зависи од чиповите на Тајван, а секогаш кога напаѓала нации, секогаш во коалиција составена од вазали напаѓа. И не само тоа, САД купуваше од Русија па и уште сигурно купува метали и останати минерали за да ги произведе своите оружја. Ако се евтини оружјата и ефикасни, зошто да не ги купи Русија?
 
Иранциве заслужија една нуклеарка да им дадат Русите.

Али шала на страна, Украина е одлично место покрај руско и западно оружје да се тестира еве иранско оружје а зошто да не и кинеско, индиско итн. Може и неколку набљудувачи да дојдат од таму да земаат забелешки.
 
Иран е многу потценет како воена сила. Дроновиве иако им се од скутер моторчиња внатре, али се ефикасни као никои други, тотален гејм чејнџер у војнава. И на украинциве им даваа такви типови, али тоа шо можат иранскиве тешко друг дрон да направи.
 
Нема како да ги фрлат тие. Треба авион да отиде до Киев за да ја фрли.
Јасно ти е дека огромен број цивилни жртви ќе има доколку ги фрлат врз Киев?

Не те сметам за крвожеден лик, незнам што ти е целта на коментаров.
 
Не е баш позитивен сигнал тоа што треба балистички ракети да се купуваат од Иран.

Иран е Руски должник, од времето кога Иран беше под санкции од САД и од ЕУ па РФ увезуваше нафта од Иран, ја преработуваше и ја (пре)продаваше како своја/Руска.

Тековно, Русија и Иран се во добри односи, а тие односи, како што покажува политичката пракса, се одржуваат на повеќе начини, а еден од нив е „на ти го-дај ми го„, односно развивање двонасочна трговија, која на прв поглед е штетна за една од страните, во случајов, за Русија, но ако Русија од Иран набави оружје кое за Русија е тековно потребно и дововолно евтино (пред Русија да почне да го произведува самостојно), не гледам проблем ако Русија купува оружје од Иран па и од С. Кореја, ако е потребно и корисно во војната во Украина...

Плус, познато е дека Русите ги немаат развивано сите видови на модерни оружја, така да со увоз може да се намали таа Руска слабост...
 
Не е баш позитивен сигнал тоа што треба балистички ракети да се купуваат од Иран.
Викаш имаат снемано Русиве а ?
Многу бе песимиста си ти, ко да седиш во Кремљ и све негативно го туркаш секој мал сегмент.

Еве и доритосиве што ги купија каков сигнал е според тебе? Резултатите нема да ги коментираме бидејќи по автоматизам и тие се негативни во твојот буквар.
 
Нов симбол за заедничките дивизии на Русија и Белорусија.. муабетот е дека следниот голем напад ќе биде на Чернив, и по долж на Дњипро/ Днепар, да се отсечат од дотур на оружје и секаква помош украинците на исток од Дњипро.
Тоа ќе биде епик заобиколување. Се чекаше и есента поради падот на лисјата од дрвата и шумите, и неможноста за заседи на украинците.
 
Немаат техничка можност за тоа. Пресметај колкава територија е тоа. И колкав број на трупи се потребни за тоа.

Логистика и заштита на истите рути. Плус дефанзивна линија која тешко дека можат да ка бранат со овие трупи.

Тоа е веќе ескалација од епски размери.
 
Викаш имаат снемано Русиве а ?
Многу бе песимиста си ти, ко да седиш во Кремљ и све негативно го туркаш секој мал сегмент.

Еве и доритосиве што ги купија каков сигнал е според тебе? Резултатите нема да ги коментираме бидејќи по автоматизам и тие се негативни во твојот буквар.

Зошто побогу би купувале балистички ракети од Иран ако имаат доволно. Нели Русија е мајката на ракетната технологија. Не мислам дека имаат снемано, ама мислам дека имаат дојдено до некој минимум испод кој не смеат да си дозволат да одат, во случај на поголема ескалација на конфликтот.

Истото е и со доритосите. Нив ги користат за цели кои претходно беа таргетирани со крстосувачки ракети. Тоа не значи дека не се корисни. Ама значи дека е тенко со ракети.
Автоматски споено мислење:

Јасно ти е дека огромен број цивилни жртви ќе има доколку ги фрлат врз Киев?

Не те сметам за крвожеден лик, незнам што ти е целта на коментаров.

Киев е пример. Нека е каде било на друго место. Тие бомби се free fall и за се искористат треба авион/бомбардер да дојде на местото и да ги фрли. Нешто што не е можно да се случи.
 
Зошто побогу би купувале балистички ракети од Иран ако имаат доволно. Нели Русија е мајката на ракетната технологија. Не мислам дека имаат снемано, ама мислам дека имаат дојдено до некој минимум испод кој не смеат да си дозволат да одат, во случај на поголема ескалација на конфликтот.

Истото е и со доритосите. Нив ги користат за цели кои претходно беа таргетирани со крстосувачки ракети.
Тоа не значи дека не се корисни. Ама значи дека е тенко со ракети.
Автоматски споено мислење:

Киев е пример. Нека е каде било на друго место. Тие бомби се free fall и за се искористат треба авион/бомбардер да дојде на местото и да ги фрли. Нешто што не е можно да се случи.

Зошто не е можно да се случи?

Кажи ми колку чини еден Руски крстосувачки проектил и еден доритос, те молам.

После тоа кажи колку чини еден балистички проектил Ирански и еден Руски.

Чисто за споредба.
 
Врска со набавката на балистички ракети на Русија од Иран: Несомнено е дека секоја залиха на оружје е ограничена како во Русија така и во западните држави. Русија полека се префрла на воена економија со зголемено производство на оружје,а според извори блиски на истрагата фокусот е ставен на далекоментни ракети. Сепак, процесот на производство е поврзан со време,а во меѓувреме Русија користи оружје што може да го набави на пазарот,а парите не им се проблем бидејќи имаат суфицит во буџетот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom