Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    777
Конвеционално ќе ги нападнат??
Прво со кое оружје, источниот блок нема уште многу техника а западниве секако не се спремни за војување со РФ. Второ, како директно војување меѓу две нуклеарни страни нема да заврши нуклеарно, една од државите ќе одбере да употреби нуклеарки пред да се помири со пораз.

Или ЕУ пак јадат гомна со празни закани. Лошо, пошто ваков brinkmanship е увертира во пропаст. Армагедон.
Украина ќе се претвори во местото на финална пресметка. Уствари веќе се претвора. Тактичка нуклеарка нема ништо да промени, само ќе убрза.

А членот 5 не може да се активира ако се работи за друга држава. Мислам дека ќе влезе некоја НАТО земја во војна во Украина.
 
Треба да земете во обзир дека има задкулисна дипломатија, Тоа што кажал Борел или Медведев е фолклор за публика.
Нити некој ќе ја уништи Русија, нити па Русија нуклеарки ќе фрли.
Целта им е економски да ја паднат преку долга војна и санкции и да насадат Јелцин.
До сега не успеваат.
 
Актуелна е свинска чума во Македонија,превентивно се уништуват свињите..планирајте за Нова Година 1000денари кило свежо месо или од на Вице пајдашите замрзнато бразилско 500 денари/кг
Фак, тек треба да ме викаат да идам по свиња. Ваљда ќе завршам работа на време. :-/
Автоматски споено мислење:

Ова не може да го има само кај нас, само соседиве не се глупи да пријавуваат... И зошто не ни дадат licence to kill за дивите свињи, тие се главните преносители. Башка намножени се како никогаш.
 
А членот 5 не може да се активира ако се работи за друга држава. Мислам дека ќе влезе некоја НАТО земја во војна во Украина.
Чуму кога во 9 од 10 сценарија исходот е MAD??
Што е end game, пошто ако тоа е армагедон тогаш зошто компликации наместо само јако да удрат први?

Ми нема никаква логика ова. Јасно дека има многу што не знаеме, ама сепак.
 
Треба да земете во обзир дека има задкулисна дипломатија, Тоа што кажал Борел или Медведев е фолклор за публика.
Нити некој ќе ја уништи Русија, нити па Русија нуклеарки ќе фрли.
Целта им е економски да ја паднат преку долга војна и санкции и да насадат Јелцин.
До сега не успеваат.
Не само што не успеваат, туку им се враќа од глава рапидно и многукратно. Сепак ескалација станува се пореална можност од ден на ден. Иначе и јас мислам дека Русија нема да употреби тактичка нуклеарка во Украина,
Автоматски споено мислење:

Чуму кога во 9 од 10 сценарија исходот е MAD??
Што е end game, пошто ако тоа е армагедон тогаш зошто компликации наместо само јако да удрат први?

Ми нема никаква логика ова. Јасно дека има многу што не знаеме, ама сепак.
Или тоа или да прифатат пораз. Јас мислам курбан Полска и Романија да одат.
 
Не само што не успеваат, туку им се враќа од глава рапидно и многукратно. Сепак ескалација станува се пореална можност од ден на ден. Иначе и јас мислам дека Русија нема да употреби тактичка нуклеарка во Украина,
Јас не верувам во ескалација, максимум што можат е да ја полнат Украина со уште оружје.
Мора да има остра реторика, никој неќе да испадне слаб пред своите.
Ќе има може како мостот Крим нешо, али дека НАТО ќе пушти бригади преку Полска не ми е веројатно.
На кого му одговарал крај на светот?
 
Или тоа или да прифатат пораз. Јас мислам курбан Полска и Романија да одат.
Ваљда не и Романија (преблиску е), ете од балтичката боранија може (добра чорба) добар пример да се направи.
 
Јас не верувам во ескалација, максимум што можат е да ја полнат Украина со уште оружје.
Мора да има остра реторика, никој неќе да испадне слаб пред своите.
Ќе има може како мостот Крим нешо, али дека НАТО ќе пушти бригади преку Полска не ми е веројатно.
На кого му одговарал крај на светот?
Нема да е крај на светот ако Полска влезе во војна надвор од нејзината територија.
Автоматски споено мислење:

Ваљда не и Романија (преблиску е), ете од балтичката боранија може добар пример да се направи.
Полска и Романија одговараат бројчано за глинени гулаби. И во Русофобија.
Автоматски споено мислење:

Иначе само во Запорожје има 5000 Полски војници, неофицијално.
 
Дроновите се ново оружје и сеуште нема ефективна противодбрана,
во Нагорно Карабах азерите имаа екстремна доминација, затоа и ептен се изрекламираа Бајрактарите, во Либија беа пата пата, едните имаа турски, другите кинески, со по некој современ ПВО и сл.

Во Украина имаме сосема друга ситуација и двете страни имаат солидно ПВО, еден куп МАНПАДи, за големите дронови може да се каже дека е најден лекот, сериозна армија нема да има никаков проблем, Бајрактари којзнае дали и има сега во Украина, проценките се дека имаат изгубено повеќе од 70 па до 100 (300 и кусур се произведени).

Проблемот останува кај малите дронови, тие летаат многу ниско и чинат премалку, што без проблем можеш да губиш и илјадници дневно, без да имаш некаква финансиска загуба,
ете иранските чинеле 20000 долари/евра, еден Стингер дупло, а на пример АјронДом што некој го споменуваа како можно решение има ракети од милион, прати му 50 камикази и нека проба да преживее.

Во иднина сигурно ќе се најде адекватно решение за дроновите, знаете за првпат кога ги измислиле тенковите ПСВ биле нешто страшно (иако не биле ефикасни тогаш).

Можеби ласерското вооружување е решението, дроновите летаат ниско/блиску, нема да има некоја атмосферска пречка како што има сега на тестовите за ракети/авиони кој летаат на голема висина и се направени од материјали кој издржуваат повеќе топлина.


Далеку сме од ласери уште 20-50 години според она што го знам.

Ефективно оружје за малите дронови е електро магнетен пулс кој би онеспособил за лет , таргетиран пулс на одредена далечина. Второтo решение е некоја упростена варијанта на C-RAM tactical air defense systems. За да можат овие ситеми да работат соодветно е да има радар кој ќе ги насочува еден ваков вид е Micro dopler radar кој е доста успешен во детекција мали дронови до 5км. Кој сака повеќе да дознае.


Допрва ќе гледаме системи за одбрана од swarms од дронови. Рекордот е 3106 дрон во воздух во ист момент а според анализи 100 се доволни да направат една база да западне во хаос.
 
Иранскиве дронови можеле да се блокираат?
Site dronovi mozat da se blokiraat. Dronot, kakov saka neka e, americki, kineski, ruski, iranski, turski mora nekako da komunicira so operatorot inaku e samo naveduvan proektil.
Dovolno e da mu ja poprecis komunikacijata i tolku. Dodusa malce pokomplicirano e od ova no da vo teorija toj e nacinot. Jako elektromagnetno pole da go ugusi i tolku od nego. Nesto kako ajde blokator za mobilni.
 
Денес заврши едномесечната обука на украинските војници во Шпанија за користење на противвоздушниот систем Aspide кој ќе им биде даден од шпанците.

Што се однесува до иранските дронови велат дека биле лесни за соборување.

Баш овие денови Нато расправа како да се помогне на Украина.
Никој и не вика дека дроновите се тешки за соборување (освен вие за Бајрактарот), големите дронови чинат многу Бајрактарот 5 милиони, америчките неколку 10-тици милиони, кинеските се поефтини по милион,
кај овие дронови немаш масовно производство, малите дронови можеш да ги штанцаш како амерот доларот и нема да ти е проблем да ти го рокнат, 20 илјади спрема 5 милиони не е исто.

Незнам зошто толку се палете дека новата ПВО ќе биде решение, Украина имаше повеќе слојна ПВО останата од СССР, ама таа се троши, истрелана ракета не се враќа назад, Украина нема фабрики за производство, се гребеше до сега ама изгледа се при крај штом удрија толку квичење.

Еве спомнаа погоре, колку ракети ќе и даде Холандија, 15 ако се Патриот, колку добија од Германија, 3 камиони, колку ќе и даде Шпанија не знаеме, за да има 100% погодок се пукаат 2 ракети на една цел, оти ниедна нема 100% успешност.

И сега доваѓаме до клучната поента што ја спомнав и во претходниот пост, цената на ченење на една ракета која е многу поскапа од онаа што ја пука противникот пр. Калибар е поефтина од Патриот а има мала шанса да ја бутне од прва,

Со појавата на малите (камиказе) дронови кој не чинат ништо и можноста за масовно производство еден сам систем Патриот... станува безкорисен, ќе пратеш 100 дрона кон една цел, овој и да собори 50 со 50 ракети, пак ќе има доволно останати дронови кој ќе ја погодат целта, тоа се вика презаситеност на противничката одбрана.

Таква стратегија користеа русите претходните денови, пукаа со стари ракети, ја презаситија одбраната и пак си ја погодија целта, имаат во изобилие Точки кој не се баш прецизни, ама од каде ќе знае операторот на ПВО каква ракета е испукана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom