Ја верувам дека тоа им беше првичната цел во првите неколку денови од војната. Ако не го сменат Зелински, барем да ја сменат ситуацијата на терен до тој степен што Зелински ќе мора да ја промени надворешната политика за 360 степени. Мислам дека и првичниот план на движење на руската војска иде во таа насока, затоа што претпоставувам дека очекувале хаос во украинската команда на почеток. Дури да се расчисти тој хаос, операцијата би била fait accompli, па на украинската војска како организирана целина, би и останала опцијата пасивно да гледа и да чека да се "демилитаризира".
Не викам дека тоа било изводливо, ама ми изгледа дека тоа била целта на првичниот high risk high reward дел од операцијата. Веројатно е и дека разузнавачките служби потфрлиле со извештаите за тоа што е изводливо на терен, на што упатуваат чистките во ФСБ.
Иначе, мене ми нема логика јуришот на некои од нивните најдобри единици на северот на Украина, надвор од опсегот на нивната логистика, оставени да претрпат тешки загуби, ако целта била само ослободување на Донбас. Украина во Донбас, од почетокот на војната ги има своите најдоби единици. Ако они беа целта нападот ќе се одвиваше нешто слично ко офанзивата која сега се очекува. Десетина илјади жртви и стотици парчиња на воена техника, жртвувани како мамка, за сега да го спроведуваат тоа што можеле да го спроведуваат на почеток на војната. Мене тоа ми е малку веројатно.
Скоро сигурно е дека Русите имаа некој почетен план, кој не им успеа.