Препишување туѓи заслуги...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Една од работите кои од секогаш ме вознемирувале е препишувањето туѓа заслуга на свое име.
Неколку пати се имам соочено со овој проблем. На почетокот ќутев и оставав работите да се одвиваат онака како што сакаше личноста која си ја препишуваше заслугата на свое име. Меѓутоа научив дека треба да застанеме цврсто на она што сме ние, и да се бориме за она што сме го постигнале.
Дали е ова една бедна човекова особина која се јавува како последица на неможноста за сопствен успех, па се посегнува кон крадењето на туѓиот труд?
Или пак е позитивна особина која е од големо значење за оние кои умеат да ја искористат за да го добијат она што го сакаат на полесен и поедноставен начин?
 
Сите би земале се за се да постигнат.
If you're not a bitch you'll be a whore. :pipi:
 
Сите би земале се за се да постигнат.
If you're not a bitch you'll be a whore. :pipi:

Каква лоша генерализација. Има и такви кои би биле курви пред кучки, тоа е сигурно. Светов е пореметен во последно време, но тоа не значи дека можеме да си земеме слобода сите луѓе да ги ставиме во една иста гнасна канта за ѓубре.
Иначе, секако дека препишувањето туѓи заслуги е бедна човекова особина и во никој случај храбра и позитивна, која не би можел секој да ја има. Всушност, можеби и треба да си храбар за да бидеш толку беден и неспособен, ама таквата храброст сигурно не е таа што би сакала да ја имам некогаш.
 
Тесла рекол: Не ми е криво што луѓето крадат мои идеи, криво ми е што немаат свои

И јас се држам до тоа....
 
Тесла рекол: Не ми е криво што луѓето крадат мои идеи, криво ми е што немаат свои

И јас се држам до тоа....

Преубава мисла...
Понекогаш и ние свесно не сме срчани во одбрана на своите идеи...
 
Шо!? Некој да препише на свое име некоја моја заслуга,ма има да му е*ам матер у пи*ка,ќе го/ја утепам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom