Прегорени од работа?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Кајгана насловна напиша:
Дури 77% од луѓето се чувствуваат хронично изморени од работата, 14% признаваат дека работат и преку викенди, а 44% од нив и дома размислуваат за работата или работат заостанати задачи.
preg1.jpg

Последиците од премногу стрес и тоа како влијаат на здравјето, па затоа не треба да се потценуваат сигналите кои ви ги праќа телото. Поради премногу работа, може да опадне имунитетот, а стресот на работа е поврзан и со појава на мигрена, проблеми со варењето, болести на кожата, висок крвен притисок и болести на срцето.
"Горењето" на работа е одговор на стресот, а последиците се чувство на беспомошност, безнадежност, фрустрираност... Но, важно е да се знае дека настанува во тек на подолг период, па потребно е да се препознаат првите симптоми.
Доцните на работа и гледате на часовникот
Претходно, на работа доаѓавте пред време и полни со елан и желба за нови задаќи. Сега, одвај станувате од кревет и на работа заминувате со "грутка" во желудникот, а откако ќе пројде пладне постојано го погледнувате часовникот и одвај чекате да си заминете дома. Подобро речено, ги броите минутите до крајот на работниот ден.
Апатијата го заменила ентузијазмот
Не сте мотивирани, не барате нови предизвици и цели.
preg2.jpg

Се помалку се дружите со колегите
Доручекот со колегите порано ви претставуваше задоволство и со радост заминувавте на доручек или на кафе со нив. Сега, воопшто немате желба за дружење ниту во канцеларија, ниту надвор од неа.
Чувствувате физичка болка
Постојано се чувствувате исцрпено, имате главоболки, се чувствувате напнато и имате проблеми со спиењето. Овие физички симптоми се први знаци на предупредување кои укажуваат дека стресот на работа би можел да предизвика сериозни физички и психички проблеми.
Доколку ги имате овие симптоми, време е за промени. Поразговарајте со шефот или со некој од човечки ресурси. Видете дали дел од вашата работа може да му се додели на некој друг, или барем да се одложи извршувањето на некои задачи.
Еве уште неколку проактивни чекори кои треба да ги превземете доколку сакате да го сочувате вашето здравје:
Научете да речете "не".
Преиспитајте ги своите цели.
намалете ги обврските на работа.
Одмарајте се и јадете здрава храна.
Земете одмор и дајте му на вашето тело шанса да се наполни со енергија и да одмори.
линк

Ви се случува ли ова?
Дозволувате ли бидете роб на работат? Воркохолик? Постојано уморни?
 
Не работам, но имам некои хонорарни активности кои прават секогаш да сум кнап со време. Најголемиот недостаток од тоа е што го чувствувам е недостатокот на сон. И тогаш џабе ми е се. Мозокот едноставно не ми функционира.А инаку, сум воркохолик неопислив, кој не знае што да прави ако 90 посто од денот не му е работен.
 
да дозволам да сум роб на работа-НИКОГАШ,да сум постојано уморен сум ама не до толку а тоа се должи на премалце спиење во деновите кога сум на работа и тогаш осеќам потреба за спиење и одмор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom