T
Tetro
Гостин


Европската комисија одлучи од денеска на аеродромите во Европската унија официјално да смее да се користи контрола на патниците со помош на скенер.
Патниците ќе мораат да влезат во кабина со големина колку телефонска говорница, да ги рашират нозете, да ги подигнат рацете и да бидат подложени на таканаречени терахерц зраци.
Станува збор за мали радарски уреди што емитуваат одреден сигнал, а потоа примаат рефлекси. После тоа се создава виртуелна слика на монитор на кој може да се види дали лицето кое се проверува под облеката носи опасни предмети.
Предност на новата техника е следната: за разлика од детекторот за метали, скенерите за тело може да откријат и течност, прав и ножеви со керамичка острица – значи сите потенцијално опасни предмети што не содржат метал.
До одлуката за воведување на вакви скенери дојде откако пред две години е спречен напад на линијата Амстердам-Детроит. Тогаш 23-годишен патник од Нигерија успеа да прокриумчари експлозивна супстанца во авион.
Уредите брзо почнаа да ги нарекуваат “скенери за соблекување до гола кожа“, пренесува германското државно радио “Дојче веле“.
Европската комисија заради тоа одобри користење на скенерите на европските аеродроми само под строги услови. Така, забрането е извршеното скенирање да остане сочувано на серверот.
Патниците, исто така, имаат право да одбијат ваков начин на контрола, односно имаат право да побараат проверка со вообичаените методи.
Европската комисија, заклучи дека “безбедносниот скенер“, како што официјално е наречен, не смее да претставува опасност за човечкиот организам.
Научниците, пак, се’ уште не го дале својот конечен суд. Резултатите на една европска студија покажуваат дека при користењето на скенерот не се забележани биолошки ефекти настанати со зрачењето.
Моментално, според наводите на Европската комисија, само Велика Британија и Холандија ги користат овие скенери, а Италија и Франција изразиле интересирање за нивно воведување.
ЕК ги повика сите земји членки на Европската унија новата метода за контрола на патниците да ја воведат до крајот на април, 2013 година.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=95740&kategorija=6