Префрлање на валути

  • Креатор на темата Креатор на темата VremeE
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
570
Сите настани во последно време поврзани со Грција и Еврозоната укажуваат на тоа дека еврото е на пат да изгуби добар дел од својата вредност во однос на другите валути. Без да шпекулирам што ќе се случи со еврозоната и ЕУ во блиска иднина, и поради тесната поврзаност на денарот со еврото, ми текна дека нема да биде лошо да префрлам дел од резервите што ги имам во некоја друга, колку-толку стабилна валутa која нема да падне заедно со еврото.

Прашањето ми е: која, освен доларот? CHF? GBP?
 
Шпекулација.Резерви мислиш на евриќи , ти најдобро знаеш што е најдобро за тебе другото е се гола вода.позз се надевам дека постот е од помош.(Без лоши нечесни намери)
 
Има тема ФОРЕКС. Ама ајде долари само. Порано се исплатеше јени и швајцарци ама сега нема смисла веќе.
 
Вложи ги во недвижнини или стави ги како краткорочен депозит во денари..
 
FOREX колку што знам е тргување со (парови на) валути.. го сфаќам принципот, ама не ме интересира. Јас сакам дел од овие евра што ги имам по дома да ги префрлам во долари и (по можност) уште една друга валута.. знаеш, don't put all your eggs in one basket.

За првото, малку пари се во прашање.
За второто: која би била поентата кога денарот е врзан со еврото, а јас гледам да го избегнам баш тоа? Ова не е реторичко прашање, може стварно имам пропуштено нешто битно.
 
Значи како прво доколку настрада еврото тоа не значи по дифолт дека и денарот ќе трпи.девалвација на денарот тешко.второ до кај 1000000 денари ти се сигурни пари за кои гарантира државата, а и каматата не е лоша.
истот така добра опција би ти била и осигурување.
 
FOREX колку што знам е тргување со (парови на) валути.. го сфаќам принципот, ама не ме интересира. Јас сакам дел од овие евра што ги имам по дома да ги префрлам во долари и (по можност) уште една друга валута.. знаеш, don't put all your eggs in one basket.
Исто е Форекс, со тоа што сакаш да го направиш. Немој ништо друго освен долари.
 
Сите настани во последно време поврзани со Грција и Еврозоната укажуваат на тоа дека еврото е на пат да изгуби добар дел од својата вредност во однос на другите валути. Без да шпекулирам што ќе се случи со еврозоната и ЕУ во блиска иднина, и поради тесната поврзаност на денарот со еврото, ми текна дека нема да биде лошо да префрлам дел од резервите што ги имам во некоја друга, колку-толку стабилна валутa која нема да падне заедно со еврото.

Прашањето ми е: која, освен доларот? CHF? GBP?
Купи ЗЛАТО и СРЕБРО, само на тоа му расте цената...
 
Купи си плац. Цената некад не му паѓа, никој неможе да ти го украде или сл... коа ќе ти требаат пари може да го шитнеш и по повисока цена од онаа по која што си го купил или евентуално иста.
 
Како не може да ти го украде?Си слушнал за двајца со имотен лист за ист плац.Во Македонија се се може само правда не се може
 
УС Доларот ти е одличен исто така и Британската фунта, Канадски и Австралиски долар,за јен и франк ти е касно нема смисла сега, норвешката валута мислам дека исто е супер ама од кај би ја купил немам поима
 
Зошто за франкот е касно? Ако сакаш да профитираш од него да, но за безбедност на средствата и диверзификација на ризикот, франкот е одличен избор.
 
Франкот е врзан за евро на 1.20 така да исто ти е дали имаш денари евра или франци. Разликата е во шансата да го тргнат врзувањето ама тоа не е реално да се надеваш. Друга разлика се каматните стапки за денарот се највиски. Така да најдобро ти да имаш денари во банка. Аустралиски Долар и Канадски се друг добра можност обично растат во однос на денарот.Американскиот долар расте за време на криза инаку паѓа. За долгорочно штедење најдобар ти е денарот. Втора можност ти се австралиски и канадски долари.
 
Каде е врзан франкот за еврото, во Македонија или ЕУ и Швајцарија?
 
Back
На врв Bottom