Стрелец
El Mariachi
На 3 април 2008 година, во весникот „Шпиц“, во текстот под наслов „Назад ни е зимата“ Бранко Героски изнесе многу конкретни предвидувања за тоа што ќе се случи со Македонија во месеците по самитот на НАТО во Букурешт.
Предвидов на 3 април 2008 година:
1.
Првата реакција ќе биде наплив на силни антигрчки емоции. Ние се чувствуваме понижени од постапките на нашиот сосед (...) Антигрчката кампања уште повеќе ќе ја загрози нашата меѓународна позиција, бидејќи ќе ја потврди тезата на грчките лидери дека Македонија е воинствен и непријателски расположен сосед. Тоа, пак, ќе ги влоши шансите за конструктивен компромис, во ситуација кога Алијансата сепак ни остави отворена врата.
2.
Националистичката реторика од милошевиќевски тип ќе стане основно обележје на политичкиот живот во земјата. Медиумските труби на власта ќе сторат се Македонците да поверуваат дека се „небесен“ народ, дека се самодоволни, дека можат да живеат јадејќи корења, дека политичката изолација во димензијата простор можат да ја совладаат со авантури во димензијата време, нуркајќи кон своето античко минато (...)
3.
Крилја ќе добијат евроскептиците, луѓето кои отворено се залагаат нашата земја да не биде членка на НАТО и на Европската унија (...) Мислам пред се на невините жртви на антинатовската кампања на власта, која се води со верба и надеж, што би рекол Груевски, дека Македонија може да стане просперитетна и богата земја (како Швајцарија) дури и ако не биде дел од процесот на интегрирање на Европа во единствен безбедносен, економски и политички простор (...)
4.
Владата ќе развива неплодни концепти како да извлечеме некаква добивка од оваа ситуација, тужејќи ја Грција во Хаг за прекршување на Привремената спогодба и покренувајќи постапка во Светската организација за отфрлање на референцата БЈРМ (...)
5.
Никола Груевски, човекот алфа и омега на македонската политика, ќе се обиде и мислам дека ќе успее да ја наметне идејата за предвремени избори. Македонија ќе стане ковачница на политички страсти, ќе се потроши огромна енергија која инаку би можела да се употреби за консолидација на нашата меѓународна позиција и за продолжување на евроинтеграцискиот процес.
6.
Отворените прашања поврзани со спроведувањето на Охридскиот договор ќе се развијат во меѓуетничка криза. Во отсуство на цврста меѓународна позиција (тоа ќе значеше поканата за НАТО), оваа влада нема капацитет да ги реши тие прашања и да ја менаџира кризата.
7.
Политичките турбуленции, меѓуетничката криза и општата националистичка хистерија можат да доведат до влошување на односите со Албанија и со Бугарија (...)
А и со Србија ќе се скараме, кога ќе го признаеме Косово, што пак ќе мораме да го сториме, ако сакаме да имаме каков таков мир со Албанците дома.
8.
Македонија нема да го одржи потребното ниво на поддршка од своите моќни западни пријатели, какво што има денес (...) За жал, Македонците не сфатија колку беше значајна поддршката од Буш, па го навредуваа не само Метју Нимиц, туку и Даниел Фрид и Викторија Нуланд и многу други кои се обидоа да ни помогнат. Кога ќе престанат да се обидуваат, позицијата на Грција во НАТО и во ЕУ ќе биде уште посилна.
9.
Во ваква атмосфера, мислам дека во Македонија ќе зајакнат недемократските и антилибералните концепти. Ќе бидеме сведоци на груби обиди за заведување цензура, на загрозување на темелните политички слободи, на јакнење на државниот интервенционизам во економијата, на загрозување на секуларниот карактер на државата и на развој на многу други концепти карактеристични не само за конзервативизмот туку и за деспотизмот во политиката.“
Ете, така пишував пред десет месеци. Денес можам да кажам што сум среќен, но не поради тоа што прецизно ги предвидов неповолните процеси, туку зашто сепак не се остварија некои од моите најцрни прогнози. Благодарејќи на трпеливоста на лидерите на Албанците во Македонија, меѓуетничка криза не се случи. Одржавме пристојни односи и со нашите соседни земји, со исклучок на Грција. Наспроти ова, националистичката еуфорија во земјава и драматичното влошување на нашата меѓународна позиција ги надмина моите очекувања, а како и многу други аналитичари, не ја предвидов ерупцијата на глобалната рецесија.
И сега, пак ќе бидам невнимателен, ќе ризикувам и ќе се обидам да предвидам што ќе се случува со нас во месеците по претстојните претседателски и локални избори, дури и без оглед на резултатот.
Предвидувам сега, на 7 февруари 2009 година
1.
Портата на Европската унија цврсто ќе се затвори. Освен Хрватска, сите други претенденти ќе ја чекаат ратификацијата на Лисабонскиот акт. Дури потоа Брисел ќе ја редефинира политиката на проширување, при што не е исклучено се погласни да бидат залагањата за создавање своевидна бафер-зона за новите апликанти, во облик на преодно или неполноправно членство во друштвото на привилегираните.
2.
Нема да станеме ни членка на НАТО. Спорот со Грција нема да се реши. Ова е кризна година и за Скопје и за Атина. Во двете метрополи нема да има волја за компромис. Ќе се преговара колку да се рече дека се преговара. Инаку, решението на спорот веќе е познато, а го соопшти и Меѓународната кризна група - Македонија треба да прифати сложено име за меѓународна употреба и за возврат да добие цврсти меѓународни гаранции за својот идентитетот. Да бевме паметни, сега тоа ќе беше завршена работа.
3.
Владата на Груевски ќе продолжи со својата „политика за антиквизација“ на Македонија (токму грдо име за уште погрда политика!). Но, мислам дека многу брзо ќе се разјасни која е вистинската цел на таа авантура, која уште повеќе ќе го влоши имиџот на Македонија во светот. Ќе изгубиме уште многу пријатели, а тоа ќе и даде аргумент повеќе на Грција да се обиде да го блокира процесот на симнување на шенгенските бариери за Македонците.
4.
Илузијата за самоодржлива Македонија, земја која може да опстане изолирана од светот, брзо ќе се распадне под налетот на светската економска криза. Земјава ќе ги исцрпи своите скромни внатрешни резерви и експресно ќе се соочи со големи проблеми во економијата. Илјадници луѓе ќе ги изгубат своите работни места, а многу повеќе ќе осиромашат. Работата ќе биде уште пострашна ако до крајот на годината не паднат шенгенските бариери. Луѓето нема да можат да побараат работа и леб во соседните земји. Македонците ќе ги изгубат своите надежи, ќе завладеат летаргија, чувство на бесперспективност и апатија.
5.
Се уште тврдам - а би сакал да згрешам! - дека ваквите неповолни трендови можат да доведат до нова меѓуетничка криза. Не верувам дека албанските лидери предолго ќе пактираат со Македонците, ако албанската етничка заедница во Македонија остане изолирана, како сега. Не е исклучено чарето привремено да се бара во уривањето на границите меѓу Македонија, Албанија и Косово, во создавањето „мини шенген зона“, која во митските претстави секако ќе биде доживеана како „Голема Албанија“. Како тоа ќе го проголта вмровската влада на Груевски, навистина не ми е јасно.
6.
Конечно, недемократските, деспотски и антилиберални концепти, на кои предупредував пред десет месеци, ќе земат замав и ќе бидат преточени во конкретни политики во сите сфери на општествениот живот. Сепак, очекувам тие да се соочат со жесток отпор на прогресивните и либерални сили во македонското општество.
Дали ќе се остварат овие прогнози? Се разбира дека тоа не мора да се случи. Познатиот филозоф Хана Арент вели дека предвидувањата на иднината не се ништо друго освен „проекции на сегашните автоматски процеси и процедури, кои веројатно ќе станат настани, ако луѓето не дејствуваат или ако не се случи нешто неочекувано“. Секоја акција, кон полошо или кон подобро, секој инцидент, вели Арент, „неминовно ја уништува рамката во која се движат предвидувањата и во која тие го бараат свој доказ“. Со други зборови, ако сакаме да ја смениме рамката што процесите ги прави лесно предвидливи, ако сакаме да го смениме текот на настаните, треба - да дејствуваме.
На Македонија и е неопходна нова рамка, една нова приказна. Очекувам и посакувам претстојната кампања да го означи нејзиниот почеток.