Предлог за промена на работното време на угостителските објекти

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
http://vesti.alfa.mk/News.aspx?id=92782#.VTp3b5OxKb8

Угостителските објекти кои се наоѓаат во станбени згради ќе треба да работат еден час помалку односно до 23 часот. Во деновите петок и сабота, како и за државните празници ќе можат да работат до 24 часот се предлага во новите измени на Законот за угостителска дејност, а се должи по зголемениот број на пријави од граѓани до министерството за внатрешни работи, кои се жалат за гласната музика во угостителски објекти, во време кое е наменето за одмор, но и за непочитување на работното време.

Најнезадоволни од зголемената бучава се граѓаните кои живеат во урбаните градски средини.

Во текот на 2014 година до МВР има поднесено 714 барања за поведување прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир, учество, предизвикување или поттикнување тепачка, вознемирување со гласна музика, фрлање, кршење на разни предмети, карање, викање и непристојно однесување.


Што мислите за овој предлог, сакаме да промовираме туризам, бенефиции за мали бизниси а од друга страна затворање кафич во 11 навечер, особено загрижува работно време за викенди до 12 часот, треба за викедни после полноќ да е право мртвило по градовите.

Зарем не би се регулирало тоа подобро со забрана за гласна музика, а не за целосно затворање на кафиќ? Но, како и по обичај, „одбраните“ локали ќе поминат без проблем, пак некои други ќе наебат.

Еве пример, во Кавадарци има еден кафиќ во центарот на градот, кој делот за паркинг и автобуска постојка го окупира како свој приватен за гостите, а тротоарот на улицата е летната бавча на кафиќот, што прави физички невозможно да поминеш по тротоарот а да влезеш „внатре во кафиќот“ меѓу гостите и персоналот. Самиот кафиќ е во приземје на зграда, само неколку метри под становите на први спрат, како преживуваат луѓето за викедни таму само они знаат. Но знаејќи го газдата на локалот, тешко ми е да верувам дека и поригорозен закон од овој предложениов нешто ќе смени за конкрентиов објект.
 
1. Помалку профит за угостителите, помалку приходи во Буџетот на РМ. А во угостителството се вртат и тоа какви пари.
2. Не се почитувало работното време? Дали заради непочитување/неприменување на еден закон, треба да се менува друг? И дали промена на овој Закон гарантира дека ќе се почитува работното време?
3. Бука има, но не во сите кафичи, негде музиката е потивка. Обично таму каде што се прават журки пуштаат погласна музика. И тоа е регулирано, е сега не сум сигурен во кој закон беше (дозволени толку и толку децибели). Али ја не сум чул да казнуваат за тоа, обично само опомени даваат (ако воопшто доаѓа полиција). Посебно кафичите чии сопственици се на „списокот“. Демек ако работат до 23, а не до 24, помала бука ќе има?
 
Затоа на запад или исток си има разлика меѓу станбени, индустриски, рекреативни комплекси. И ајде кажи како може човек да се одмори и да спие навечер а утрото е на работа ако во приземје јачи музика.
 
Затоа на запад или исток си има разлика меѓу станбени, индустриски, рекреативни комплекси. И ајде кажи како може човек да се одмори и да спие навечер а утрото е на работа ако во приземје јачи музика.
Затоа, у станбена зграда, потивка музика, а у кафич што е оддалечен од станбена зграда, може и погласна. Типичен пример за гласен кафич ми е Дежа ву, прегласна е музиката, особено во петок пошто има афтер-ворк, па после афтер-афтер-ворк. Најблиската зграда е оддалечена некои си 20-30 метри, али некад се слуша докај мене во маало, да речеме некои си 500 метри
Од друга страна, пример за кафич кој не е во близина на станбена зграда (не сум 100% сигурен, поправете ме ако грешам), а е со гласна музика, е Чикаго.
 
Прееска слушав на Телма,не знам зошто и на фб и тука некој упорно не ја дава целосната слика за било која работа...

-Тој закон нема да биде за СИТЕ кафичи,туку оние што се во станбени згради
-Зошто ? бидејќи наводно станарите се бунеле од гласна музика,ќе викнеле џандари,ќе стишеле музика,ама галамата останувала(викање,пцуење)
-Посебно неподносливо(како што кажа еден од граѓаните во таа дебата) било за викенди
-Се предвидувало со тој закон,да се бара согласност од 51% од станарите за кафичот
-И после ова,следува тој дел,да се пушта музика до 11 саат.
 
Реално поради корупцијата во општинските редови имаме кафиќи во стамбени згради, без соодветна изолација.
Закон како закон нема ништо да смени, бидејќи кај нас законот не владее.
Но, ваквото лудило може да се спречи од самите станари со разни подли трикови, како на пример истурање на стара расолница, стари јајца, привлекување на стаорци во близина на кафиќот и гостите сами ќе си одат, па "газдата" ќе биде приморан да го затвори од економски причини.
 
Реално предлогот не е баш медиумски истражен, во самиот закон треба точно да се прецизира што значи угостителски објект покрај стамбен објект- во самата зграда, близу зграда и куќа, колку близу итн.

Не сметам дека е решение оти и сега ако не се лажам законски е регулирано колку бучава смее еден објект да создава, па дали кафиќ работел до 17,00, 22.00 или 3 сабајле неме некоја разлика, огромна бучава смета во било кое време.
 
Ја ги мислев за попаметни, ама ок. Не им е ситуацијава баш за навлекување гнев од младината која им е јако наапана последно време, а е најзасегната од вакви работи.
Али добро, големи се они си знаат.
 
Затоа, у станбена зграда, потивка музика, а у кафич што е оддалечен од станбена зграда, може и погласна. Типичен пример за гласен кафич ми е Дежа ву, прегласна е музиката, особено во петок пошто има афтер-ворк, па после афтер-афтер-ворк. Најблиската зграда е оддалечена некои си 20-30 метри, али некад се слуша докај мене во маало, да речеме некои си 500 метри
Од друга страна, пример за кафич кој не е во близина на станбена зграда (не сум 100% сигурен, поправете ме ако грешам), а е со гласна музика, е Чикаго.
Тоа Дежа ву треба да се затвори и да се забрани таков сељачизам со закон... Фали да постават маси уште на автобуската за сликата да биде комплетна...
 
Сосема е Ок еден кафич преку работната недела да работи до 11 саатот навечер, а за викенд до 12 саатот навечер. Исто така тоа може да се регулира и на друг начин, т.е. да се пушта потивка музика која нема да ги ремети станарите, посебно болните лица кои најчесто тоа се постарите и родителите со бебиња. А кој сака да ужива во гласна музика нека се упати во дискотека/ноќен клуб или во кафана каде освен во гласна музика ќе биде и во опуштена атмосфера.

Но кога човек подобро ќе размисли, повторно ќе излезе работата вака.....
...Но, како и по обичај, „одбраните“ локали ќе поминат без проблем, пак некои други ќе наебат...

:)
 
Нашиот принцип е закачи се со некоја нова болест па после пробувај да се излечиш.
До 11 кафичи - за се друго тука се Сител и Канал 5.
Повраќањица интелектуалци.
 
А проблемот може многу лесно да се реши. Нека постават додатна звучна изолација (е да, ама за тоа треба да вложат пари, а никој не сака денар да потроши) и плус нека се мери звучното загадување. Доколку надмини одредена граница (во децибели), нека следува опомена, казна итн. Може и на пример во зависност од периодот во денот да се ограничи гласноста. Па нека работи барот ако сака и до сабајле 24/7
 
На вемето кафиќите работеа до 10, фајронт веќе во 9 ипол
Зборам за СФРЈ
излегвавме кај 6 - 7 поручек и кај 10 ипол 11 дома. Следниот ден веќе во 7 сабајле, наспани за на школо и за на работа.
Во тоа време Македонија имаше многу поголема вработеност, многу помалце криминал, многу повеќе фабрики, добро средено здравство и социјално и мир

Јас живеам на први спрат во куќа. Во 1 сабајле почнуваат да идат чупиња со таксија раскикотени, по улици си довикуваат и се поздравуваат, кај 2 идат мачките екои пеат од далеку па ги слушам 10 минути како идат и заминуват, некогаш ќе застанат на улица и мислат дека се уште в кафиќ раскажват се смеат се довикуваат.... Одвај чекам зима да им студи и одма дома да влезат, се случва и до 5 сабајле групи млади да си прат гласен муабет на улица
 
А проблемот може многу лесно да се реши. Нека постават додатна звучна изолација (е да, ама за тоа треба да вложат пари, а никој не сака денар да потроши) и плус нека се мери звучното загадување. Доколку надмини одредена граница (во децибели), нека следува опомена, казна итн. Може и на пример во зависност од периодот во денот да се ограничи гласноста. Па нека работи барот ако сака и до сабајле 24/7
Кој сака да ти вложува пари, сите сакаат само да печалат. Да почнат да ги затвараат кафичите што не се по стандарди уште првиот ден пола ќе бидат под клуч.
Јас сум да работам до сабајле макар и во дворот да ти биде, ама да биде направено, да се види дека има пари вложено, а не го адаптирал станот за кафиќ, фатил врски за дозвола и после се жалеле граѓаните.
Проблемот не е во кафиќите, туку тие што даваат дозволи и затоа имаме вакви глупи решенија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom