Јас песната на Деса поетеса ја прочитав на окно и мислев дека е заебанција, дека овие од окно ја имаат измислено, а тоа стварно да ти било нејзино дело.
За неупатените еве ја песната во целост:
ИЗБОРОТ Е МАКЕДОНИЈА!
Еден е патот до успехот
на сите им покажавме,
со дела вредни за народот
НАЈДОБРО се докажавме.
Ние знаеме, ние можеме
преродбата да ја продолжиме,
изборот е Македонија,
за довербата ќе се оддолжиме.
Повисоки плати и пензии,
задоволна администрација,
модерно здравство и образование,
ние сме среќна нација.
Патишта нови изградивме
и многу фабрики се отворија,
со проекти достојни за почит
пишуваме нова историја.
Игралишта за децата,
тие иднината наша се,
грижа за старите лица.
Македонија изборот е.
Со субвенции земјоделството
храбро го стимулираме,
со проекти младите ги мотивираме,
културата со гордост ја афирмираме.
Насмевката на лицата ја вративме
и во светот порака испративме,
еден дом, една држава и името едно е,
ние знаеме, ние можеме-Македонија изборот е!
Инаку Деси е страшно изненаЃена и увреЃена и ќе ги тужи и окно и либертас и а1.он.мк и плусинфо.