Преболена љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Tender Girl
  • Време на започнување Време на започнување
Ljubov koja sum ja cuvstvuvala kon odredena licnost,no poradi razni mozni pricini zavrsila ...cao prijatno :toe:
 
Преболена љубов - било некогаш љубов, но завршило. Кога една рана ќе зарасне, престане да боли, со тек на времето постепено почнуваш да ја забораваш или барем не е дел од твоите мисли, секојдневие, сегашност и иднина, како тогаш би било рана? Како тогаш таква љубов би била ЉУБОВ? Не! Љубов е чувство кое трае, постои, кое те прави да се чувствуваш жив. Чувство кое ти дава мотивација за формирање визија за иднината. Чувство која те прави сликар на сопствената сегашност во која постоите само ти и тој! Се друго е минато, нешто што поминало и заминало.
 
Кога ќе се завртиш назад, погледнеш и кога со насмевка ќе речеш: тоа беа времиња... е тогаш е преболена љубов. А се додека на минатото се гледа со муабети од типот “нејќам да го/ја видам, не ми го/ја спомнувај “ и тн, сеуште боли, сакале да признаеме или не.
 
Не мора да значи.Баш напротив може да збориме за љубов,само што таа не била правилната,не била вистинската и таа што требала да биде.
Не е љубов.Ако е преболено вистински,не е љубов.Било љубов,но веќе не е.
It must have been love..but it's over now...
Може да ти значи,да ти биде драг како особа,но ако си го преболела вистински нема да имаш силни емоции или љубов.
Потполно се согласувам. Само многу е лошо да ти се случи тоа додека си во самата врска, односно уште не е прекината, а не е тоа - тоа... не е љубов дефинитивно.
 
Јас под преболена љубов подразбирам силна љубов која јако те повредила во минатото и ти си се соочил/а со проблемот,а после тоа стануваш индиферентен/индиферентна кон личноста која те повредила.Секогаш кога ке ја погледнеш таа личност,ке ти се враќа филмот како ви било во минатото заедно ,а после тоа следи „тоа било и поминало“...
 
За да имам болка треба да имам физичка повреда па да преболам, нема болување и преболување.
 
За мене преболена љубов е многу позната појава..значи се заљубуваш во некоја личност искрено и колку и да пробуваш да ја заборавиш , таа ти се навраќа во мислите - тоа е непреболена љубов,но за да е преболена треба да ја одсакаш,да си кажеш самиот на себе дека таа не е за тебе , и од неа можеш да очекуваш само повреда..ништо озбилно.
 
Преболена љубов е кога ќе ти биде буквално сеедно за се. Сеедно дали ке го сретнеш или не, сеедно дали е со друга или не, сеедно дали е добро или не... Уствари кога ке престанеш да мислиш на некого, а кога ке ти текне ќе ти биде сеедно :nesvest:
 
Преболена љубов е кога ќе те боли курот за неа.
Хмм..честа појава..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom