Правосуден испит

Луѓе морам да ве прашам, пред недела дена поднесов документи за упис во именик на приправници, ама од после дознав дека требало некаква легитимација за приправник да ни дадат за што не ми кажаа ништо во комората. И сега незнам дали да одам до кај нив ,или пак праќаат преку пошта...
Искуство некој со ова имал?:unsure:
мене ми стигна преку пошта.
Колеги правници, едно прашање до Вас.
Дали со заведен полн работен однос по завршување на мастерот може да се пријави во Адвокатска комора и да тече стажот за правосуден?
може
Здраво,

Ми претстои полагање на Правосуден испит во Февруари. Ме интересира дали се полага само теоретски дел или и студија на случај?
И ако се полага студија на случај, дали пак е нешто со понудени опции и заокружување или како?
Исто ме интересира дали може да се користат некакви материјали за време на полагање или не?
Исто колку прашања треба да бидат точни за да се положи?
Благоддарам однапред.
Арсенија
Прво полагаш 5 теоретски испити и ако ги положиш сите имаш право да полагаш двата студии на случај што се, се полага и студија и теоретскиот дел компјутерски со понудени опции од кои само една е точна( најблико би било да се каже дека е на заокружувањње), трето за време на полагање на теоретскиот дел неможеш да користиш ништо материјал, додека за студии на случај ти се достапни сите закони кои што ти се потребни, и четврто за теоретскиот дел мислам дека требаше да ти бидат точни 37 од 50 прашања, додека за студија на случај да ти бидат точни 5 од 6 за да положиш.
И со среќа, крши нозе
 
Здраво. Ако може одговори на моиве прашања ве молам членови на форумов.
Неколку месеци поминаа откако магистрирав на Јустинијан Први работам натаму наваму што ќе стигнам за некој денар ама сега сакам да стажирам. Но немам информации околу некои работи па ако може да ми се објаснат некои работи.
1. Прашањето ми е дали откако со овие мои завршени 5 години магистратура можам да стажирам или да бидам приправик кај адвокат во адвокатска канцеларија, или нотар во нотарска канцеларија или кај извршител или некаде во некоја правна фирма да стажирам, и дали за стажирањето од 1 година колку што е потребно за да можам да полагам после правосуден испит, дали за таа една година стажирање освен што ќе ми тече работен стаж дали ќе добивам од адвокат, нотар, извршител или правна фирма и некој минимален симболичен паричен надомест за пат и храна (неколку илјадарки) колку да не е без ич.
2. И дали јас ќе стажирам таа една година и ќе бидам стажирант или ќе се водам како приправник ако може појаснување.
3. Еден мој пријател после 5 години магистратура оди кај адвокат ми кажа дека адвокатот ништо не му плаќа ниту еден денар и плус дури сега трошоците за придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување не се на товар на адвокат како порано, туку сега тие трошоци ги плаќа државата а адвокатите ништо не плаќале за тие придонеси, и пак адвокатот на пријателот ниту денар не му плаќа месечно.
Дали е така кај сите адвокати или едноставно мојот пријател таква среќа имал да налета на таков адвокат. Дали другите адвокати плаќаат некој денар за патни трошоци и храна кога веќе по ново не плаќаат ништо за придонеси?
Искуства ве молам да ми споделите. Благодарам однапред.
 
После магистрирање можеш да почнеш да стажираш во суд, обвинителство, адвокатска, нотарска или извршителска канцеларија, каде што ти е потребен стаж од една година за да се стекнеш со право за полагање на правосуден испит.
Можеш и да работиш како што викаш во правна фирма, али во правни субјекти различни од овие кои ги напоменав ти треба стажирање од две години за да се стекнеш со право за полагање на правосуден. Разгледај го Законот за правосудниот испит и ке ти стане јасно.
Во зависност кај ке стажираш, зависи и дали ке добиваш некој надомест. Во суд и обвинителство и слични државни правосудни органи не добиваш никаков надомест, за разлика од порано кога даваа по 4.000 денари месечно за трошоци.
Во адвокатска канцеларија даваат до 6.000 денари негде, во зависност од адвокатот/ите, и градот. Јас зборувам за Скопје, за другите градови не сум запознаен.
Кај нотар и извршител можно е да се договори и нешто поише, минимална плата или нешто над неа, али пак и тоа зависи.
Ти можеш и да си вработен во адвокатска канцеларија со плата и платени придонеси согласно Законот за правосуден испит али итро си изиграле од Адвокатска комора, па бараат потврда дека си невработен од Агенција за вработување за да можеш да се упишеш во Комората како адвокатски приправник.
Во принцип не стапуваш во работен однос, туку си стажант, без платени придонеси.
 
Има некој информации дали има некакви промени во програмата за полагање на правосуден испит?
Или важи истата што кружеше на нед последниве година две?
 
Програмата последен пат е сменета април 2015 и околу 20-30 прашања трудово. Декември се додадени уште милион студии на случај кои важат од оваа сесија, но програмата не е сменета
 
После магистрирање можеш да почнеш да стажираш во суд, обвинителство, адвокатска, нотарска или извршителска канцеларија, каде што ти е потребен стаж од една година за да се стекнеш со право за полагање на правосуден испит.
Можеш и да работиш како што викаш во правна фирма, али во правни субјекти различни од овие кои ги напоменав ти треба стажирање од две години за да се стекнеш со право за полагање на правосуден. Разгледај го Законот за правосудниот испит и ке ти стане јасно.
Во зависност кај ке стажираш, зависи и дали ке добиваш некој надомест. Во суд и обвинителство и слични државни правосудни органи не добиваш никаков надомест, за разлика од порано кога даваа по 4.000 денари месечно за трошоци.
Во адвокатска канцеларија даваат до 6.000 денари негде, во зависност од адвокатот/ите, и градот. Јас зборувам за Скопје, за другите градови не сум запознаен.
Кај нотар и извршител можно е да се договори и нешто поише, минимална плата или нешто над неа, али пак и тоа зависи.
Ти можеш и да си вработен во адвокатска канцеларија со плата и платени придонеси согласно Законот за правосуден испит али итро си изиграле од Адвокатска комора, па бараат потврда дека си невработен од Агенција за вработување за да можеш да се упишеш во Комората како адвокатски приправник.
Во принцип не стапуваш во работен однос, туку си стажант, без платени придонеси
.

Имам едно прашање. Дали стапувањето во работен однос е исто со стажирањето, во поглед на исполнувањето на законскиот критериум од 1/2 години пракса?
 
Па да.
 
Здраво идни адвокати, судии, јавни обвинители.
Темата е малце OFF TOPIC, меѓутоа ме интересира околу условите за Академија за судии и јо. Работен стаж од 2 години на правни работи, што се се смета за такво? Дали само кај адвокат, суд или јо или пак може и државен орган, приватна фирма и слично?
 
Колеги, слушнав дека има можност со молба да се обрати кандидат до министерот за правда да му се овозможи полагање на правосудниот и пред навршување на една година стаж во суд, ЈО и сл. Дали некој знае како иде и дали е можна таа постапка?
 
Има можност, ама скоро секогаш одбиваат. Ептен ако имаш јаки врски. Инаку поднесуваш молба (со твои лични податоци) дека немаш сеуште завршено една година стаж и дека ти преостанува (ќе пишеш колку ти фали) уште толку и толку време. Ќе доставиш во прилог и потврда за дотогашниот стаж. Мислам дека молбата треба да ја доставиш кога се поднесува барање за полагање (околу месец дена пред испитната сесија).
 
Stazirav kaj advokat i pomina Edna godina denes. Imam potvrda deka sum zapisam vo imenikot na pripravnic, kako I legitimacija. Za da polagam pravosuden treba li nova potvrda da dobijam od akrm deka sum staziral Edna godina ili pak se prijavuva pravosuden so ovaa potvrda koja ja imam?
 
Прашај си во Министерство за правда дали ќе ти дозволат со потврдата што ја имаш, и сега зависи што пишува на потврдата која ја имаш, ако пишува дека си обавил стаж од 1 година од тогаш до тогаш, тоа е во ред и ќе ти ја примат, ако потврдата е само констатација дека си запишан во именикот, тогаш ќе треба нова потврда каде точно ќе биде наведен стажот.
 
Pisuva deka sum zapisan od 20.09.2017...epa zosto ni gi davaat ovie potvrdi so legitimacija ako ne se upotreblivi
 
За да се легитимираш пред судот или други државни институции доколку ти побараат при вршење на обврските доделени од адвокатот.
Но, сепак за најсигурно телефонски или директно прашај во Министерство за правда дали ќе ти ја прифатат оваа потврда која моментално ја имаш или ќе треба нова потврда дека стажот ти започнал од 20.09.2017 и траел 1 година заклучно со 19.09.2018 година.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom