Правниот систем во Р.Македонија (либерален или конзервативен)

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување

Како ја перцепирате правната рамка во Р.Македонија?


  • Вкупно гласачи
    24
Поповски никогаш не ми сметал, човекот има неверојатни познавања од историја на право, ама не е Светомир Шкариќ. :)
Сецкани делови и прекопирани членови за да се добие наводна демократска основа, да се трансформира системот без да се анализираат условите за неговата адаптибилност не прави добар Устав.

Шкариќ не би се сложил со тебе, 100000000% ти тврдам..

Башка Шкаро го дели мислењето дека Уставот е солиден (не зезај Бадентер му е другар!), а да не зборам тоа што он во суштина е и поборник на тоа дека Уставот е менлива категорија, па кој и да е устав треба да трпи промени - тоа е нужност... ;-)
Шкаро да признае и да се залага за тоа дека Уставот како пишан документ е еден позитивно-правен Титан, пфффф кај ќе му е нему крајот! :vozbud:
 
Јас мислам дека правниот систем во земјава спаѓа во нешто друго, нешто недефинирано и необјасниво. Или поточно би му одговарал терминот „каша попара“.

Ќе те замолам Леандра да наведеш барем два примери за ова што го кажа.
 
Шкариќ не би се сложил со тебе, 100000000% ти тврдам..

Башка Шкаро го дели мислењето дека Уставот е солиден (не зезај Бадентер му е другар!), а да не зборам тоа што он во суштина е и поборник на тоа дека Уставот е менлива категорија, па кој и да е устав треба да трпи промени - тоа е нужност... ;-)
Шкаро да признае и да се залага за тоа дека Уставот како пишан документ е еден позитивно-правен Титан, пфффф кај ќе му е нему крајот! :vozbud:
Тврдење од типот на неменлива категорија? :) Каде побогу ме виде да го спомнам тоа ...
Исто како што ќе се сложи дека Уставот е солиден. ;)
 
Тврдење од типот на неменлива категорија? :) Каде побогу ме виде да го спомнам тоа ...
Исто како што ќе се сложи дека Уставот е солиден. ;)

Не реков дека го спомна, таман работа.. хех... само ти изнесов негови лични ставови изнесени на хартија, предавања и консултации ;)

А она што го реков е дека тврдам оти Шкаро не би се сложил со тебе... со оглед на она што го изнесе, како изгледа нашиот Устав. „Поповски никогаш не ми сметал, човекот има неверојатни познавања од историја на право, ама не е Светомир Шкариќ. :)
Сецкани делови и прекопирани членови за да се добие наводна демократска основа, да се трансформира системот без да се анализираат условите за неговата адаптибилност не прави добар Устав.
А тоа подолу го пишав за да потврдам дел од неговото гледиште и ништо повеќе .... :)
 
Правниот систем во Р.М е ваков :
Ако имаш пари, никогаш нема да одиш во затвор.
Ако си Албанец никогаш нема да одиш во затвор.
Ако си сиромашен Македонец ќе одиш во затвор дури и да не направиш ништо незаконски.
Па сега вие видете си дали е либерален или конзервативен.
 
Ќе те замолам Леандра да наведеш барем два примери за ова што го кажа.

Веднаш :)
Имаш бизнис во Македонија и доаѓаш до спор со друго правно лице. Единствениот легален инструмент ти е да ја тужиш фирмата и да си ги вратиш парите. Си фаќаш адвокат, си плаќаш административни такси и тужиш. После 6 месеци од судот те известуваат дека правното лице е со блокирана жиро сметка и нема средства од каде да се наплати делото. Случајот се решава што те ставаат на листа за чекање за наплата...се разбира прилив никогаш нема да има.И твоите пари едноставно горат.
И ти си седиш дома сам и си размислуваш за правниот систем.
Вториот пример го има во темата за убиството на Мартин Нешковски, тука нема што да објаснувам.
Трет пример е експресна завршница на судски спорови за новинари, опозиционери, луѓе кој се против власта. А дела од типот на вработените ја тужат фирмата поради неплатени придонеси и плати траат од 1995 година и до ден денес нема решение.
Четврт пример се стечајните управници и бивши транзициони фаци кој се избегани од државава по добиени пресуди, а они се во соседните земји професори на факултети или локал бизнисмени и никој не ги чепка.
Па Димитри ти гледаш ли логика во правниот систем или не гледаш?
 
Република Македонија брзајќи да го хармонизира законодавството со она на Унијата ( што е случај и со другите земји претеденти за членки ) како да ги заборава своите традиции врз кои со години овој народ живеел и ги градел своите навики. А, сето тоа на крајот резултира со квази закони кои не се почитуваат од граѓаните. Типични примери беа законите за заштита на здравјето во однос на пушењето цигари на јавни места, забраната за продажба на алкохол во вечерните часови, возењето на дневна светлина со запалени светла...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom