D
Drexel
Гостин
Дап, убаво си кажа/знаеш. Прв циклус (3 год, 180), мислам дека нема диплома бидејќи уште никогаш не ми дале.
Со втор циклус, т.е. втора година (240 кредити) треба да ти дадат и уверение прво, а потоа и диплома, ама ја еве малтене веќе 9 месеци чекам да ја добијам некогаш таа позлатена хартија.
Ме нервираат до бескрај значи сакам да си ги завршам додипломските студии за кои ми следува диплома по нивното завршување. Зошто треба да запишувам втор циклус мастер студии да платам 1000 ЕВРА (по 500 за два семестри) само за да добијам диплома од ПРВ циклус додипломски, Абе оваа е ТОТАЛЕН АБСУРД. Преку глава ми е вакво иживување, ако не запишеш втор циклус мастер и платиш €1000 фактички ти пропаѓаат додипломските студии и не добиваш ништо освен евтино парче А4 хартија свежо од принтер во студентски, и џабе си кршел глава 3 години. Сум видел тоалетен папир со по дебела хартија и издржливост од оваа уверение што го имам сега.
Те сфаќам во целост... Ама од овој факс нишо не очекувај.
Не знам дал си го начекал системот со електронски колоквиуми, со тоа фамозно електронско досие на Рашковски, не знам дал си чекал недела дена по 2 саати да начекаш проф, шо не враќа на меилови... Ехеее, имав ја доста за два тома книги да пишам, ама тоа е, сеа остана уште тоа позлатеното ливче наречено диплома да го зеам и да се спасам одреден период од овде.
Убави спомени
ај со среќа на сите.