ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Планирам да се запишам на мастер казнено. Е сега го гледам списокот на предмети и не ми е јасно кој од кој семестар е, кој е задолжителен, кој е изборен. Ако може некој да ме оправи би било супер :)
Прати ми го списокот на предмети и ќе ти кажам кој е задолжителен, а кој изборен и по семестри како се распоредени.
 
Прати ми го списокот на предмети и ќе ти кажам кој е задолжителен, а кој изборен и по семестри како се распоредени.

Казнено право - посебен дел
Судско право
Малолетничко казнено право
Криминологија
Меѓународно казнено право
МОДУЛ А
Казнено материјално право-применета програма
Економско казнено право
Пенологија
Компаративно казнено материјално право
Медицинско казнено право
МОДУЛ Б
Казнено процесно право-применета програма
Посебни казнени постапки
Криминалистика
Правда и внатрешни работи на ЕУ
Компаративно казнено процесно право


И мнооогу благодарам!!!
 
Ми останаа 3 предмета за презапишување, септември месец уплатив тоа е2 семестар и не успеав да ги положам во јануари предметиве и со тоа сега морам да ги презапишам, е сега сакам да прашам дали пак треба да плаќам е2 за да можам да ги полагам?
 
Здраво, дали некој може да ми каже на што највеќе да обрнам внимание по предметите Право на интелектуална сопственост и Арбитражно право(Деловно право)
 
Дечки треба да избирам уставно право да полагам или кај проф. Марика Ристовска или проф. Каракамишева. Која е полабава, кај која се врви подобро?
 
Казнено право кај Тупанчевски се 2 колоквиума или овој колоквиум е влезен? Исто ме интересира како се поминува на усен колоквиум кај него?
 
Кога отприлика ќе ги објават конкурсот и првиот уписен рок за Правен Факултет?
 
Дали некој знае какви се вежбите по Општ дел на граѓанско право во 6та и 12та недела?
 
Луѓе, некој цивилно општество знае што прашања даваат на колоквиум?
 
Дали некој знае какви се вежбите по Општ дел на граѓанско право во 6та и 12та недела?
Од практикум ќе ви бидат, услов е едната да ти е положена за на испит да идеш. Обично треба да решиш случај или да наведеш норми. Не е тешко.
 
Дечки здраво!
Дипломиран сум на ОКК (240 кредити) и размислувам да запишам едногодишни постдипломски на односи со јавност. Дали можете да ми дадете одредени насоки, информации и сл.?
 
Здраво дечки.
Дали ќе може некој доколку има прашања Арбитражно право за испит(мастер Деловно) да ми прати?
Тенкс.
 
Дечки дали знаете кога ќе почне мајската испитна сесија?
 
Вака да прашам нешто доколку не запишеш семестар веднаш ли ти престанува статусот на студент и дали може наредна година да продолжиш? Јас не бев во можност да запишам семестар и побарав мирување на студии, ама тој што ги подготвува решенијата направил некоја грешка и 5 пати бев на факултет и никако да средат морам да одам надвор од РМ и не знам што да правам, дали наредна година ќе можам да продолжам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom