Економика, најтежок и ако ти се падне Томислав Гроздановски за професор, ондак ултра тежок ќе биде. Ептен “терсење“ професор, тешко дава бодови за активност, глупи теми за есеј... Шансата е кај асистентката само...
Вовед во право, мене ми се предаваше Тасковска, и немавме целосен учебник, т.е. првиот колоквиум учевме од извадоци од некој постар учебник, вториот од скрипти. Исто и таа е терсење професор за поени, но бар предметот е ептен лесен, и дава лесни колоквиуми каде што имаш еден логичен одговор и 4 други кои немаат врска со правото.
Историја и Социологија мене ми беа лесни, ма да знам дека имаше доста студенти кои испопаѓаа социологија, но на крај ги „пушти“.