Правење сопствено пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Или нарачуваш од надвор, или (како што кажаа еден пост погоре) молиш некој да ти донесе, или... сам си садиш:

http://www.popularmechanics.com/home/how-to-plans/lawn-garden/how-to-grow-your-own-hops-15908319
http://www.brewgeeks.com/grow-hops.html

Евентуална алтернатива ќе имаш ако/кога еден колега форумџија ќе отвори продавница за вакви работи.
Молењето си е редовна пракса али пак не е тоа тоа.
За садење немам каде, порано со двор се обидуев ама док стигнат тие за садење или скапани или избиени кутијата полна корења ама мртви +2 недели транспорт не преживуваат.
Пробуев од словенија и хрватска не бива, сега у стан нема каде на балкон немам место ни за фикус.
Мислев да не зимате од пивариве или некоја продавница да не има.
 
Не успеав да најдам прему пивара, не продаваат така а никој не може постојано да ти „набавува„ од некои магацини.
Продавница за матријали, за правење пиво, сеуште нема... но еден кајганџија најави можно отварање. Подетално не можам да ти кажам ништо, евентуално ако тој самиот не каже кога ќе ги прочита постовите од темава.
 
абе да ве прашам нешто од кавадарци сум незнам од каде да најдам хмељ помош?
 
Заборавете на ова.
Според законите на ЕУ производство на алхолол од страна на физичко лице е илегално.
 
мање битно ако можете да ми дадете некоја информација каде би имало такво нешто
 
абе да ве прашам нешто од кавадарци сум незнам од каде да најдам хмељ помош?
Најблиску што знам е Белград, за материјали за правење пиво. Или да нарачаш од нет. Или семе/расад да најдеш, па сам да си го произведуваш.

Овде нема да најдеш наменски пивски хмељ. За медицинска употреба има во билна аптека, ама нема да имаш поим каков вкус ќе има, колку IBU горчина ќе има... :(

Пиши што ќе направиш, баш ме интересира.
А слад имаш? Од каде набавуваш?
 
овие пиварите кај нас сите ли состојки ги увезуваат ли? не верувам дека ќе им се исплаќа така, а можеби затоа и е толку скапо пивото кај нас.
сигурно овде може да да се најде хмељ и се останато потребно, само треба да се бара
 
за слад можеш да користиш разни врсти на жито има продавници ги продаваат или пак ако има некој по некој села во близина што садат жито, а ако не најдам хмељ ке пробам без тоа со други билки или таканаречено gruit beer да направам. Од нет да порачам најефтино што најдов до сега е 100$ shipping а хмељот кошта 10$ така да не ми е исплатливо...
 
Сакаш да кажеш дека сам ќе направиш свој слад?
Само напред. Јас се обидов, и нема да те обесхрабрувам со моите искуства - пробај па кажи како си поминал.

gruit бил многу популарен пред хмељот да стане популарен. Има рецепти на нет, само што најверојатно добиениот фермент по вкус нема да наликува на тоа што сме израснати да очекуваме на вкусот од пиво.

Нејсе, тоа е излишен муабет за почетник. Хмељ и медицински можеш како за почеток да бапнеш.
Сладот ќе ти биде прв и основен проблем.

овие пиварите кај нас сите ли состојки ги увезуваат ли? не верувам дека ќе им се исплаќа така, а можеби затоа и е толку скапо пивото кај нас.
сигурно овде може да да се најде хмељ и се останато потребно, само треба да се бара
Без навреда, но ти или немаш поим за што зборуваш - или можеби знаеш нешто што не го знам јас. Во кој случај те замолувам да ги споделиш информациите каде во Македонија може да се купи слад? И пиварски хмељ? И разни видови квасци за ферментација на пивото?

Од опремата, ај садови има во Меркур, стаклени од 20-тина литри. Ама S филтри со затварачи, деловите за racking, итн итн.
 
Сакаш да кажеш дека сам ќе направиш свој слад?
Само напред. Јас се обидов, и нема да те обесхрабрувам со моите искуства - пробај па кажи како си поминал.

gruit бил многу популарен пред хмељот да стане популарен. Има рецепти на нет, само што најверојатно добиениот фермент по вкус нема да наликува на тоа што сме израснати да очекуваме на вкусот од пиво.

Нејсе, тоа е излишен муабет за почетник. Хмељ и медицински можеш како за почеток да бапнеш.
Сладот ќе ти биде прв и основен проблем.

Без навреда, но ти или немаш поим за што зборуваш - или можеби знаеш нешто што не го знам јас. Во кој случај те замолувам да ги споделиш информациите каде во Македонија може да се купи слад? И пиварски хмељ? И разни видови квасци за ферментација на пивото?

Од опремата, ај садови има во Меркур, стаклени од 20-тина литри. Ама S филтри со затварачи, деловите за racking, итн итн.

значи сигурно проверено кај нас нема ништо од потребните состојки?
тие работи не се одгледуваат или прават кај нас?

да не се ни обидуваме тогаш да правиме сами пиво
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom