Правам забава преку Skype! Герила маркетинг!

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Правам забава преку Skype Автор: Дамјан Арсовски Објавено на: 29.09.2009
tihomir_skype_m.jpg
Тихомир Цветкоски е 24 годишен музичар од Прилеп кој свири и пее во живо на секаков вид на веселби... но тоа го прави на еден поинаков начин - преку Skype. Го пронајдовме неговиот оглас на сајтот Reklama5, a бидејќи идејата на овој интерактивен музичар ни звучеше креативна и интересна, направивме интервју...
Тихомир, кој свири на клавијатури од својата 7-8 годишна возраст, идејата за правење свирки преку Skype ја добил барајќи некој нов и поинаков начин да ја работи својата работа и да се истакне како музичар, а ја реализирал преку поврзување на својот инструмент со компјутерот и подесување на дополнителни микрофони. Неговиот, слободно може да го наречеме веб 2.0 проект, го работи веќе половина година и досега се покажа како профитабилен. Има свирено преку Skype на над 40 родендени, седенки, слави и друг вид забави...
"Најчести муштерии ми се македонските иселеници во САД, Канада и Австралија, додека кај нас сеуште овој метод на работа не е прифатен целосно од луѓето, но според моите очекувања тоа набрзо ќе се смени." - вели Тихомир.
tihomir_1.jpg
Тихомир не е аматер музичар, тој соработува и со македонските естрадни личности како Рубинчо Благадуша, кој е прогласен како најдобар дебитант на овогодинешниот фолк фестивалот Охридски Трубадури.
Ангажирањето на еден ваков музичар преку интернет воопшто не е ефтино. Тихомир наплаќа по 100 долари од час за македонците во странство, додека за ангажман во државава, неговата цена изнесува по 1.000 денари/час.
Примерот со Тихомир и изведба на музика во живо преку Skype е одличен пример за искористување на алатките и можностите кои ни ги нуди интернетот. Во светот, постојат многу вакви слични примери, луѓето преку Skype одржуваат и часови за пеење, учат странски јазици, вежбаат математика и физика и др..
 
Цар е дечково.

Инаку, оригиналниот оглас.

untitledsls.png


* фрц 100 евра на камера му покажуваш и почнува јако да свири *
 
ја па реков да го додадам одма да ми отсвири нешто он наплаќај 100 долари:baeh:
 
Интересен концепт. Памтам на времето имаше специјални телефонски броеви, ѕвониш и ти почнува саканата песна, слушаш 3 минути и ти наплаќаа од телеком 5 денари мислам (регуларниот импулс беше 3 минути = 0,5 денари).

Интересен начин да се исползува современата технологија. Само ме интересира како оди наплатата за свирењето. PayPall, MoneyBookers? Пара на рака, Мара за рака..
 
Само си заработува за живот на свој начин, ништо повеќе.:smir:
 
абе све убо дечкото се сетил ... али ко ќе сакам да му залепам 500 динари на чело како ќе прајме ? :nesum:
 
абе све убо дечкото се сетил ... али ко ќе сакам да му залепам 500 динари на чело како ќе прајме ? :nesum:
Ќе му платиш кредити да може да се јавува на Скајп на обични броеви хахаха

Иначе свака му част на типов, добар му е бизнисов и не е многу тежок.
 
Хах, маарко нас секојпат на скајп ни прави журки.

И не е ни дотолку скап, иако quality has it's price.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom