Прашина

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѕверот
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
2
Причина поради која сега пишува за горе наведениот наслов „прашина“ е актуелна тема низ нашиве медиуми и нивните рефлективните реакции заедно со дел од населението , после обезбедување на средства за проектот „Бошков мост “ и „Луково Поле“ .Можам да кажам дека сум работел на глобална тема енергетска зависност на Р.Македонија , па откука и мотивот за започнување на оваа дискусија , се надевам со конструктивни ставови пред се со почитување на обете страни за и против .
Целата работа започнува со „Национална Стратегија“ изработена 2010 г. од страна на МАНУ која предвидува :
ResReader.ashx


Од причина што во Р.Македонија статистиката во поглед на увозот на енергија изгледа вака :

Eнергетска зависност на Р.Македонија во текот на една деценија
2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2010 2011 2012
51,4 37,6 41,9 43,6 45,2 48,2 46,4 45,3 44,1 48,8

Се почнува со изградба на проекти за максимално користење на енергијата преку обновливи извори, дел од тие проекти поради кои се појави таа „прашина“ се:

Бошков мост
Предвидена е изградба на брана и акумулација со зафатни градби на сите притоки на Мала Река, деривациони канали, главен доводен деривационен тунел, цевовод и машинска зграда. Од страна на Европска банка за обнова и развој ЕБРД се обезбедени 60 милиони евра , истата оваа хидроелектрана треба да произведува 170 гигават часови електрична енергија . Предвидена е изградба на брана и акумулација со зафатни градби на сите притоки на Мала Река, деривациони канали, главен доводен деривационен тунел, цевовод и машинска зграда.

За оние кои го познаваат реканскиот крај , браната ќе биде изградена под селото Тресонче , а хидро централата на Бошков мост. Ова го зборувам заради таа т.н „прашина“ која се издигна од медиумите и населението во овој крај се демантира во целост затоа што водата од „Роскочкиот извор“ и „Гарска река“ се враќа во река Радика . Целиот проект може да се разгледа на веб странта од ЕЛЕМ поточно клик


Луково поле
Браната "Луково Поле" ќе се наоѓа на р. Црн Камен во нејзиниот горен тек непосредно на вливот на двете реки кои ја формираат р. Црн Камен. Средствата се обезбедени од Светска Банка 62 милиони евра и 130 гигава часови производство на електрична енергија .
Точно е тоа што ова река која ќе ја формира браната „ Луково Поле “ ќе се влева во Мавровската акумулација а потоа во Вардар . Подетелно за овој проект клик

Ако овие проекти биле предвидени во 2010 година од страна на МАНУ неморало толку рано после објавувањето на стратегијата да се реагира но зошто никој не се противеше за овие проекти пред година дена , или поради тоа што во март се спремаат претседателски избори а најверојатно и парламентарни во зависност од полiтичката ситуација ( се извинувам за напоментата на овие фактори, но се неопходни за разјаснување на причините) со цел повлекување на политички поени .
1. Р.Радика точно е тоа дека е една од најубавите бисери на националниот парк „Маврово“ која се влева во Дебарското езеро ама не е точно тоа што истата ќе биде пренасочена и ќе ја нема повеќе. Ако би ја немало , значително ќе се намали производството во ХЕЦ „ Шпиље “ како една од најефективните и ефикасни хидроцентрали во Р.М , со што негативниот ефект би го надминал позитивниот од овие две хидроцентрали .
2. Се наведува во „прашината“ дека балканскиот рис би исчезнал затоа што ќе немало доволно вода , а во горе наведените проекти добро се наведува дека ќе има испуштање на соодветно предидено количество на вода со цел да се заштити флората и фауната во овој предел , како и заштита на самиот „Национален парк Маврово“.
За уште да биде поубедливо се чека одобрување и на еколошката ефикасност , со детални еколошки анализи со цел да бидат позитивните страни поголеми од негативните и да се демантираат во целост претпоставките и недоволно аргументираните ставови на преставниците на „прашината“ која се повеќе се шири имајќи предвид колкав е процентот за манипулација со населението од овој па и било кој крај во Р.Македонија .За поголема манипулација и подршка на оние кои ја предизвикуваат се активираа и високи функционери од двете соседни земји на нашата западна и северна граница (можете да си претпоставите) ,советот на град Дебар , се разбира тука е и петицијата за прекин на градбата, организации и се разбира политички партии .
Се извинувам но во рамките на темава ќе ви дадам една емисија од еден наш „новинар“ каде се објаснува дел од горе спомнатото и истата може да ја следите до некаде 38 мин на линков.


Па форумџии , Р.Македонија неможе никогаш да стане енергетски независна земја , но конкретната зависност може во голема мера да се намали , и конечно во Македонија да се обезбедуваат пари за далеку поефикасни проекти (мое мислење пред се ).
Се надевам дека ќе излезете со конкретни ваши ставови дали сте повеќе за енергетската независност на Р. Македонија или заштита на флората и фауната (резултат прекин на градбата на овие проекти ) или нешто измеѓу .
За да биде уште поинтересно се појавија активисти на фб, со конкретна група ако сте расположени можете да продолжете на фб.
Повелете :P
 
Не ми се допаѓа воопшто што Албанија си го меша носот! Воопшто...како изгледаат речните текови во Албанија, уште тие најдоа да ни солат памет, цела држава им личи на сепарација, а ги имаат најубавите планини во Европа - примитивци тешки....ич не ги есапам во дискусијава....

Јас сум на страна на природата. Овој дел од Македонија ми е омилен, има посебен амбиент и вреди да се зачува. Потегот Шар Планина, Кораб, Дешат, Јабланица многу често и со задоволство го посетувам (до сама граница, како планинар) и мислам дека со седење во канцеларија и носење такви идиотски фараонски одлуку без да се земе предвид природното богатство е непоправлив потег - нема враќање.

Не случајно Калигула си го назначил коњот за сенатор - нашиве министри коњи да беа, ќе сфатеа дека треба малку мозок да се уклучи за да се извршува функцијата. Арогантно избегнуваат влегување во каква било стручна дискусија, затоа што немаат ништо на своја страна - освен дека срљаат некаков „проект“ и дека нешто се „остварува“...
Се масакрира Водно со никаква исплатливост (кула на АЕК ееееј и сончев град), некакви си скијачки терени на 400м надморска со зима со дневни температури од 12 степени кои се трасирани преку асфалтот :facepalm: , на Галичица националниот парк во моментов мајката му се расплакува без никаква согласност на еколози и стручњаци од соодветни области - се гради во езеро кое е уникатно во светски размери, па последно е ова со Луково поле - и се е тоа со фамозна говнарска „одлука на Влада“ - каде го има ова во светот на друго место?
Инвестирање во обновливи извори? Ташак - обновливи - снег не е обновлив извор, климата се менува, количествата падавини се смалуваат, пустините се селат кон север, а ние минираме планини....ако е точен податокот дека Скопје само за три дена ја троши целата струја на браната Св. Петка на Треска - што ќе ни е воопшто толкава инвестиција во бунар?....па и уште нови такви, со смешно мал капацитет...
 
Не разбирам што треба да пишуваме
Македонија не само што може туку и треба самата да си обезбеди производство на електрична енергија доволно за своите потреби.
Последниве години имаше негативно дејство на една група околу Топлификација која негативно влијаеше на изградба и развој на електроенергетски капацитети за да го наметне ТЕ - ТО .
Но ТЕ - ТО е една промашена мегаломанска инвестиција која никогаш нема да работи и денес сите се свесни за тоа
 
Back
На врв Bottom