Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали под некои услови е дозволено крштевање пред 40 дена.
Инаку не е.
Дозволено е Берик.
Кога ќе разглобиш зашто славиме „Василица" и што пишува во заградата ;)
Сепак Исус Христос бил обрежан према еврејските адети,нели?
Така и крштевањето варира низ различните деноминации.
Еве би сакал некое попче да искоментира,поприлично ќе ни помогне.
 
Не знам дали под некои услови е дозволено крштевање пред 40 дена.
Инаку не е.

Крштевањето се врши по 40-от ден од раѓањето, после очистувањето на мајката од последиците од породувањето. Секако дека може да се изврши крштевање и пред 40-от ден, по исклучок, ако се работи за несакана состојба со новороденчето, како на пример негова болест пред 40-от ден.
 
Какво очистување и од што очистување?
Дефинирај ми го поимот „очистување“ во христијанска смисла, посебно во однос на раѓањето нов живот!
 
Какво очистување и од што очистување?

Очистување од телесните течности, кои се последица од породувањето. Во случајот со породувањето, тоа е крвотечението, кое трае до кај 40-от ден по породувањето.
Автоматски споено мислење:

Дефинирај ми го поимот „очистување“ во христијанска смисла, посебно во однос на раѓањето нов живот!

Очистувањето се однесува на вкупното човеково битие, со неговата сложеност:
- очистување телесно (се‘ што произведува телото како биолошки оптад од самото себе и од секоја похота),
- очистување душевно (контрола и „сечење„ на секое погрешно душевно расположение),
- очистување духовно (од секоја зла мисла, од склоност кон гревовност, од страсти, со непрекинато покајно живеење, со себеунижување).

Никој не смее да се спои со Бога а притоа да е нечист.
 
Последно уредено:
Што да правиме доколку несвесно сме се омрсиле во текот на Велигденскиот пост? Незнам како ми се случи јадев нешто што во својот состав имало млеко па да прашам бидејќи не најдов соодветна тема за постот.
 
Јас лично тие протеини и тоа што го пишува трагови од млеко, не го сметам за мрсење. Во овој модерен свет тешко е да најдеш нешто што нема да има некоја таква состојка. Мислам дека време е да се модернизира црквата и да го прифати католичкиот/протестантски став кон постењето, и сите правила кои ги носи реформата.
 
А каков е нивниот став кон постењето не сум многу упатен?
 
Кога постеш (мислам постат само за Велигден) јадеш само еднаш во денот пообилно и уште 2 оброци поскромни наречени Колатион (не го знам нашиот превод) https://en.m.wikipedia.org/wiki/Collation_(meal)
Секако можеш да јадеш се што сакаш тогаш месо, млеко и јајца, но на деновите кога е строг пост (Чист понеделник, кај нив пепел среда и велики петок, кај нив добар петок) не смееш да јадеш месо, но можеш риба, млеко, јајца.
 
Што да правиме доколку несвесно сме се омрсиле во текот на Велигденскиот пост? Незнам како ми се случи јадев нешто што во својот состав имало млеко па да прашам бидејќи не најдов соодветна тема за постот.
Дејанчоо доколку си малку навлезен во верата и не си од оние он лајн верници кои пишуваат амин во коментари под секоја слика од светец објавена на фејсбук тогаш би налетал на следнава информација-Ништо не ви значи постот ако немате љубов во себе,затоа што Бог не е постот кој го наводно постите него Бог е љубовта...така да џабе гледаш по производи и состави кое од што е направено ако идеш по тој пат ја промашуваш поентата комплетно...
 
Се согласувам. Убаво си напишал. Најбитно од се за никого да не мислиш лошо бидејќи како што кажа Бог е љубовта ,и треба да се пости и со мисли и дела, а не само со храна.И барем во овие денови да заборавиме да наштетиме,омаловажиме,или повредиме некого за да се издигнеме и задоволиме себеси и нашето его. Реков не пишувам на форумов поради одредени членови но ете луѓе сме ако Бог простува кои сме ние да не простиме.. Поздрав да си жив и здрав.
 
Поздрав и до тебе и најбитно е да постиш со мислата па после следува телесниот пост кој нормално дека и тој е битен ама на прво место е оној во мислата...
 
Што да правиме доколку несвесно сме се омрсиле во текот на Велигденскиот пост? Незнам како ми се случи јадев нешто што во својот состав имало млеко па да прашам бидејќи не најдов соодветна тема за постот.
Ништо. Тераш даље пост.
(ако несакајќи ти се случило)
 
Што да правиме доколку несвесно сме се омрсиле во текот на Велигденскиот пост? Незнам како ми се случи јадев нешто што во својот состав имало млеко па да прашам бидејќи не најдов соодветна тема за постот.

Како што веќе ти е одговорено-продолжи со постот, заборави на грешката.
Автоматски споено мислење:

Јас лично тие протеини и тоа што го пишува трагови од млеко, не го сметам за мрсење. Во овој модерен свет тешко е да најдеш нешто што нема да има некоја таква состојка. Мислам дека време е да се модернизира црквата и да го прифати католичкиот/протестантски став кон постењето, и сите правила кои ги носи реформата.

Со такво „модернизирање„ на начинот на постење, православната вера би станала слична или иста со римо-католиците или со протестантите.
Историските искуства ни велат дека секоја модернизација значи оддалечување од одредбите кои Црквата веќе ги има зададено, а воедно и последично, тоа значи и постепено губење на благодатта Божја кон и во самата Црква.
 
Последно уредено:
Како што веќе и е одговорено-продолжи со постот, заборави на грешката.
Автоматски споено мислење:

Со такво „модернизирање„ на начинот на постење, православната вера би станала слична или иста со римо-католиците или со протестантите.
Историските искуства ни велат дека секоја модернизација значи оддалечување од одредбите кои Црквата веќе ги има зададено, а воедно и последично, тоа значи и постепено губење на благодатта Божја кон и во самата Црква.
Точно до некаде, Канонските закони на црквата се менувале со годините, последната промена се случила во 1960тите кога папата им дал одобрение на засебните цркви да одлучуваат за постот, но и Православната црква прави доста одстапки, правилното Православно постење не вклучувало јадење воопшто, туку само пиење вода и чекање на мракот за да се јаде(слично како Исламскиот ифтар). Ова го прават сега само за строгиот пост, правите верници како за Велики петок, Крстовден итн. Исто така потењето во Среда е реткост. Додека Канонските закони во Западните цркви се многу остри и не смеат да се прекршуваат, кај нас постењето е прашање на избор. Така да постењето во петок и среда е задолжително за секој Католик од 14 години (пред 1966 беше од 7 години), а постењето за Големиот Пост е задолжително за секој од возраст 18 до 60 години, што е исправно пошто постарите имаат поголеми здравствени проблеми. Во православието ретко кој од децата пости.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom