Во контекст на твојава дилема, како може Бог во исто време да бара преку Мојсеј фараонот да ги ослободи евреите, а од друга страна да му го закорави срцето за да не ги пушти?
Излез 9:
12. Ама Господ го закорави срцето на фараонот, па тој не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и му рече на Мојсеја
Го закоравил уште повеќе веќе закоравеното срце на злиот фараон, oткако трпеливо му дал неколку шанси пред тоа.
Излез 7:
13. Но срцето Фараоново се стврдна и не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
Потоа следува:
Излез 7:
22. Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање. И срцето на Фараонот се ожесточи и тој не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
После тоа следува:
Излез 8:
15. А кога Фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги послуша нив, како што беше рекол Господ.
Па следува:
Излез 8:
19. И му рекоа вражачите на Фараонот: “Ова е знак Божји!” Но срцето на Фаронот пак се стврдна, и не ги послуша, како што беше рекол Господ.
Па после ова следува:
Излез 8:
32. Но пак затврдна срцето Фараоново, и пак не го пушти народот.
Дури тогаш следува:
Излез 9:
12. Ама Господ го закорави срцето на фараонот, па тој не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и му рече на Мојсеја
Е сега ти го пренебрегнуваш фактот дека фараонот бил суров и немилосрден човек пред Господ да му го отврдне срцето уште повеќе.
Тука Господ е толку „неправеден“ што му го стврднал срцето на фараонот, колку што ти би бил неправеден кога би натерал жаба да скокне во вир. Како што природата на жабата е да скока во вирови, така и природата на фараонот била нечовечка.
Запомни:
Бог е праведен судија, и силен, и долготрпелив и не се гневи секој ден.
Последно уредено: