Еврејскиот календар е месечев, се води/пресметува според месечевите мени кои вкупно траат цца 28 денови.
Црковниот календар, јулијанскиот, е сончев календар и се пресметува според бројот од денови во еден месец од цца 30, односно една сончева година, 365/366.
Великден никако не смее да падне пред еврејската пасха или на самиот ден од еврејската пасха, туку само после неа. Затоа Великден паѓа во распон од почетокот од април до почетокот од мај.
Еврејската Пасха („пасха„=„премин„) е празник за сеќавање на денот кога Мојсеј ги извел Евреите од египетското ропство-премин од ропство во слобода.
Великден е рисјанската Пасха, кога Христос воскресна-премина од смрт во живот.
Црквата не смее да има ништо заедничко со јудаизмот па затоа „бега„ од нивниот пасхален празник.
Автоматски споено мислење:
„Каменот„ не е Црквата, туку Е Христос, а „ѕидарите„ се Евреите, кои Го отфрлија Христа, не Го препознаа како ветениот Месија, пророкуван уште од старозаветните еврејски пророци,
Како што Евреите си ги убиваа пророците, Го убија и новозавениот Месија-Христа, оти и Он не им беше по мерак...
Пак не ми е сватливо, некако не го резонирам. Што има врска кога на евреите им е пасха, кога сака нека им биде, дали пред или после нашиот Великден, сеедно и сеедно по кој календар и како евреите го сметаат датумот на нивниот празник. Моментот е дека ние Великден не го славиме на денот кога се случил настанот како историски факт, што според мене би бил исправен пристап, туку го славиме во зависност од тоа кога на евреите им било пасха. Кој би бил проблемот ако го славиме како историски факт на точно определен ден кога се случил т.е кое е оправданието да го славиме како подвижен датум?

На пример:
- фарисеите постеа во понеделник и четврток, рисјаните постат во среда и петок (цел: да се разликуваме од јудеите),
- Евреите слават старозаветна Пасха, рисјаните слават новозаветна Пасха (цел: да се разликуваме од јудеите),
- Евреите „као„ се држат до Стариот Завет, а рисјаните даваат предност на „новото„ на Новиот Завет (цел: да се разликуваме од јудеите),
- на првиот Апостолски собор во 48-мата г. од н.е., Апостолите составија одлуки со кои конечно се раскинува врската и традицијата од/со јудаизмот и неговото практикување од страна на тогаш покрстените Евреи (цел: да се разликуваме од јудеите).
Празниците кои се слават во помесните православни Цркви не се астрономско-календарска егзакност, туку имаат улога на „постетувачи„ на историски настани и ликови, кои Црквата ги смета за битни.
Подвижоста на Великденскиот празник не е поврзана со точниот ден од Христовото воскресение, оти тоа не е најбитно, туку е битно дека на Велика Сабота слегува Светиот Дух на гробот Христов, Кој Е доказ и потврда за точноста од денот во кој се слави Христовото воскресение.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.