Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Едно прашање до сите христијани...
Што ако Јуда не го предадел Исус, и Исус не би бил фатен а со тоа ке немал шанса да воскресне јавно, дали би имало смисла тогаш сето тоа учење и дали Јуда е навистина предавник или херој?
Несакам да навредам никој само прашувам!
 
Ај сега не го огрничувај дијалогот, бидејќи и преку прашање сакам да одговорам.
Не го ограничувам јас дијалогот, такви се правилата:
Правилата се прости, односно:
1. Се поставува прашање од било кого, без разлика на верата (Но наведете дали се однесува за Католик, Православен или Протестант(адвентисти, баптисти, евангелисти итн))
2. Прашањето се одговара само од Христијански верник, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од верници од Христијанството, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.

После добиениот одговор може само да побарате и дообјаснување ако нешто не ви е јасно но конкретно посочете за кој дел од одговорот .. друго ништо!

Ако некое прашање мислите опфаќа поголема дискусија, ако сакате да дебатирате тогаш отварате или отварам тема за истото, оваа тема значи ќе биде стрикно Прашање-Одговор, кратко и јасно без спамови, без километарски цитати и со свои зборови.

Пријатни дискусии :smir:
Јас сакам сите да сме заедно со Бог, но дури и мојот најблизок ако несака само би го измачувал.
Никој нема да заврши во пеколот ако тоа не го сака.
Бог сите не повикува но доброволно, нема некаква нужност, случајност...,
Сакаш да кажеш дека пеколот не е концепт на казна? Дека пеколот постои за оние што сами ќе одберат да бидат таму?
 
Сакаш да кажеш дека пеколот не е концепт на казна? Дека пеколот постои за оние што сами ќе одберат да бидат таму?
Ова и мене жестоко ме интересира.
 
Не го ограничувам јас дијалогот, такви се правилата:

Сакаш да кажеш дека пеколот не е концепт на казна? Дека пеколот постои за оние што сами ќе одберат да бидат таму?
Пеколот апсолутно не е казна, од јуридички тип, кршиш правила па ајде у пекол. За жал и искупителното дело на Христос мнозина така го разбираат по свое.
Адам направи прекршок и ете казна.
Не! Ако се работеше за таков прекршок Исус немаше да страда и умира на крст, туку лесно само ќе му речеше на Адам , ти простувам и завршена работа.
Адам не оствари личен однос со Бог, сам се казни, и умре, а по него и ние умираме како наследство го поминуваме тоа искуство на живот без Бог.
Исус го реши главното, стана човек за да го направи тоа Адам што го промаши=грев.
Оствари личен однос и преку Него секој има шанса, АКО САКА да влезе во Божјата заедница = РАЈ,бидејќи и Самиот е Бог.
Оној што НЕ САКА живот со Бог, Бог не го приморува.
И сега за тој така што одбрал тоа му е Желбата, нема да може без Бог да се реализира како Личност и во тоа е маката, самоказна=пекол.
Ако Бог насилно го земе во заедница со Себе, тоа е повторно Мака, бидејќи НЕСАКА=пекол.
Значи пеколот е слободна желба да живеам, т.е.неживеам со Бог.

.
 
На последново е барем неколку пати одговорено.
Човекот не е создаден за да биде „фрлен во пеколот“, туку да стане „бог по благодат“, „царско свештенство“ (сега, знам дека ова ќе „провоцира“), во заедница со својот Создател.
Така јас го разбирам Домостројот Божји.
Можам да се стремам кон остварување на тоа, но слободен сум да правам спротивно од својата совест.
Како и секој човек.
Секој избира како ќе живее, нели?

Најпосле, поимите „вистина“, „вечност“,„добро“,„љубов“ итн., кои се апстрактни и, според нашата сегашна логика - растегливи и релативни (релативни кон која апсолутна „вредност“?), не би ни постоеле, ниту стремежите за нивно остварување.

А... „Што е тоа вистина?“, можеби е најрелевантното прашање, од кое треба да се почне во една ваква дискусија.
Само ве молам, мислам дека е можно да се дискутира без омаловажувања и навреди. Нели?
 
Ова и мене жестоко ме интересира.
Во оваа смисла претходно што објаснив, тоа е ропски безличен, практично неегзистентен начин на постоење, на ниво на материја.
А се разбира што САМИ сме го ОДБРАЛЕ.
 
Пеколот апсолутно не е казна, од јуридички тип, кршиш правила па ајде у пекол. За жал и искупителното дело на Христос мнозина така го разбираат по свое.
Адам направи прекршок и ете казна.
Не! Ако се работеше за таков прекршок Исус немаше да страда и умира на крст, туку лесно само ќе му речеше на Адам , ти простувам и завршена работа.
Адам не оствари личен однос со Бог, сам се казни, и умре, а по него и ние умираме како наследство го поминуваме тоа искуство на живот без Бог.
Исус го реши главното, стана човек за да го направи тоа Адам што го промаши=грев.
Оствари личен однос и преку Него секој има шанса, АКО САКА да влезе во Божјата заедница = РАЈ,бидејќи и Самиот е Бог.
Оној што НЕ САКА живот со Бог, Бог не го приморува.
И сега за тој така што одбрал тоа му е Желбата, нема да може без Бог да се реализира како Личност и во тоа е маката, самоказна=пекол.
Ако Бог насилно го земе во заедница со Себе, тоа е повторно Мака, бидејќи НЕСАКА=пекол.
Значи пеколот е слободна желба да живеам, т.е.неживеам со Бог.

.

Дали има трета опција?

Рај, пекол, и нешто трето? Како на пример вечна смрт?

Јас не барав да бидам створен, и не гледам никаква причина некој да ме казнува. Мене не ми се допаѓа створеното, и го сметам Бог за тежок шарлатан. Може ли да бидам оставен на мира, а вие другите да си играте рај и пекол? Мене така ми изгледа фер...
 
Па нема потреба од трето тоа е втората опција, баш како ти што велиш и сакаш.:)
 
кој си ти ? кај се обрука шо праеше ново профилче :D
 
Па нема потреба од трето тоа е втората опција, баш како ти што велиш и сакаш.:)

Значи пеколот и вечната смрт се едно исто?

Многу грешници ќе исплашите со таков пекол...

Циркус невиден е Христијанството. Некој убивал, силувал, мачел, и за казна го чека вечна смрт. Нема повеќе котлиња, огнени езерца и слични тракатанци, туку фино лепо ќе си умре грешникот. Некој ништо не направил, само не сака да си игра со вас, и за него вечна смрт...

Правда бе...
 
вечни маки

Дајте договорете се. Пеколот е или вечни маки (што е невидена глупост, само ме мрзи да ти објаснувам) или вечна смрт...

Не може и вечни маки и вечна смрт...

Јеби га, логика...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom