Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како православните Христијани ги објаснуваат иконите во црквите кога убаво пишува во Божјите заповеди да не се создаваат идоли на Земјата?
 
Не сум одамна на форумов, пред неколку месеци почнав да го читам и подфорумот Религија и ми се видоа интересни дискусии оти тука имаше повеќе наука птколку во подфорумот наука, тука имаше повеќе филозофија отколку во подфорумот филозофија, тука имаше повеќе психологија отколку во подфорумот психологија. Јас како долгогодишен атеист не ја ни отворав Религија кога се зачленив на форумот, ама после видов дека има многу посодржајни дискусии отколку во другите делови на форумов. И секој ден си влегувам да прочитам нешто. Не пишувам многу.
Кога се појави пред еден месец, изгледаше многу запознат со ситуацијата на темите. Си реков еве некој кој ќе ја подобри дискусијата. Си мислев дека си начитан и дека имаш став кога почна да им се спротиставуваш буквално на сите.
Ама катастрофа си. Баш ги гледав мислењата и СИТЕ до едно ти се лични препукувања, немаш ништо кажано во контекст на темата.
И забележав дека и другите не пишуваат сериозно кога ќе се замешаш во разговорот.
Што те интересира момче?
Прашај си слободно, остај ги препукувањата.
Тие се за забава понекогаш.
Прашај и ќе ти биде одговорено, ама ќе прашам и сакам одговор...мислам дека е фер.
Пуцај
 
Зошто свештените лица дозволуваат простодушната раја во црквите да остава пари,зејтин,шеќер,хулахопки,чорапи,пешкири и др. работи на иконите,пред иконите,до иконите и сл.???Ова го нема во ниту еден храм на ниту една друга религија.Брука !!
 
Не ме интересира ништо посебно. Сакам да читам дискусии за области во кои нема факти.
Ако сакам да дознаам некој факт нема да го барам на форумов.

Кога веќе бараш прашање: Гледам дека си против атеистите, што се обидуваш да докажеш?​
 
Доста добар научен пристап :)
Непристрасноста е тоа што ја прави науката убава.
Ама некогаш може и дијаманти во кал да најдеш.
Не мора да ги бараш таму, ама сосема случајно
читајки дискусии за области во кои нема факти.
--- надополнето: Oct 30, 2011 8:53 PM ---
Кога веќе бараш прашање: Гледам дека си против атеистите, што се обидуваш да докажеш?​
Јас сум против идејата да се биде атеист, а не против луѓето.
Тоа што испаѓа туча е знак дека нешто смрди. :)
Обично на лагата и треба сила за да се прогура.
Тоа и се прави, ама за нејзина несреќа не ебам жива сила.
И така доаѓаме до ситуации(кавги) на форумов.
 
Па и јас сум против идејата да се биде атеист, и против идејата да се биде верник. Ама за жал сум се родил кога околу нас има верници, па за да се разликувам, се нарекувам атеист. Ако добро те сфатив?
 
Зошто свештените лица дозволуваат простодушната раја во црквите да остава пари,зејтин,шеќер,хулахопки,чорапи,пешкири и др. работи на иконите,пред иконите,до иконите и сл.???Ова го нема во ниту еден храм на ниту една друга религија.Брука !!
Целата идеја за оставање на тие работи е за помош на црквата. Ако не се лажам (мислам дека е така ако не е поправете ме), сите тие работи (зејтин, шеќер, пешкири ...) се даваат на социјалните семејства.
 
Па и јас сум против идејата да се биде атеист, и против идејата да се биде верник. Ама за жал сум се родил кога околу нас има верници, па за да се разликувам, се нарекувам атеист. Ако добро те сфатив?
Атеизмот у суштина не е тоа што се прокламира.
Тоа е проблемот....еве како за пример:
Нека се јави некој атеист што верува во реинкарнација....
да речеме. Не викам дека постои реинкарнацијата, ама еве еден тест.
 
Тоа што некои ставови преовладуваат кај атеистите не значи дека се ексклузивни за атеизмот или дека атеизмот ги направил така да размислуваат. Тоа што така размислуваат ги натерало да се наречат атеисти.
 
Тоа што ги натерало да се нарекуваат атеисти е сосема друго.....Тоа е општеството, поточно образованието.
И се тоа е добро смислена игра.
Ова не значи дека религиите се исправни, да се разбереме.
 
Е добро, кажи ми што е третото.
 
Целата идеја за оставање на тие работи е за помош на црквата. Ако не се лажам (мислам дека е така ако не е поправете ме), сите тие работи (зејтин, шеќер, пешкири ...) се даваат на социјалните семејства.
Мислам дека шише зејтин или пакетче хулахопки да седат покрај икона не личи.
 
Е добро, кажи ми што е третото.
Третото е твојот, и само твојот пат.
Ослободен од сите предрасуди, во потрага по вистината.
А вистината е таква мистерија, да треба цела вечност за да ја пронајдеш :)
--- надополнето: Oct 30, 2011 9:26 PM ---
Целата идеја за оставање на тие работи е за помош на црквата. Ако не се лажам (мислам дека е така ако не е поправете ме), сите тие работи (зејтин, шеќер, пешкири ...) се даваат на социјалните семејства.
Se prodavaat po poeftina cena.
Sega imaat i odredeni pozitivni svojstva.
Sekoja fokusirana pozitivna energija ima efekt.
 
Третото е твојот, и само твојот пат.
Ослободен од сите предрасуди, во потрага по вистината.
А вистината е таква мистерија, да треба цела вечност за да ја пронајдеш :)
Ама јас ќе живеам само многу мал дел од таа вечност. Немам време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom