Бог според библијата го создал според неговиот "образ" (особини), тоа е една работа. Друга работа е фактот што бог е претставен како сезнаен и семоќен. Што значи дека знаел што, како и кога ќе се случи, и како семоќен имал, има и ќе има можност да спречи било што! Арно ама не спречил! Оправдувањето дека тоа е поради слободната воља, не држи! Каква е таа слободна воља, ако јас ти речам: "Облечи какви сакаш чевли, ама ако не облечеш црни, ќе те мачам цела вечност"?!
Казнувачот со актот на казнување покажува дека казнетиот отишол спротивно на неговата воља! А тоа автоматски ја исклучува можноста за совршенство или семоќност. Неможе некој кој е совршен да се разгневува, лути, тагува или радува! Тоа се човечки - антропоморфни особини, и оној што ги поседува е на тоа ниво - човечко.
Совршениот креатор за се што создал треба да има причина зошто го создал! А не да забранува, казнува и уништува она што тој самиот го создал, докажувајќи со тоа дека не е ниту семоќен, ниту сезнаен, ниту бог.