Дури и змијата, како што велиш, да не била во можност да ја види иднината и да знае како ќе реагира Бог, од овој момент знаела, бидејќи Ева и кажала. Сепак мислам дека од првиот стих јасно се гледа дека змијата добро знаела за оваа забрана, па затоа и така ја започнува дискусијата, за да ја извлече оваа реченица од устата на Ева, за потоа да може глатко да ја пласира и лагата:
„А змијата и рече на жената: „Не, вие нема да умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.”(Битие 3:4-5, Библијата)