Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Во џамија треба да вика некој кој има убав глас и да знае да учи правилно арапски.
А ако клањаш сам или со џемаат:
- ако се слушнал езанот,тогаш ќе се учи само икамет.
- ако не сте го слушнале езанот од некоја џамија,тогаш е убаво да се викне езан но не е обврска
а икаметот ќе се вика.
- ако клањаш сам дома,тогаш ќе учиш само икамет.
- но и намазот без икамет е исправен.
...
за жените не е обврска ни езан ни икамет.
значи кога сум дома сам само икамет и ако не слушнам езан? А ако слушнам икаметот е после езанот?
 
Према Исламот Ѓаволи и Џинови се различни?

Што се тоа Џинови и какви улоги имаат?

За нив знам дека се луѓе од оган без чад кој можат да се мажат и женат,каква улога имаат во Исламот и муслиманите,
што се тие?
 
Дали е вистина дека е забрането да се чуваат слики? И какви се дозволени? И дали цртањето и создавањето на нешто што личи на нешто создадено од Бог е харам?
 
Дали е вистина дека е забрането да се чуваат слики? И какви се дозволени? И дали цртањето и создавањето на нешто што личи на нешто создадено од Бог е харам?

Кога се зборува за слики и сликање,прашањето се дели на 2 потпрашања.
- слики или кипови кои човек ги црта/прави.
- слики,сликани со фотоапарати,телефони итн итн.

За првите е основа дека се харам,како за чување така и за бесење на зидови,поставување во комоди итн итн,овде зборуваме за слики кои содржат човечки или лик на животни,птици,значи се она што има душа.
Додека слики на џамии,итн итн се дозволени.
Се пренесува веродостоен хадис од Аиша р.а. која вели: На еден прозорец закачив завеси на кои имаше слики(се мисли на слики со ликови),па кога го виде тоа Пратеникот а.с. ги тргна и му се измени лицето и ми рече: Аиша,оние кои ги прават овие слики на Судниот ќе бидат казнети и ќе им биде речено: Оживејте го тоа што сте го створиле.

Во друг хадис,Мухаммед а.с. вели:
Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче или слика.

Хадисите јасно укажуваат на забраната за бесење,поставување на слики,а камо ли нивно цртање и стварање како што е вајањето на скулптури,споменици итн итн.
...........................
Додека пак,за втората ситуација за сликите сликани со фотоапарати,или сликите што се поставуваат по социјалните мрежи има разединување помеѓу учењаците.
Има учењаци кои се со став дека е забрането да се сликаат и поставуваат слики,освен за оние слики за кои има потреба,како што се сликите за лични документи.
А има и учењаци кои ги дозволуваат,но и тука со неколку услови,значи да биде некоја потреба,да не се претерува,да се пристојни итн итн, бидејќи не спаѓаат во првата група на слики кои се цртаат итн итн.
Како и да е,денеска сме искушани со оваа ситуација,социјални мрежи,итн итн
Па најдобро е да се избегнуваат,барем оние слики кои ги бесиме по дома кои се изработуваат и се бесат по зидови,ставаат во комоди итн итн.
 
Во џамија треба да вика некој кој има убав глас и да знае да учи правилно арапски.
А ако клањаш сам или со џемаат:
- ако се слушнал езанот,тогаш ќе се учи само икамет.
- ако не сте го слушнале езанот од некоја џамија,тогаш е убаво да се викне езан но не е обврска
а икаметот ќе се вика.
- ако клањаш сам дома,тогаш ќе учиш само икамет.
- но и намазот без икамет е исправен.
...
за жените не е обврска ни езан ни икамет.

зошто?
--- надополнето: 23 декември 2013 во 00:58 ---
Да, икаметот е после езанот.

зошто и што е тоа?
 
зошто?

зошто и што е тоа?

Езанот и икаметот го учи машко,како во џамија така и дома или на било кое друго место каде што клањаат и мажи и жени.
А кога се само жени,тогаш од нив спаѓа обврската да учат езан или икамет бидејќи нема мажи.
Но ако една од проучи,не е грешка но е ни обврска,нормално доколку се само жени присутни.

Икамет е нешто слично на езанот,само во икаметот покрај зборовите од езанот се додаваат уште 2 реченици.
Накратко:
Езанот е повик за молитва.
Икаметот е исто така повик за молитва но се учи внатре во џамијата или местото каде што се клања и тоа е знак дека треба да се клања фарз намаз(молитвата која ја предвови имамот/оџата).
 
ok fala
e sea kako se vikaat onie mesta ( gradbi ) kaj sto odat samo zeni ama ne se dzamii?

Би требало да мислиш на мектеб.
Не е тоа само за жени,но најчесто е бидејќи машките се собираат во џамија,а бидејќи не секоја џамија има оспособено простор и за жени,тогаш се прават вакви простории во кои најчесто има предавања,учење арапски итн итн за жени и за деца до нивната полнолетност.
 
и уште ова
пред некое време во автубус седеше една жена до мене и читаше една мала книга на македонски
имаше внатре некои молитви, лекување на тага и грижа, како да се лекува болниот сам себе, лекување на нервоза итн
ај пиши ги ако знаеш за што ти зборам
горе пишуваше на арапски а доле на македонски
мала зелена книга
 
Можно е да е Хисну-л-муслим(Заштитата на секој муслиман), таа книга е збирка на веродостојни дови(молитви) кои ги учел Мухаммед с.а.в.с. во различни ситуации.
Друга мала,зелена не знам.
 
Кога се зборува за слики и сликање,прашањето се дели на 2 потпрашања.
- слики или кипови кои човек ги црта/прави.
- слики,сликани со фотоапарати,телефони итн итн.

За првите е основа дека се харам,како за чување така и за бесење на зидови,поставување во комоди итн итн,овде зборуваме за слики кои содржат човечки или лик на животни,птици,значи се она што има душа.
Додека слики на џамии,итн итн се дозволени.
Се пренесува веродостоен хадис од Аиша р.а. која вели: На еден прозорец закачив завеси на кои имаше слики(се мисли на слики со ликови),па кога го виде тоа Пратеникот а.с. ги тргна и му се измени лицето и ми рече: Аиша,оние кои ги прават овие слики на Судниот ќе бидат казнети и ќе им биде речено: Оживејте го тоа што сте го створиле.

Во друг хадис,Мухаммед а.с. вели:
Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче или слика.

Хадисите јасно укажуваат на забраната за бесење,поставување на слики,а камо ли нивно цртање и стварање како што е вајањето на скулптури,споменици итн итн.
...........................
Додека пак,за втората ситуација за сликите сликани со фотоапарати,или сликите што се поставуваат по социјалните мрежи има разединување помеѓу учењаците.
Има учењаци кои се со став дека е забрането да се сликаат и поставуваат слики,освен за оние слики за кои има потреба,како што се сликите за лични документи.
А има и учењаци кои ги дозволуваат,но и тука со неколку услови,значи да биде некоја потреба,да не се претерува,да се пристојни итн итн, бидејќи не спаѓаат во првата група на слики кои се цртаат итн итн.
Како и да е,денеска сме искушани со оваа ситуација,социјални мрежи,итн итн
Па најдобро е да се избегнуваат,барем оние слики кои ги бесиме по дома кои се изработуваат и се бесат по зидови,ставаат во комоди итн итн.
Hattab a istoto vazi i za sliki od drva? Pejsazi?
 
И сега дома не смеете да чувате куче ? или на пример риби во аквариум такви работи? ниту еден муслиман во македонија не чува дома ништо?
 
Hattab a istoto vazi i za sliki od drva? Pejsazi?

Не.
Значи дрва,згради,пејсажи итн итн не спаѓа во ова.
Се работи само за слики на луѓе,животни...
--- надополнето: 23 декември 2013 во 12:13 ---
И сега дома не смеете да чувате куче ? или на пример риби во аквариум такви работи? ниту еден муслиман во македонија не чува дома ништо?

Така е. :)
На муслиманите им е во основа забрането да чуваат куче освен во три ситуации.
1. За чување на имот.
2. Чување на ниви,плодови итн итн.
3. Чување на стоката(како што се овчарските кучиња и слично)

Инаку чување од мерак,како домашно милениче не е дозволено,исклучиво само ако има потреба.
Бидејќи кучето е нечисто,и онака само од себе а и шеријатски е нечисто.
Шеријатски нечисто значи дека не може човек да клања во облеката која е допирана од устата/јазикот на кучето,не може да се јаде од садови кои се допрени од куче итд итд.
Додека на пр. Мачка е дозволено да се чува,бидејќи е чиста шеријатски а и сама од себе е чиста.

За аквариум со риби,птици во кафези и слични ситуации има неколку услови.
1. Не е препорачливо да се чуваат затоа што тоа не е природата на тие животни(значи природата на птицата не е таа да седи во кафез цел ден)
2. Доколку се чуваат,треба мнооогу да се внимава на нив,да се хранат редовно и да не се измачуваат,бидејќи така може човек само гревови да прави.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom