Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
--- надополнето: 17 јули 2013 во 00:47 ---
Па затоа има држава,нека ги казнува.Впрочем јас не излегов нити некогаш сум излегол на протест.Не се замарам со проблемите на државата(си има уредување самата држава,нека си го среди).
Не ги оправдувам протестите јас(каде си сретнал такво нешто?).
Муслиманите во Мкд? Кои муслимани? Ако е репер “Аллаху Екбер“ за ислам ондак шта речи,нели?
Поголемиот дел од нив носеа Албански знамиња(кој муслиман носи Албанско знаме?),кој муслиман повикува кон национализам?
Далеку сме ние од муабетов што го правиме очигледно,или не сакаш да ме разбереш или одбиваш.
цело време правиме муабет за множина/целина. е сега како целина во тие протести за масакарот сите беа муслимани. и ДА, како репер ми служи и тоа алаху... зошто со тоа ги искажувате вашите ставови кои поминуваат неказнето. а се тоа заради привилегијата за слобода на говорот и слобода на искажување на незадоволство со протести. но ако некој сака тоа во исламска земја да го пратикува е тогаш не може...... лицемерно е признај.
 
На кој начин тебе некој те загрозува ако верува или има поинаков став за божественото и тоа сака да им го пренесе на другите?! Како го поврза тоа со влегување во нечиј дом? Ете бил муслиман и сватил дека верува во нешто друго! Истото сака да го содели со други, и сега ти доаѓаш и оправдуваш негова егзекуција поради тоа?! За после да кажеш дека секој има лично право на спознавање и осознавање и право да го избира својот пат?!

Аналогно го поставив(паралела).Го загрозува колективно населението во кое доминира исламот(говориме ако говори против самиот ислам).Ако тој решил дека не е повеќе муслиман тогаш повеќе не спаѓа во таква групација(едноставно на мирен начин се одделува и оди онаму каде што припаѓа,не е добредојден).
Моментот кога ќе си дозволи себеси да биде арогантен и дисреспектен кон исламот тогаш се преземаат мерки.Кој е тој момент:Кога на пример започнуваш вербална навреда или пак воена кон тој ислам(од било кој карактер).
Немаш право на никого да му кажуваш што да избира(нити на христијанинот нити на муслиманот).Изборот е личен/индивидуален.
--- надополнето: 17 јули 2013 во 01:09 ---
цело време правиме муабет за множина/целина. е сега како целина во тие протести за масакарот сите беа муслимани. и ДА, како репер ми служи и тоа алаху... зошто со тоа ги искажувате вашите ставови кои поминуваат неказнето. а се тоа заради привилегијата за слобода на говорот и слобода на искажување на незадоволство со протести. но ако некој сака тоа во исламска земја да го пратикува е тогаш не може...... лицемерно е признај.

Човек,не е лицемерно.Можеш да протестираш ако ти е нанесена неправда(и во шеријатска држава исто така).
Што е неправда:“нешто што однапред е дефинирано и гарантирано на поединецот а подоцна не се исполнува“.Ако е нанесен таков тип на неправда,тогаш слободно можеш да се жалиш на властите и таа жалба ако се докаже дека е оправдана,се извршува правда.
Ваквиот тип на протести(поради убиствата) јас не ги оправдувам.Однапред се знае дека поради убиство се сноси казна и таа казна треба да се спроведе(секое неслагање со тој закон представува потпомагање на убицата).Затоа,власта требаше да си презема мерки.Едиствен пропуст или намера на властите беше што вооптшо го помешаа исламот(бидејќи исламот забранува убиства на невини) и со тоа самите ја подпалија таа работа.Можеа слободно да изјават “убиства,истрага во тек,убиците ќе си сносат казна не гледе на нивната национална или пак верска припадност“.
 
Постапките на луѓето се различни и непредвидливи.Религијата има јасно дефинирана патека и е чиста од лудости.Ти си избрал да формираш став за исламот врз база на постапките на луѓето а не врз база на тоа што проучува самиот ислам.
Друга круциална точка:Тебе не ти се допаѓа исламот(неговиот кодекс,закон...) и тоа е во ред(твоја одлука).Си имаш свој став за моралот,постапките и “доброто и злото“.
Убиствата не се оправдани се додека не се оправдаат.Значи,што значи оправдано убиство.
Пр:Пред тебе имаш Х персона која е натоварена со динамит и која ита кон згужваното невино население.
Прашање до тебе:Ти си запознат со неговата постапка.Дали ќе го убиеш предходно или ќе го оставиш да појде и да се разнесе во таа гужва?
Убиството е оправдано со цел да се превенира и заштитат голем дел на невини луѓе.
Али ти бидејќи си голем љубител на човекот веројатно нема да го убиеш.Хеј,кој си ти да го убиваш.Бог ќе му суди,нели?

Значи да сумирам,се додека некој не представува потенциална опасност по тебе или по другите околу тебе не е оправдано да се убива.
Тоа што кај нас има еден куп лудаци(замаскирани зад маската на национализмот,религијата.....) секогаш ќе имаш хаотично нерационални постапки.

Исламот има јасна трасирана патека: или муслиман по мирен пат или на сила! Целта е целата Земја да е ислам! Тука сум против и ќе бидам западно-источно ориентиран прескокнувајќи го сомнителниот денешен ислам и муслиманските толкувања на истиот!

Не е во ред - да има шеријатски закон по кој ти и твоите собраќа сонувате - јас по законот на твојот алах кој што не верувам дека постои - ти мене ќе ме судиш - или тие што сметаш дека според исламот би требало да ме судат - на бесилка, сечење на нешто, зависи колку се напалени исламските „учењаци“!
Оправдување е коранот и арапот кој што го знаеме како Мухамед!
Ти се молам, ве читам постојано - зарем ќе се лажеме сега?
Кога една света книга вели дека постои само еден бог и вели дека другите се лажни - таа религија самата себе се осудува да биде изолирана и да не е верата која ќе го спаси целиот свет. Без разлика ислам или јудаизам или христијанство... се додека се вели како другиот бог не е вистинскиот - како тоа ќе се живее во слога, и тоа ако на власт се некакви божји закони?
Немој со такви расфрлања со глупости....

Пред мене да имам муслиманска персона со динамит - нема да го убијам. Ќе се обидам максимално да остане неоштетен за да заврши по лудници и психијатриски болници да му се лечи умот или да се истражува истиот за да се избегне во иднина да постојат такви персони!

Да, јас сум голем љубител на луѓето! Прво луѓето па потоа проклетите богови за кои сите зборуваат насекаде! ;)
 
Аналогно го поставив(паралела).Го загрозува колективно населението во кое доминира исламот(говориме ако говори против самиот ислам).Ако тој решил дека не е повеќе муслиман тогаш повеќе не спаѓа во таква групација(едноставно на мирен начин се одделува и оди онаму каде што припаѓа,не е добредојден).
Моментот кога ќе си дозволи себеси да биде арогантен и дисреспектен кон исламот тогаш се преземаат мерки.Кој е тој момент:Кога на пример започнуваш вербална навреда или пак воена кон тој ислам(од било кој карактер).
Немаш право на никого да му кажуваш што да избира(нити на христијанинот нити на муслиманот).Изборот е личен/индивидуален.
Велиш дека тоа важи исклучиво во исламски земји, тогаш како го објаснуваш фактот што муслиманите од целиот свет па и во Македонија се организираа на протести пред неколку години поради обична карикатура испачетена во весник во Норвешка, барајќи да биде убиен оној што ја нацртал?

И на кој начин нечие верување може да го загрозува населението? Значи хадисот што ти го покажа Werther беше јасен - доколку некој го напушти исламот! Немаше ништо од ова што ти го кажуваш како дополнителен услов?
 
Исламот има јасна трасирана патека: или муслиман по мирен пат или на сила! Целта е целата Земја да е ислам! Тука сум против и ќе бидам западно-источно ориентиран прескокнувајќи го сомнителниот денешен ислам и муслиманските толкувања на истиот!

Не е во ред - да има шеријатски закон по кој ти и твоите собраќа сонувате - јас по законот на твојот алах кој што не верувам дека постои - ти мене ќе ме судиш - или тие што сметаш дека според исламот би требало да ме судат - на бесилка, сечење на нешто, зависи колку се напалени исламските „учењаци“!
Оправдување е коранот и арапот кој што го знаеме како Мухамед!
Ти се молам, ве читам постојано - зарем ќе се лажеме сега?
Кога една света книга вели дека постои само еден бог и вели дека другите се лажни - таа религија самата себе се осудува да биде изолирана и да не е верата која ќе го спаси целиот свет. Без разлика ислам или јудаизам или христијанство... се додека се вели како другиот бог не е вистинскиот - како тоа ќе се живее во слога, и тоа ако на власт се некакви божји закони?
Немој со такви расфрлања со глупости....

Пред мене да имам муслиманска персона со динамит - нема да го убијам. Ќе се обидам максимално да остане неоштетен за да заврши по лудници и психијатриски болници да му се лечи умот или да се истражува истиот за да се избегне во иднина да постојат такви персони!

Да, јас сум голем љубител на луѓето! Прво луѓето па потоа проклетите богови за кои сите зборуваат насекаде! ;)

Секако дека ќе го спречиш доколку си во можност т.е го имаш тоа време.Кога е крајно невозможно да го спречиш(да си надвор од неговиот домет) тогаш ќе мораш да го убиеш.
 
--- надополнето: 17 јули 2013 во 01:09 ---
Човек,не е лицемерно.Можеш да протестираш ако ти е нанесена неправда(и во шеријатска држава исто така).
Што е неправда:“нешто што однапред е дефинирано и гарантирано на поединецот а подоцна не се исполнува“.Ако е нанесен таков тип на неправда,тогаш слободно можеш да се жалиш на властите и таа жалба ако се докаже дека е оправдана,се извршува правда.
Ваквиот тип на протести(поради убиствата) јас не ги оправдувам.Однапред се знае дека поради убиство се сноси казна и таа казна треба да се спроведе(секое неслагање со тој закон представува потпомагање на убицата).Затоа,власта требаше да си презема мерки.Едиствен пропуст или намера на властите беше што вооптшо го помешаа исламот(бидејќи исламот забранува убиства на невини) и со тоа самите ја подпалија таа работа.Можеа слободно да изјават “убиства,истрага во тек,убиците ќе си сносат казна не гледе на нивната национална или пак верска припадност“.
е како да протестирам ако ме заколат? кадија те тужи, кадија те суди е работата. дадов добар пример прееска, што е тоа лошо и за осуда со смрт ако кажам дека ниедна вера не ги задоволува моите апетити за виситната. и дека најблиску до вистинтата е науката и дека одговорите од сега па понатаму ќе ги барам во неа? што е тоа толку лошо? ај да кажеме дека пропагирам па сум во спротивност на законите, иако и пропагирањето е добра ствар, но ете НЕ пропагирам него не сакам више да идам во џамија, не сакам да се клањам 5 пати на ден, не сакам да ја тепам жена ми, не сакам да жена ми биде забулена, ... и ред други работи. не пропагирам, едноставно решавам да живеам поинаку.
зошто смрт?
 
Додека си мирен нема смрт(што ти е човек).
Веруваш во што веруваш и седиш мирен,никој не те чепка.Тебе твојата,ним нивната вера.
Инаку,во шеријатска држава ако ти е нанесена неправда имаш право да се жалиш(некој те украдил,некој те тепал ....безразлика кој е ,треба да си ги сноси последиците).
Правдата ќе биде задоволена а тоа ти го гарантира самата држава(вистинските муслимани се праведни,не лажат и неможеш да ги поткупиш со пари.Правдата е правда).

Инаку,за жените во исламот си во длабока заблуда ама ајде.Нека ви биде.Да фрлаш таков заклучок за исламот е пред се неосновано и арогантно.Бујрум,погледни за самиот пратеник како се однесуваше со неговите жени,каков е статусот на жената во исламот и слично и после коментирај.
 
Велиш дека тоа важи исклучиво во исламски земји, тогаш како го објаснуваш фактот што муслиманите од целиот свет па и во Македонија се организираа на протести пред неколку години поради обична карикатура испачетена во весник во Норвешка, барајќи да биде убиен оној што ја нацртал?

Тоа е само мал дел. Имено, муслиманите секаде, буквално секаде каде што достигнале 5% (најчесто) од целокупното население барале преседани, како за пример Британија, побараа да им се суди според законот во матичната земја од која доаѓаат. Шеријатот.
Исто така, ги наметнуваат исламските вредности и култура. Во ниту едно општество не се интегрирале, туку формирале енклави и живееле отсечено. И типично за муслиманите, кое и ние го почуствувавме на своја кожа е непрестаното викање „Немаме права“ или „Репресирани сме“. Значи нема една земја каде што достигнале 5% , а не побарале посебни права.
 
Додека си мирен нема смрт(што ти е човек).
Веруваш во што веруваш и седиш мирен,никој не те чепка.Тебе твојата,ним нивната вера.
Инаку,во шеријатска држава ако ти е нанесена неправда имаш право да се жалиш(некој те украдил,некој те тепал ....безразлика кој е ,треба да си ги сноси последиците).
Правдата ќе биде задоволена а тоа ти го гарантира самата држава(вистинските муслимани се праведни,не лажат и неможеш да ги поткупиш со пари.Правдата е правда).

Инаку,за жените во исламот си во длабока заблуда ама ајде.Нека ви биде.Да фрлаш таков заклучок за исламот е пред се неосновано и арогантно.Бујрум,погледни за самиот пратеник како се однесуваше со неговите жени,каков е статусот на жената во исламот и слично и после коментирај.
нели мислиш дека сега ако ништо друго подлажнуваш (да не кажам пробуваш да ме излажеш). сигирен си дека ја зборуваш вистината? или сакаш да ми ја навредиш интелигенцијата? или едноставно заборави дека ќе треба да плаќам данок за неверник? а ако не плаќам дека ќе морам да се исселам во спротивно дека ќе ме убијат? немој сега да ги мачкаш работите со шеќер кога се отровни.
втор болд. не е неосновано затоа што е научено од другите муслимани овде. арогантно? зошто арогантно ако не сакам да ја тепам? или арогантно дека би и дозволил да се облече “западњачки“?
 
Додека си мирен нема смрт(што ти е човек).
Веруваш во што веруваш и седиш мирен,никој не те чепка.Тебе твојата,ним нивната вера.
Инаку,во шеријатска држава ако ти е нанесена неправда имаш право да се жалиш(некој те украдил,некој те тепал ....безразлика кој е ,треба да си ги сноси последиците).
Правдата ќе биде задоволена а тоа ти го гарантира самата држава(вистинските муслимани се праведни,не лажат и неможеш да ги поткупиш со пари.Правдата е правда).
Неточно!
Не смееш да зборуваш и проповедаш за својата вера во исламска земја - ако има шеријатски закони - демек божји! Да не се лажеме!
Неправда уште во старт ми е нанесена - сакам да го критикувам исламот и законите! Ти како муслиман тука во секуларна држава може да отвараш блог, да отвориш весник, да критикуваш религија, партија, влада - се што сакаш!
Во исламска земја - си РОБ!
Ќе бидам убиен ако го правам тоа!
Правда? Демократија? Да си седам мирен за нешто што ми смета и да не барам да се менува?
Па така нели е само задоволена страната на муслиманинот?
Каков соживот е тоа? Каков соживот нудите со тоа велејќи „еден е бог, другите се лажни“? Каков е тој соживот кога плукате врз евреите кои се пред вас и им го валкате светиот закон од кој крадевте зборови за да се зауздаат племињата арапски? Каков е тој соживот кога ми нудиш жена која ќе биде тепих, а не лика прилика на божјата моќ на Земјата?

Исламот не нуди соживот на различните ами соживот на муслиманите! И сега со глупости се обидуваат да покажат дека Адам бил муслиманин, и еврејскиот бог е исламскиот алах! Како сите ние сме муслимани... Бреј - алах не би сакал јас да сум муслиман верувај!
Евреите не го признаа ни христијанскиот спасител што се зборува во нивните свети списи, не пак да му даваат значение на вашиот пророк и религија!

Нема соживот со муслимани кои 100% одат по коранот и правилата од исламот! Тоа е јасно како ден! Нема потреба од филување.

А за жените и исламот - да не ни почнам! Ќе ми треба книга да напишам... :)

П.С. И темава стана мотање и лажење од страна на муслиманите. Ако не знаете или нема одговор што ви е ок - дај не пишувајте! Срамота е вака... глупости, колку да се напише нешто и се повторуваме постојано бркајќи ви ги лагите.
Досадно, јас се откажувам сега за сега од оваа тема... ;)
 
Жената во Исламот. Значи има книга напишано, од авторитети во Исламот, за како да ја тепаш жената. Кој црн статус, кои црни права и слободи ги има жената во Исламот ?

Еве и линк : http://wikiislam.net/wiki/Wife_Beating_in_Islam

И визуелен приказ од книгата која дава инструкции како да се тепа жената.

a-gift-for-the-muslim-couple-book-islamic-sharia-law.jpg

Па размислете што е жената во Исламот. ;)
 
Тука имате одговорено за апостазата(кога и зошто се презема таква казна).Хадисите и самиот куран се објавувани во определено време и со определена потреба.
 
чек чек. нели куранот е напишан наеднаш? како тоа сега “пишуван во определено време и со определана потреба“?
 
Објавата на нашиот пратеник му доаѓаше постепено.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom