Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто светиот ден за Бог прво бил Сабота (кај Евреите светиот ден Сабат), потоа Недела (за Христијаните, иако сепак контроверзно е тоа прашање) а на крај Петок (џума кај Муслиманите)? Некако неодлучен и како намерно да се обидува да не збуни ми се гледа тој Бог, без навреда за било кој верник :)
 
Ок де тоа разбрав.

Дали има врска и со тоа кога се шета муслиманско семејство низ град. Дали е тоа обичај кај вас, дека жена не смее да стои пред маж, па ни кога шетаат.

И зошто е тоа така, ако знаеш д аобјасниш?
А шо ќе праи? да лета?
нормално,ако има потреба да иде у град ќе иде.
што е тука спорно?
Жена не може да предводи молитва кога се мажи присутни во просторијата во која треба да се обави молитвата и тоа е тоа.
јасно ко ден
и дај не мрчете више со тоа.
 
Кажи ми еден од тие повекето муслимани-атеисти кој се декларирал како атеист?
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 00:24 ---

Реков дека кога се обавува молитва,жена не може да стои пред мажи и да ги предводи во молитва.
има такви примери во секојдневниот живот, ама не е сега тоа темата, туку дека искуството покажало дека повекето атеисти од муслиманско потекло се високообразовани за разлика од тие кои немаат некое значајно образование се повеке приврзани со религијата
 
Значи не познаваш таков :)
Ок,фала,пријатно.
 
А шо ќе праи? да лета?
нормално,ако има потреба да иде у град ќе иде.
што е тука спорно?
Жена не може да предводи молитва кога се мажи присутни во просторијата во која треба да се обави молитвата и тоа е тоа.
јасно ко ден
и дај не мрчете више со тоа.

Море, не те прашувам за оџа и молитва.

Ти викам стално глеам муслиманско семејство коа се шета, мажот иде напред 5-6 метра пред жената.

Дали е тоа обичај некој традиционален, и дал знаеш зашто е тоа така, и дал сите го практикуваат?

Околу то аме интересираше, се потсетив коа кажа дека жена не смее да стои пред мажи во џамија.
 
Е тоа е можно да е традиција.
Зависи,јас мислам дека кај албанците е повеќе застапено тоа.
Не знам причина.
 
Е тоа е можно да е традиција.
Зависи,јас мислам дека кај албанците е повеќе застапено тоа.
Не знам причина.

Аха, да бе. Не ми текна мене.

Болдот е точен. Стално биле Албанци тие.

Турците што ги познавам не го практикуваат тоа, точно.

ЗНачи нема везе ова со ИСламот, туку со традицијата на народот.
 
Значи не познаваш таков :)
Ок,фала,пријатно.
јас познавам такви и тоа лично ама не е тоа темата убаво те прашав осврни се кон тоа образованието кај муслиманите да сакав да ги пишувам сите атеисти со муслиманско потекло нема потреба од тоа и такви не ме интересираат мене ме интересира нешто сосема друго ама најверојатно друг ке ми одворори, ке чекам одговор
 
Кога се само жени присутни да(и таа не оџа туку само предводи молитва,прај разлика малку)
кога се присутни и мажи и жени тогаш оџа по твое или предводник на молитвата може да биде само и единствено машко.
Тогаш зошто велите дека мажите и жените се рамноправни кога само и единствено мажи можат да бидат свештеници - оџи?
 
Тогаш зошто велите дека мажите и жените се рамноправни кога само и единствено мажи можат да бидат свештеници - оџи?
Глуп си или на сила напињаш?
Рамноправноста никогаш не значела ИСТИ ПРАВА,тоа и ти го знаеш и сите го знаат тоа ама само кога е исламот во прашање тогаш напињате.
Има работи кои се народски кажано машки работи,и има работи кои се женски работи.
Не е природно жените да рмбаат на бауштела,а мажите да работат како секретарки у фирма.
Да се жалиме ли сеа ние мажите што не сме рамноправни,и што кога се цепат дрва само мажи го прават тоа?
Една од тие работи која е машка работа во исламот е и тоа што до сега пробувам да ти го објаснам.
И дај молим те или биди малку реален или едноставно не ме цитирај повеќе,дете од 5 години би сфатело до сега.
 
Или можеби лошо е преведен куранот, овде за едно прашање 5,6 различни одговори и сега кој е вистинскиот?
Тој што ти ќе си го одбереш и не напињај више,знаете стварно да ја претерате понекогаш.
Дајте конкретни прашања,што замарате со филозофии од кои боли глава.
 
Тој што ти ќе си го одбереш и не напињај више,знаете стварно да ја претерате понекогаш.
Дајте конкретни прашања,што замарате со филозофии од кои боли глава.

Абе по мое доаѓа.:P

Светите книги нудат философија и празна реторика, затоа се и такви прашањата.

Најубаво прашања од реалниот живот на муслиманите да има.

Еве од стално ме интересирало дали Турците и Албанците практикуваат ист вид на Ислам? Дали по одредени круцијални прашања имаат исти видувања?
Можеш ли накратко споредба да даеш.

И кој по тебе е поблиску до вистинскиот Ислам?

И уште едно прашање тука. Дали крвната одмазда ја има кја ТУрците или тоа е надвор од Куранот иповторно е поврзано со национална традиција?
 
Зошто светиот ден за Бог прво бил Сабота (кај Евреите светиот ден Сабат), потоа Недела (за Христијаните, иако сепак контроверзно е тоа прашање) а на крај Петок (џума кај Муслиманите)? Некако неодлучен и како намерно да се обидува да не збуни ми се гледа тој Бог, без навреда за било кој верник :)
Интересно прашање,не се обидува да не збуни,од исламски аспект Аллах знае што е најдобро за нас,и ако е нешто пропишано тоа е за доброто на човекот,Аллах не забранил ништо а да не ни носи штета.
Јас не сум истражувал по ова прашање,но е интересно и ако има некој од браќата муслимани кој го знае одговорот нека го постави :)
 
Или можеби лошо е преведен куранот, овде за едно прашање 5,6 различни одговори и сега кој е вистинскиот?
Аллах во Куранот на едно место вели: Ние куранот го објавивме на Арапски сите да разберат т.е. да сватат.

Куранските цитати се објавени поради некои случувајна во тогашното време. Кои ние тие Курански цитати ги земаме и ги изучуваме доколку се сретнеме со такво случување да знаеме што да правиме. Куранот е објавен за сите, независно дали се Арапи или не, Црнци или белци, богати или сиромашни, мажи или жени.

Земај читај ако сакаш за да разбереш, и оди понатака со прашањата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom