ibn kajjim
Знаеш што?
Ќе бидам искрена и ќе ти кажам нешто.
Не можам да го разберам(најверојатно не сакам да разберам) сето ова перење на мозоци.
И самиот знаеш дека жената како жена нема никаква вредност во исламот освен да служи некому и да раѓа деца.
Од самото раѓање е воспитана да му служи на мажот затоа што најзината мајка,баба,прабаба и прапрапрабаба биле воспитани исто така.
Сето тоа за мене лично е неправда.
Дали кај нас на балканот или пошироко,Иран,Ирак,Азербејџан итн.
Моја пријателка која доаѓа од Иран(успеа да се ослободи од диктатурата на мажот успешно завршувајќи со две деца факултет,наоѓајќи работа во институтот за научни докажувања) направи демонстрација за правата на жените во исламските земји.
Знаеш што и се случи на неа и на организаторките?
Не смеат никогаш да се вратат во својата земја затоа што самата власт им се заканувала со затвор.
Кои права кои бакрачи?
Навистина се сметам за среќна што не сум родена како муслиманка.
Но не ми кажа за твојот пост има ли нешто што не е во ред.
Но ајде,и јас да бидам искрен и ќе ти кажам нешто.
Има убави здруженија на муслиманки во Скопје,зошто никој таму не се обрати и да праша за правата на муслиманката и како таа се чувствува,туку секогаш се слушаат некои душебрижнички невладини организации,големи борци за човекови права,и тие секогаш се најгласни за овие работи.
Се додека не го направиш тоа(да се обратиш до некое муслиманско здружение за жени ако те интересира) ќе сметам дека си во категоријата која не сака да разбере,бидејќи своето знаење го црпиш од луѓе кои ти го напишале тој текст што го напиша погоре,и своите заклучоци ги темелиш врз тој текст,кој јас ти го побив за неколку минути, а камо ли да ти одговори некој кој е повеќе учен од мене,јас сум само капка во морето.
Тие жени се образовани и работат,и плус носат хиџаб,и се грижат за своето семејство.
Додека ти,ем ќе се слечеш гола,па ќе се рекламираш,па ќе привлекуваш внимание,и пак ништо,и пак ќе се чувстуваш понижена и искористена.
И јас не говорам овде за поединки,сегде има исклучоци,а и Иран е тоа што е,милион пати имам кажувано,ниту била исламска република,ниту е репер кој се зема за споредување и укажување како функционира исламска држава.
Но како и да е,ако бараме поединки и такви случаи,секаде ќе најдеме црни овци во стадото.
Јас ќе се трудам,ќерка ми да добие исламско образование,да биде добра муслиманка,од мали нозе да ја воспитам по исламските начела,каде нема идоли да и бидат Лејди Гага,Рихана и слични јадни душички,да знае каде и е местото и кои се нејзините права во исламот,општеството и фамилијата,да не ја чекам до 3 саат да си дојде од дискотека пијана и дрогирана,да не запознавам нов дечко на секои две-три недели,да не гледам слики од одмори со дечко и,итн итн.
Го молам Аллах да ми го овозможи тоа што го планирам.
А тоа што се сметаш среќна што не си муслиманка,па јас нема сега да се отепувам овде за да ти си го смениш мислењето.
Ако ти одговара така,јас не можам да ти помогнам.
Ти посакувам се најдобро.
--- надополнето: 29 август 2013 во 03:17 ---
Праведноста се состои во тоа да го правиш тоа што не сакаш тебе да ти го направат,кажано на некое фундаментално ниво но воглавно е така.Која е правдата ти да седиш во дневна гледајќи турски серии и да ги слушаш стенкањата на твојата сопруга која има жесток секс со сопругот број 3(со поголем алат од твојот,ти тоа го знаеш бидејќи жената во последната караница ти го кажа тоа) во спалната соба(ова хипотетички во некој паралелен Универзум каде улогите на мажот и жената се заменети)?
Не сум за вакви глупави хипотетички муабети.
Друг некој ќе си најдеш за таа работа.
--- надополнето: 29 август 2013 во 03:29 ---
Религијата дозволува се,прочитавме некои основни работи битни со дискусијава.
Дали ти ако имаш ќерка и таа се заљуби во христијан,католик не е битно ќе и дозволиш да се омажи со истиот,а притоа е ветена на муслиман?
Нема татко што да и дозволува или забранува на ќерка си,туку ќе ја воспитува според исламски правила и прописи за да таа знае што Аллах забранил а што дозволил.
На муслиманка и е забранет бракот со некој кој не е муслиман,и тука никогаш немало полемики и дискусии.
Муслиманка не може да биде ветена ако не сака,тоа не е исламски пропис и исламска постапка.