Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Точно ли е ова ? Дека сите пејгамбери пред Иса а.с предвиделе жртвување ?
Во Куранот стои дека распнувањето им се причинило и дека Иса а.с е воздигнат, ако е така како е можно пак да го виделе ?
Превземено од друга тема!
Ако веруваш дека Мухамед ја кажувал вистината, тогаш што мислиш зошто сите останати Божји пратеници лажеле? Зошто на пример пророкот Исаија лажел дека Исус ќе биде неправедно осуден и дека ќе биде убиен за нашите гревови?
Зошто Давид лажел дека Исус ќе воскресне?
Зошто стотици христијани лажеле дека Го виделе Христос воскреснат и не се откажале од оваа вера и од ова сведочење дури и до нивната смрт? Јас разбирам некој да лаже заради некаква си лична придобивка, но не можам да разберам стотици Христијани да лажат притоа не добивајќи ништо (ниту слава, ниту моќ, ниту власт, ниту пари, ниту материјални нешта), туку само прогонство и маченичка смрт (распнување, бесење, спалување на клада, фрлање во арени во кои што биле живи изедувани од лавови).
Можеш ли да најдеш оправдана причина зошто овие христијани дозволиле да бидат маченички убиени заради својата вера, освен ако тие навистина не го виделе воскреснатиот Христос?
Зошто верувате во Бога? Една причина може ли?
Зошто верувате во Бога? Една причина може ли?
Двојно прашање.
1. Ако е казниво со смрт да се прикаже сликата на Мухамед, како тоа во Иран на секој втор чекор има постери со ликот на Мухамед (државата која и постави фатва на Салман Рушди за Сатански стихови)
2. Дали тоа значи дека секој Муслиман треба да убие Иранец, односно Шиит бидејќи тој не се моли на Мухамед како негов пророк, туку на Али.
Имам некои сознанија за ова од другари кои учеа во КСА и во Кувајт во религиозни училишта, но ме интересира да видам колку се мејнстрим нивните изјави.
Благодарам однапред.
Бидејќи јас го напишав горниот текст на другата тема, би сакал да бидам еден од оние чесни библиски и историски истражувачи кои ќе ти потврдат дека горенаведеното е вистина. Очекувам и останатите (атеисти, муслимани) да го потврдат истото.
1. Да, многу пејгамбери пред Иса предвидувале жртвување. Доколку немаш Библија дома, може да ги читаш пророците (пејгамберите) и со помош на оналјн Библијата: www.mkbible.net
Најдетално пророштво за жртвувањето на Исус дава старозаветниот пророк Исаија, кој живеел околу 700-800 години пред да се роди Исус. Во неговата книга се наведени над 50 пророштва за Исус меѓу кои и мачењето и распнувањето на Исус.
За да не се повторувам, неколку од тие пророштва ги напишав на темата "Библиски пророштва" (види последната страна) или пробај со следниов директен линк: http://forum.kajgana.com/showthread.php?21532-%D0%91%D0%B8%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%B0/page6
Понатаму, за старозаветните пророштвата за Исус можеш повеќе да читаш и на следнава страна: http://www.veronauka.com.mk/isus/messianics.html
(на оваа страна ги имам убаво и табеларно подредено пророштвата заедно со нивните исполнувања)
2. Прашуваш: како е можно да го виделе Исус. Одговорот е едноставен, само потребно е објективно истражување на вистината. Постојат многу независни историски книги, кои биле напишано воглавно од нехристијани и кои го опишуваат ѕверското прогонство на христијаните во првите 3 века - додека било илегална (забранете религија). Можеш да читаш на пример за императорот Нерон (54-68) кој просто ужувал да ги убива Христовите ученици. Најзабавен дел му било кога ќе ги облечел во јагнешка кожа и потоа ќе ги фрли во арена каде што биле дочекувани од гладни волци, мечки, лавови или тигри. Додека овие диви животни ги раскинувале христијаните, императорот Нерон заедно со неговата придружба просто уживале во овие спектакли. Слична ваква демонска опседнатост имале и другите римски императори како што се на пример Диоклецијан(284-311), Домицијан (81-96), Марко Аврелиј(161-180), Трајан(98-117), Валериј(253-260), Аврелиј(270-275). Годините што го опфаѓаат првиот век намерно ти ги здебелив, за да забележиш дека тие ги гонеле првите христијани - оние кои го виделе воскреснатиот Христос и кои заради таа своја непосредна средба со Него, биле спремни да загинат маченички, но од верата да не се откажат.
Оние христијани кои биле римски државјани најчесто завршувале на полесен начин - со отсекување на главата. Но останатите биле најчесто живи запалувани на клада.
Римските императори не ги убивале веднаш штом ќе ги виделе христијаните. Тие прво им давале шанса да преживаеат со тоа што ќе се одречат од верата во Христос и ќе се поклонат и ќе принесат жртва на некои од боговите на римскиот император. Но христијаните, имајќи непоколеблива вера во воскреснатиот Христос Кого го имале видено со сопствени очи, едноставно не можеле да се одречат од Него и да го заменат овој земен живот со вечниот живот кој ќе им го подари Христос. Некои од нив дури и со песна си заменувале од овој свет, знаејќи дека смртта е само една обична запирка, зад која ги чека нивниот Спасител Христос да им го подари венецот на животот.
Вехабиите кои ги знам ми кажаа нешто сосема различно, мило ми е што тоа верување не е мејнстрим.1.Поздрав нема никави слики на последниот Пратеник ,него има слики на хз.Али (р.а) така да.....
2. одговорот е под бр 1. нит суните нит шиитите се молат на некој друг освен на Аллах (џеллешануху)
Slucajno da ne ti kazjaa i deka se Vehabiii:tv:Вехабиите кои ги знам ми кажаа нешто сосема различно, мило ми е што тоа верување не е мејнстрим.
Ve citam samo nesto drdorite za vehabii a neznam dali voopsto znaete sto se vehabii i koi se tie luge vsusnost...
Toa se samo lagite koi se shirat za Vehabiite (VISTINSKITE),osven ako nekoi grubi na lugje koi se prestavuvaat kako vehabii a nemaat nikakvi dopirni tocki...
Да зато што се "вистински" колат и убиват по цел свет.Па и муслиманите од Босна не можат да ги трпат,плашат се.