Ipsissimus
P.I.
Зошто реков дека дестинацијата е една? Затоа што важи за сите, но начинот на разбирање - "патот" е различен за различни луѓе.очигледно за различни концепти на вистина збориме. за мене, кога се збори за вистина, мислам на една која важи за сите, без разлика на индивидуата. ти даде еден пример, и не викам не, али како контрааргумент би го дал овој пример: дали е различно ако се изгориш на рингла? и ти и јас ќе имаме изгореници, и тоа е вистина за двајцата/тројцата, сите!
Ако почнеш да веруваш дека твојот пат е единствен пат што постои, и почнеш да им го наметнуваш истиот на сите останати тогаш можеш да бидеш само причина која ќе ги води останатите во заблуда, се разбира доколку ти поверуваат.
Тоа е случајот со староеонските религии и зошто се како рогови во вреќа. Затоа што искуството и осознавањето го замениле со слепа верба во нечие туѓо сведоштво или искуство, верба чиј двигател е стравот и надежта.
Последно уредено: