Прашај ме да те прашам

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
А,бе,дете,сешто сонува.
Реалноста подоцно се осознава.
Терминатор.
Имаш ли говорна маана ?
 
Новинарството е барем дофатливо, не дека и овие не се, но нивниот број е значително помал, а и се бараат многу врски. Башка кај нас, минатиот состав на припадници во државна безбедност се сотре, а и оние што останаа цело време се по затвори, сем Богоевски.

Не, немам говорна маана.

Што ти е најголемата животна грешка? :)
 
... што одложував многу работи со изговор ,,има време,, ! :(

Дали си јавал/ а - коњ ! :)
 
Животот е долг, за се’ има време.

Да, неколку пати.

Дали религијата позитивно влијае врз општеството? :)
 
Да,но општеството треба подобро да ја негува.
Што најмногу те развеселува ?
 
Не можеш да бидеш повеќе грешка. Но темава не е наменета за несогласувања.
Добар виц, некое смешно видео или нешто слично во таа конотација.

Дали политиката би требало позитивно да влијае врз човекот, генерално? :)
 
Политиката влијае само негативно.Депримира.
Да имаш волшебни моќи,што би направил со нив ?
 
Ништо, би ги употребувал за свои себични потреби.
Дали државата треба да троши на уметност која никој не ја разбира?
 
На нормална уметност,да.Но не на навредливи стихови.
Зошто се зачлени на форумов ?
 
Имаше само 2 стиха навредливи и тоа првите 2 во последната строфа на “Партиски вработена“. Останатото е сурова реалност, па и дел од слободата на говор, како однос на еден вид критика на нашата демократичност и принципиелност. Другата песна немаше ништо навредливо. Што е до мене, како слободна уметност, би ги пуштил во јавност без никаков проблем.

Да научам нешто повеќе, за добра дискусија и за дружба.

Што е целта на животот?
 
Да се живее исполнето. :roker::tvg::kafence::masa:
Би се тепал ли со непријателите до смрт ? :boksix: :pos:
 
Кои непријатели!? Повеќе сакам умствени игри затоа што човековиот карактер брзо се распаѓа во дискусија која ги тегне нервите до недоглед. Јас сум повеќе за таков вид на борба. Пред се’ затоа што тешко е да ме испровоцира некој, а и тоа ќе биде игра на домашен терен.

Дали е вистина дека спротивностите привлекуваат!?
 
Можеби да,можеби не.
Што е за тебе нелогично ?
 
Сето она што е надвор од доменот на логиката и разумот.
Дали моќта да решаваме проблеми лежи во динамиката на еволуцијата или цврство е вградена во генот ирелевантно на тоа дали се работи за животно, растение или пак човекот?
 
Во еволуцијата. Искуството и интелигенцијата си го прават своето:)

Во која црква ќе одиш вечерта за Велигден?:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom