Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.625
- Поени од реакции
- 36.939
Темава ја замислувам како место каде ќе може да се поставуваат прашања за совет и анализа на однесувањето на кучињата во одредени ситуации. Пожелно е поставување видео клипови, кои треба да не бидат ни премногу долги ама ни премногу кратки, едноставно да се види целата ситуација.
Пред се идејата е пружање на совети и помош во воспитување и лесна дресура на кучињата.
Пошто јас лично сеуште немам свое куче, темава ќе ја започнам со снимка од еден несекојдневен настан. Погледајте го клипот, и дајте мислење за однесувањето на учесниците.
Јас не сум познавач, ама еве го моето (лаичко) мислење:
- Кучево дефинитивно беше во предатор мод, детето никако не провоцираше со бегање или било како, освен што беше ранливо и достапно.
- Мачката ме зачуди, мислев дека повеќе се индивидуалци, ама изгледа дека имаат и нешто како концепт за глутница. Непобитно го нападна кучето, сега дали за да го одбрани детето или за да одбрани територија... не можам да бидам сигурен. Ама некако мислам дека го бранеше детето, пошто неколку пати погледнуваше кон него.
- Третото релевантно животно, женката Homo Sapiens најмногу ме изнервира. Прво толку мало дете е оставено да игра само на улица. Второ, неколку секунди после нападот го остава детето само... Нееодговорност х2.
Во секој случај, однесувањето на кучето е сосема неприфатливо. Без разлика што детето не смеело да биде оставено само на улица, сепак во урбана средина извесно треба да очекуваме безбедност. Не сум сигурен дека ова куче може да се рехабилитира, ниту дали кога работата е дојдена до таа точка да децата дефинитивно се гледаат како плен, дали воопшто е безбедно да се рехабилитира тоа куче. Грешките во тој процес кој ќе ги плаќа, некои други деца?
Како и да е, ме интересираат вашите мислења за однесувањето, превенција и корекција на ваквото однесување во самиот почеток. Кои би биле првите видливи знаци, и слично. Повелете коментирајте.