Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Доколку сметаме дека религијата е одговор на сите прашања, тогаш би требало да се запрашаме зошто сеуште постои системот на магијска свест, ритуализмот и обредите. Едноставно, гордото мото на црквата Quod semper, quod ubique, quod ab omnibus, не успеало да ја втемели својата апсолутност и да ги надмине потребите од овоземски потраги по природните сили кои се инхерентно поврзани со сите живи и неживи нешта и да го воспостави својот кредибилитет како главен арбитер и последна вистина. Човештвото и човекот, аксиоматски и фактички, сеуште и таа /религијата и црквата/ ја става под сомнеж за погрешно толкување на магијата на животот?
Зошто го велам тоа? Поради фактот што сеуште никој не успеал да ја дефинира љубовта поинаку туку како нешто необјасниво и магично чувство.
Дали тоа значи дека магијата има премоќ над догмата бидејќи не бара слепа верба, туку едноставно живеење со ослободен дух од наметнати стеги?