Позитивни и негативни работи од друштвото

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Колкаво е влијанието на другарите и другарките врз вашите навики, однесувања, размислувања...?
Дали друштвото ви влијаело врз создавање на лоши навики, пр. пушење, алкохол, во последно време марихуана и останато или ситни (или покрупни) кражби и сл.
Кои се позитивни работи кои сте ги стекнале од дружењето со нив?

Кога би почнала од себе прво со лошите навики би спомнала пушење. Значи првата цигара ја запалив на многу мала возраст (14-15 години) со другарки. Не дека сакав цигари или имав потреба да запалам, него сите пушеа па и јас :icon_roll. И си ја влечам таа грозна навика до ден-денес.

Кои се вашите позитивни и негативни работи?
 
Единствено за позитивно убаво ми е во друштво се смеееме праиме глупости и слично. Ама негативно како цигари ова она не се фрлам јас од камени мост ако други се фрлаат така да нема влијание тоа.
 
Колкаво е влијанието на другарите и другарките врз вашите навики, однесувања, размислувања...?
влијанието на моето друштво врз мене е прилично големо,со нив сум секој ден,низ се што имам поминато е со нив,постојано разменуваме информации,размислувања,така што логично е да се менуваат и моите ставови со оглед на случувањата во друштвото.
но сепак не ми се случило да ми солат памет или да се обидуваат да ме променат,се мењавеме сите поради околкностите и случките во кои сме секојдневно.

Дали друштвото ви влијаело врз создавање на лоши навики, пр. пушење, алкохол, во последно време марихуана и останато или ситни (или покрупни) кражби и сл.
не!едноставно моето друштво не е такво,нема да ме присилат на нешто што не сакам да правам а не сакам да пушам или да крадам.ми имаат пушачите викано да запалам ама не сум сакала и знаат дека џабе се трудат.што се однесува до алкохолот сум пиела не затоа што друштвото пие туку затоа што ми било интересно,сум сакала да пробам и сл.

Кои се позитивни работи кои сте ги стекнале од дружењето со нив?
не можам конкретно да набројам кои се лоши и добри работи но знам дека ме имаат научено на многу работи и ако не се дружев со сите нив немаше да бидам ваква каква што сум како личност.

love you all:pipi:
 
Со мало задоцнување... средено, не мора да паѓате на провокациите. :)


он топик,

Секако дека има лоши и добри навики кои сум ги стекнал благодарение на нив. Не жалам нити за едните нити за другите, мили ми се и ''лошите работи''-ајде така да ги наречам. Си имам контрола и граници до каде би одел па затоа и сум менувал друштво, бидејќи според мојот компас другарството одело во грешни насоки(искористување, пикање на носот каде што не треба, крадење на жени и сл). :)
 
Со мало задоцнување... средено, не мора да паѓате на провокациите. :)


Се излизгав да, ама после "експертските совети" на темата бременост и крајната несериозност прагот на толеранција ми се измести и едноставно морав. :smir:
 
кај мене друштвото нема влијание врз мене со позитивни или негативни работи

туку е обратно, односно јас имам влијание врз нив и потпаѓале под моето влијание да прават лоши и добри работи. не се гордеам со лошите работи на кои сум ги навел, но бев тогаш премногу незрел, како и моите другари и правевме многу глупости.

сега се трудам се што правиме да е позитивно
 
Се е до карактерот...ако имаш јак карактер никој и ништо не може да те смени, се додека ти навистина сам не ја посакаш таа промена...
Јас еве, кога бев 8 одделение, се дружев со деца кои пиеја, пушеа цигари, а некои и по марихуана посегнаа...Јас не направив ништо од ова, зашто не дозволив да подпаднам под нивно влијание, како што направија многу други. Да пијам почнав подоцна, само затоа што јас сакав, и тоа не се...само некои нискоалкохолни пијалоци...И до ден денес не сум пушач и не ни планирам да станам...за дрога уопште не правам муабет!:)
 
Колкаво е влијанието на другарите и другарките врз вашите навики, однесувања, размислувања...?
Дали друштвото ви влијаело врз создавање на лоши навики, пр. пушење, алкохол, во последно време марихуана и останато или ситни (или покрупни) кражби и сл.
Кои се позитивни работи кои сте ги стекнале од дружењето со нив?
ништо лошо немам “преземено“ од другарите...знам...знам дека не се цвеќе за мирисање, али се трудам да ги сменам...
 
ништо лошо немам “преземено“ од другарите...знам...знам дека не се цвеќе за мирисање, али се трудам да ги сменам...


Е шубаво ме потсети за вашето влијание врз другарите. :smir:
Што сакаш да смениш? Како го правиш тоа? Колку успеваш? Нормално ако не е ништо страшно и ако сакаш да кажеш. :)
 
Тоа беа други времиња, кога бев помала и се живо ми влијаеше, како и на сите пубертетлии, и воедно кога започнав со сите мои пороци.
Да не ми пушеа другарите од друштвото во основно, јас немаше да пробам цигара. Да не пиеја, немаше да пробам алкохол. И тоа не сум само јас (иако признавам дека имам адиктив персоналити у поглед на пороци :icon_lol: ), повеќето деца дур се у процесот на изградба на својата личност се претерано подложни на влијанија од околината.
Е сега, на некој ќе му бидат подоминантни влијанијата од дома (не пуши, не пиј), на некој влијанијата од друштвото. Јас сум во вторите. :icon_lol:

Сега мислам дека сум доволно паметна сама да оценам кои карактеристики на луѓето од друштво смеам да ги прифатам, кои не.
Плус и генерално не се дружам со некои тешки деликвенти, па да морам да се пазам од влијанија. :icon_lol: Од пријателите можам единствено добри влијанија да попримам, мада прашање и тоа.
 
Друштвото ме научи како да се понашам пред други луѓе, и кој се правилата на однесување.
А за пороцои како алкохол и цигари...за тоа сам сум виновен-поточно градот Скопје
 
Според мене, кога се дружиш со некој, најнормална работа е да попримиш некоја карактеристика или нешто слично. Нормално дека не смееш се што ќе ти сервира некој да попримиш, затоа што е тоа веќе лабилен карактер, ако секој човек успее да ти влијае. Јас малку сум тврдоглава, па обично не попримувам ништо од другите, ама и тоа ми се случува.
Од моите најблиски другари/другарки веројатно несвесно имам попримено нешто, ама не знам што, не можам да се сетам на ништо конкретно, реков тешко попримувам карактеристики, но затоа на пример користам многу узречици, зборчиња кои сум ги чула од друштвото.
Значи сепак мислам дека сум попримила нешто и би рекла дека сум попримила само добри работи, зашто ако приметам дека почнувам да стекнувам лоши навики или карактеристики, тогаш не би ни биле мое друштво. Ама бидејќи не стекнувам лоши работи (или сосема малку), најблиските се со мене преку 7 - 8 години и ги сакам најмногу на свет. А за време од 7 -8 години, сигурно сум закачила нешто и од нив, како и они од мене.:smir:
 
пцуењето е негатива
позитивно е дружењето забавувањето и бркањето женски
 
Сум менувал многу друштва. Никогаш не сум бил постојан.

Ама тоа најверојатно зашто друштвата премногу ми влијаеле и тоа не сум го сакал. Секогаш сум сакал да имам нешто свое, кајшто ќе бидам свој и кајшто нема никој да може да ме чепне.

Зашто знам дека можат луѓето лесно да ми влијаат ако им дозволам, па затоа ми требаше време да се изградам. За тоа време сите ми правеле шт сакале, а јас сум се залетувал по сите. Нормално, резултат биле бројни разочарувања, како последниот пат кога добив ваков муабет: „Ќе правиш како што ќе ти кажеме или најди си друго друштво!“ И ги послушав: си најдов друго друштво, а нив ги откачив.

Веројатно сè тоа е процес на учење. Секој дури не се изгради ќе прима сè. Важно е да има филтер, со кој ќе може да процени што му одговара, а што не.
 
Супер ми е друштвото едноставно каков сум јас и тие се такви
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom