Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Сигурно повеќето од вас се согласуваат дека се повеќе сме опкружени со негативен набој на енергија, смуртени фаци и негативни луѓе кои едвај чекаат да промрчат нешто за да ви го расипат денот.
Сепак, не е се толку црно. Секојдневно ни се случува и по некоја можеби мала, но многу значајна и позитивна работа. Можеби детенцето од маало ни подарило цветче или сме присуствувале на убава случка и не' направила среќни.
Денес е 20-ти март, календарски - првиот ден од пролетта, а покрај тоа 20-ти март е прогласен и за Меѓународниот ден на среќата.
Доаѓа пролет, доаѓа и среќата.
Затоа ја отварам оваа тема на денешен ден, за да ја исполнуваме со прекрасни случки кои ве наполниле со позитивна енергија, а сакате да ги споделите со друг, можеби некоја слика или видео кое сте ги виделе, а сакате да ги споделите.
Не заборавајте, не е поентата на темава да стане сликовница или хит на денот. Добродојдено е се што ве прави среќни и позитивни на денот на кој пишувате, но јас би преферирала кога повеќе би се сконцентрирале да пишувате случки на пример.
Денес кога го видов прекрасново време надвор, мераци невидени, ретко се случува да не ми е проблем да станам наутро, ама денес со задоволство станав, се средив, излегов, ставив слушалките во уши и ми се пушти оваа песна. Се окезив од уво до уво, бидејќи многу ја сакам и не ни бев свесна дека си се смешкам и одам. Поминав покрај неколку луѓе кои не ги познавам и сите ја возвратија насмевката.
Ете, сега за сега, тоа беше мојата позитива на денот, оставам вие да ја дополнувате темата и се надевам ќе има постови, затоа што позитивната енергија вреди да се сподели!
Среќна нека ви е пролетта!
Со една надеж,
за трошка љубов,
за малку среќа, живееме
Чукни во дрво, вистина е -
надвор е пролет, живи сме...