Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Кафичот си е отворен пак со сменето име, се пее и се пие. Барем ентериерот да го реновирале.
Децата за џабе умреа, ништо не се смени и нема да се смени. Кочанчани испаднаа огромни идиоти, без емпатија и свест. Не ги казнија партиите, ѓубре пак си има насекаде, на никој не му е гајле за ништо.

Зарем пак оди некој во тој кафич?Нели го демолираа?
 
Туку кај се оние од „силните“ НВО-а (чиј број и не се знае колку се) кои се занимаваат со насилство врз жени деца, заштита на деца и кој козјнае уште што ... да покренат акција против родителите на малолетниците што дозволуваат и не знаат кај им се децата по цела ноќ?
..или нив ги интересираат само парите што ги добиваат и си ги делат помеѓу себе...

... вака гледајки по ТВ оние што маршираат по улиците не ми изгледа дека бараат правда, вршат притисок врз судот, те им сметаат адвокатите, те ова те она, бараат линч.....
Многу од правната фела кажуваат дека во случајов се измешани баби и жаби... едно е мито и корупција, друго е преполнување на салата да нема ни гс место, трето е внесување на пиротехнички материјал, четврто е што некоја будала го запалила тој материјал на место кај што таванот му е едвај изнад глава.... итн
т.е на секој треба да му се суди според делото.... но јбг, кај нас се е политика па ништо чудно ако вака се настојува да судењето ко што викаат правниците да трае и повеќе од десет години....

А ако се водиме според случајот со монтажната болница тогаш во овој случај фаќелот е крив и никој друг...
 
Последно уредено:
Ниту еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не чувствува вина

И што е најтрагично, ова не е ни стратегија на адвокатите, јас верувам дека стварно не чувствуваат вина, пошо не може да го видат транзитивното својство, како овој ланец на настани се одвивал со години и довел во вакво сценарио.
Нека ги затворат сите по едно 60 години и Нека не чуствуваат вина.
 
А ако се водиме според случајот со монтажната болница тогаш во овој случај фаќелот е крив и никој друг...
Во таа монтажната болница микрофактор е кабелот, а целосната последница за пожарот е лошо изведената електрична инсталација и несоодветна вентилација во просторија заситена со кислород.
 
Во таа монтажната болница микрофактор е кабелот, а целосната последница за пожарот е лошо изведената електрична инсталација и несоодветна вентилација во просторија заситена со кислород.
Исто е и во пулс, со неквалитетните и несоодветни материјали и немање противпожарен систем. Толку многу жртви можеле да бидат спречени и таму и таму.
 
Исто е и во пулс, со неквалитетните и несоодветни материјали и немање противпожарен систем. Толку многу жртви можеле да бидат спречени и таму и таму.
Во модуларната и да имало ПП систем тешко дека таков пожар настанат од преголема концентрација би бил изгасен колку ова и сурово да ти е. Во Пулс имало и неколку настани каде се употребувале пиротехнички средства па вакво нешто не се случило. Веројатно се работи за некои пиротехнички материјали кои се забранети за употребување во затворен простор. Како заклучи ти дека неквалитетни и несоодветни материјалите? Секаде во светот се користи таква сунѓераста маса за звучна изолација. Нешто што ми падна во очи е тоа дека некој ја донел пиротехниката во клубот без дозвола. Колку што јас знам единствен познат музичар кои има сертификат за вакви работи е Тил Линдеман од Рамштајн, а дури и тој не ја пушта пиротехниката одма на настап туку си прави проверка. Тоа во нашата трагедија не е случај. Жртви можеле да се спречат и со повеќе излези, забрана за малолетници после 23 часот, а доколку ги има треба да се казнати родители и сопственикот, соодветна ПП заштита и нешто што е многу важно Елаборат за објектот составен од многу работи меѓу кои се градежни зафати и модификации, електро инсталација, обележани влезови за евакуација кои се широки за да не настане стампедо. Тука има вистина елаборат ама се менувала само првата страна од тој елаборат.
 
Не разбирам што е поентата на анкетнава комисија. Ми се чини ко губење на време и пари.
Сите молби за правда што ги имаат луѓево ги упатуваат на погрешно место, никој од судскиот совет не е таму.
Арно рече некој, треба родителите правно лице да ги застапува.
 
Па си имаат адвокати и оштетените.
 
Не разбирам што е поентата на анкетнава комисија. Ми се чини ко губење на време и пари.
Сите молби за правда што ги имаат луѓево ги упатуваат на погрешно место, никој од судскиот совет не е таму.
Арно рече некој, треба родителите правно лице да ги застапува.
Е моја ти..Непишано правило е дека кога се формира комисија после некој тежок настан целта е да се сокрие вистината и одведе во погрешен правец..Така е со убиството на Кенеди и Вореновата комисија па наваму а може и порано било као пракса не знам..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom