Добредојдовте гуштери, гуштерки, и останати рептили. Како што знаете, веќе сте прва година, средно (име на струка тука) и од овој момент веќе сте средношколци. аплауз.Засега сте мамини галеничиња, младичи што мастурбираат и девојки се заљубуваат, но не се секирајте сето тоа ќе ви помини, барем до 4-та година голем број на бракови ќе се стекнат а и разводи уште пред да ја земете дипломата. Тука во средно, ќе научите од постарите колеги како се пушат цигари, (пред врата, клозет, на час итн) а и ќе научите што е тоа клиторис од биолошко а и улично значење.
Немојте да бегате од часови оти пишиме неоправдани, кои нормално истите можат да бидат заменети во оправдани, зависно од коефициентот на маснотии во скарата која ќе ја почести вашиот родител. Пред да речете “Научив“ ќе дознаете дека предност имаат сите деца на влијателни личности , џандари инспектори, адвокати, судии, деца на бизнисмени или луѓе што имаат потенцијал за да извлечеме некаква корист од нив. Со сите петки ќе бидат како по обичај синовите на судиите инспекторите а и оние чии татковци се сопственици на некој локал. Тоа вас нека не ве загрижува, воопшто нема да останите на полагање. Стискам малце, за вас помали од рајата, кои лебот го вадите со мака и пот, па ќе мора да учите и присуствуват 9 месеци без прекин а ако сте болни, е тогаш разболете се уште повеќе за оправданието да биде што повалидно.
Исто така, добро е да знаете дека од кај професорката *(името нејзно овде)* што има бутик, пожелно е да сте облечени во гардеробата купена од кај неа, со цел да и дадете попријатни моменти облечени во супер гардероба додека сте на час. Не заборавајте да си купите папагалче, водна желка или друго милениче од кај професор (тој и тој) со цел да си го направите вашето време позабавно, а кога доаѓате на школо, строго возете се со такси СКУЛ ГРЛ, пошто професорот тој и тој е сопственик на неколку возила и би ве возел поевтино. Работите овде функционираат плати па уживај, па најчесто тие што не учат и имаат некој родител од кој имаме ние корист најчесто ќе ги видите на кафе седнати со неколку девојки додека вие го чекате да ѕвони 7-ми час. Пријатен престој.
Вака нешто бараш?