Powerplay manager PPM

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.095
Поени од реакции
28.827
Powerplay manager или скратено PPM е онлајн игра која претставува збир од неколку засебни спортови како: фудбал, кошарка, ракомет и хокеј кои се засега пуштени а најавени се формула, одбојка, тенис итн.

Во фудбал моментално добро ни оди имаме своја лига своја репрезентација со која денес изборивме пласман на светско, како и U21 и U17 репрезентации. Како и секој менаџер и овде има тренинг центри, академии, млади играчи итн.

Во ракомет сме блиску до добивање на лига и на репрезентација но потребни се активни менаџери со цел да се одржи некоја солидна бројка за посебна лига. Мислам дека ова е единствениот ракометен онлајн менаџер и добро би било да се регистрирате и да го зголемиме бројот на тимови и тука.

Во кошарка моментално почна втора сезона но со добра организација очекуваме и таму да добиеме лига и секако да почнеме да газиме, тука би ги замолил менаџерите на buzzerbeater или cahazay кошаркарскте менаџери да направат свој тим.

Секој кој сака да се регистрира и да помогне во добивање на репрезентации во ракомет и кошарка како и одржување на квалитетот во фудбал нека кликне => тука <=
 

Kajgana Shop

На врв Bottom