Power Point презентација

  • Креатор на темата Креатор на темата Epics™
  • Време на започнување Време на започнување

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Локација
Skopje
Здраво Кајганџии и Кајганџики :)

Ми треба мала помош во врска со проектната за матура.
Значи вака. Откако ја предадов проектната менторот ми рече да направам презентација во Power Point.
Јас немам никаков проблем со тоа но она ми рече дека времето ќе ми биде ограничено, и ќе треба да се наместам додека презентира некој друг.
Е сега работата е тоа што нема да има проектор, па јас да можам да го поврзам Лаптопот, и да презентирам така, туку рече дека можам само да го поставам лаптопот пред тричлената комисија и на тој начин да им презентирам.

Проблемот ми е тоа што лаптопот ќе биде свртен накај нив, а јас нема да можам да гледам што ќе презентирам ( Океј си реков ќе ги научам слајдовите на памет ), но ми треба начин како од далеку јас да ги менувам слајдовите без да го допирам лаптопот. Дали постои таков начин ?
Размислував и да ги наместам автоматски да се менуваат слајдовите, но нема да биде добра идеја, бидејќи може да испомешам нешто.

Секој совет би бил добредојден.

Благодарам однапред.


П.С. Сакам да им се извинам на модераторите ако не требаше да отворам нова тема за ова, но навистина ми треба помош и сакав повеќе членови да можат да видат.
Ако има ваква тема би ве замолил да ја споите.

Благодарам на разбирањето.
 
Намести си го лап топот под агол од каде ке гледаш и ти и тие и кликај си сам и како мењаш слајдови така збори си.Не се замарај дали ке изгледа про, нема потреба пошто тоа е пред школска комисија кои не се којзнае колку строги а и нивна работа е да обезбедат опрема за презентирање не ти.Не се замарај топ ке поминеш.И ја мислев којзнае како ке биде ама се изненадив.На сите им е страв на почеток и премногу се замараат со тоа, ке биде многу полесно од што очекуваш и нема со такви ситници да се замараат веруј ми
 
Бежичен маус земи од некој другар и решена работа, во рака маусот и менувај кога сакаш.
 
Автоматски не е возможно, пошо ако добиеш прашање од комисијата (па ти да одговараш) - тогаш ќе се изгуби синхронизацијата со слајдовите.
Само wireless mouse за твојов случај.
 
И јас се согласувам дека најдобро е со wireless mouse, но можеш да ги менуваш и со телефон преку блутут, најдобро би било да имаш телефон со Android или можеш со Nokia тие имат Nokia Wireless Presenter...:):)
 
Ќе се наместиш под агол од кој што ќе може и ти да ја гледаш содржината на слајдовите. Слајдовите ти се доволни само за да се потсетиш што треба да зборуваш, не да читаш од нив. Исто така, немаш потреба од никакво далечинско менување... ништо не би им сметало да си пуштиш рака да смениш слајд.

А ако толку ти е за да менуваш од далечина, имаш безжични мауси или ако имаш Android или iPhone, имаш апликации за нив за remote control, ќе ти завршат работа.
 
Ќе се наместиш под агол од кој што ќе може и ти да ја гледаш содржината на слајдовите. Слајдовите ти се доволни само за да се потсетиш што треба да зборуваш, не да читаш од нив. Исто така, немаш потреба од никакво далечинско менување... ништо не би им сметало да си пуштиш рака да смениш слајд.

А ако толку ти е за да менуваш од далечина, имаш безжични мауси или ако имаш Android или iPhone, имаш апликации за нив за remote control, ќе ти завршат работа.
Mojoв Сони Ериксон w810 шо е антика може да се поврзе со компјутер преку блутут (лаптопите најчесто имаат блутут) и да користи како маус. Не мора да е андроид/ајфон :D

Иначе да, или телефон или бежичен маус.
 
Обично комисијата поставува прашања откако ќе завршиш со презентацијата, значи нема да те прекинуваат додека презентираш. Мислам дека даваат 5-7 мин а ти од дома за секој слајд ќе си направиш за колку време сам да ти се смени.
Или пак ако дозволат некој друг да биде до лаптопот и да ги мени слајдовите.
Со безжичен маус ќе немаш контрола колку слајдови вртиш ако воопшто не ја гледаш презентацијата. Доколку менуваш со стрелката може да ти се измести а со скрол копчето може да се случи неколку слајда да прескокнеш.
Мора да обезбедат проектор не сме 20 век бре. :tapp:
 
И јас сум матурант брат и професорите ми рекоја дека презентацијата е за мене за потсетвање. Ако сум сигурен дека го знам целиот материјал од проектната неморало ни презентација. Јас сабота ја бранам ама мислам лесно ќе си поминам :) .
 
Значи, power point презентацијата не е наменета за они да и се радуваат, наменета е за ти да се потсетуваш додека презентираш, идиотски е да не ти дозволат да ја гледаш, кога тоа и е намената. Не се замарај со овие детали зашто не верувам дека некој друг од тие што ќе презентираат дека ќе се замараат со тоа како да менуваат слајдови без да гледаат во презентацијата, или слично. Нема шанса да не ти дозволат сам да си ги менуваш слајдовите. Така да, направи ја ти презентацијата и кога ќе презентираш ќе видиш дека нема да има никаков проблем. Не можат професорите да очекуваат професионално да си ја завршиш работата, зашто никој од вас тоа не е. Уживај, едино шо е на тебе е да си научиш ко шо треба да си испрезентираш, со техничките ствари не се замарај :)
 
Ако не се многу, принтај ги на А3 формат слајдовите и презентирај им ги на табла, аналогна презентација, и да снема струја немаш гајле :D
А ако мора баш на лаптоп, како што рекоа момците погоре, мобилен или wireless mouse.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom