Мистичен
Човек
Пред чествувањето на Илинден, повторно пазарење, околу прославата на Прохор Пчински и годинава поврзана со расчинетиот владика Вранишковски.
Во јавноста нова шпекулација, Вранишковски ќе лобирал во СПЦ, македонска делегација да влезе во „Прохор Пчински“ до колку македонските власти му ја одложат казната затвор.
Архиепископот Охридски и Mакедонски, г.г. Стефан, без грижа до колку, Македонска делегација не влезе во Прохор Пчински, тој Илинден го поврзува со Крушево и манастирите на македонска земја. Помош од Вранишковски не сака.
„Тој човек се знае за кого лобирал и фала му што досега лобирал за МПЦ и за РМ“, рече г.г Стефан Архиепископ охридски и македонски.
И идниот премиер Груевски, не сака да дојде во ситуација да се ракува со Вранишковски на Прохор Пчински, како што се случи пред две години со шефот на државата Црвенковски. Според него, Македонија ако треба ќе чека 5 или 50 години МПЦ и СПЦ да го решат спорот, за да нема постојано условување од српска страна.
„Важно е ние достоинствено да го празнуваме тој празник. И секоја година да не си го рушиме сопственото достоинство, а тоа ќе се реши порано или подоцна“, изјави Никола Груевски.
Пред една недела МНР испрати барање за дозвола до српската влада, државна делегација од Македонија на Прохор Пчински да го одбележи АСНОМ, одговорот иако познат, се уште не пристигнал.
Извор: A1 Вести