Еј, како сте ме трефнале во расположение токму за ваква тема, тукушто ја дочитав Купохоличарка и сестра која го тангира ова прашање, секако, од малку поинаков агол.
Инаку, не станува збор само за философија, туку за цел систем. Капитализмот, јасно, се заснова на капитал, се брка капитал, се штити капиталот, главна вредност е капиталот, ..., и оттука произлегува неговата философија која најјасно е преточена во пораката што произлегува од се што погоре наведов: "Колку имаш, толку вредиш".
Штом капиталистичкото општество се темели на ова, а секој сака да вреди, јасно е дека сите тргнуваат да се себепотврдуваат преку заработување, и уште повеќе преку трошење што повеќе пари.
Позитивното во приказнава е што мотивот на масовната потрошувачка е длабоко човечки, значи има надеж, особено сега, кога споменатиот систем почнува да се урива под сопствената тежина.
Негативно, и тоа на долги патеки, е тоа што не само што голем број луѓе се во црвено на кредитните картички, туку и природните ресурси ги отеравме во минус, потрошен е кредитот на многу генерации кои допрва треба да се родат.