- Член од
- 23 февруари 2005
- Мислења
- 2.460
- Поени од реакции
- 44
Од причина што на форумот се врши страшна пропаганда од страна на многу политичко обоени членови за тоа што и како ќе направеле нивните партии, дали во 100 чекори, дали за Македонија заедно, дали онака или вака.
Е сега, мене а и многу други овде кои не се политизирани, не итересира нешто друго. Каде е тоа доброто што политичките партии го имаат направено за Македонија и народот?
Значи членови и симпатизери на политичките партии, набројте ги работите кои народот позитивно ги има почуствувано од вашите партии.
Зборувајте за успесите, зборувајте за зголемените плати, високиот стандард, отварањето на нови фабрики, масовни вработувања, штитење на домашните производи, суфицит при извозот, стабилна економија, безбедноста, елиминирање на криминалот и вооружените групи, отстранување на терористите од политичките и владеачките позиции, поволни кредити, решени станбени прашања, Македонија како врвна туристичка дестинација на балканот, апсолутно владеење на правото и законите, стопирано масовното отпуштање од работа, укинување на визите, чистење на депониите и огромното ѓубриште кое ја срами државата, подобрена инфраструктура, нови студентски домови, стипендии, добра социална помош...
Да набројувам уште?
Значи, дајте ни аргументирани одговори каде вашата политичка партија направила подобрување, а сите ние тоа да го имаме почуствувано.
16 години власт и држава не се малку. Затоа не зборувајте за во иднина, туку зборувајте за во минатите години.
Ние неполитизираните овци ги чекаме вашите одговори.
И ве молам без препукувања, зошто сите мислења ќе бидат избришани.