Пост

Е како ти текна сеа да постиш од кога завршија постите?

Следните ти почнуваат за Прочка, можеш тогаш да почнеш, март месец мислам некои од духовниве лица на форумов ке ти кажат детално со дата, е сега има друга работа, зависи како сакаш да постиш, некои постат со масло, некои не, ако постиш строго без масло, ќе ти треба бааги психа да се навикнеш, ако си со масло полесно е бидејќи имаш многу работи кои не се од животинско потекло а се јадат, и трето знаеш дека постот не е само она што го ставеме преку устата нели? треба да се исчистиш и психички и духовно, без црни мисли, злоботии и ред други работи, бар мене баба ми вака ми кажувала во врска со постите и да секс јок :)
 
Темава намерно ја сместувам во здравје наместо религија,ме интересира(бидеќи размислувам да постам)дали е здраво да се пости на моја возраст?(имам 18 години)Или нека биде по општо поставено прашањето,од која до која возраст може да се пости без притоа да се наштети на сопственото здравје.Зборувам за велигденскиот пост....

Како ќе ти изгледа постењето, што ќе јадеш а што не?

Јас почнав од вчера пет дневен пост само на вода и специјален чај и освен што ми се јаде ненормално се друго е ок :).
 
И мене многу ме интересира што ќе јадеш, а што не.
 
Е како ти текна сеа да постиш од кога завршија постите?

Следните ти почнуваат за Прочка, можеш тогаш да почнеш, март месец мислам некои од духовниве лица на форумов ке ти кажат детално со дата, е сега има друга работа, зависи како сакаш да постиш, некои постат со масло, некои не, ако постиш строго без масло, ќе ти треба бааги психа да се навикнеш, ако си со масло полесно е бидејќи имаш многу работи кои не се од животинско потекло а се јадат, и трето знаеш дека постот не е само она што го ставеме преку устата нели? треба да се исчистиш и психички и духовно, без црни мисли, злоботии и ред други работи, бар мене баба ми вака ми кажувала во врска со постите и да секс јок :)
Па пишав во првиот пост дека сакам велигденскиот пост да го одржам.45 дена траат како што знам.Инаку нема да го држам хардкор постот каде е и маслото забрането,туку нема да јадам месо,јајца,млечни производи,и т.н.само не знам сеуште како оди точно ќе најдам точно како оди тоа бидеќи има време до прочка.
 
Боље ќе ти биде да си симнеш диета од нет...
 
Па пишав во првиот пост дека сакам велигденскиот пост да го одржам.45 дена траат како што знам.Инаку нема да го држам хардкор постот каде е и маслото забрането,туку нема да јадам месо,јајца,млечни производи,и т.н.само не знам сеуште како оди точно ќе најдам точно како оди тоа бидеќи има време до прочка.

Ти не правиш никаков пост туку ќе се храниш вегански.
 
Ти не правиш никаков пост туку ќе се храниш вегански.
Па се поклопува на некој начин,инаку за време на постот има денови кога се јаде риба и полжави но тие се само неколку благоец и цветници мислам но не сум сигурен.
 
ја читам темава и се мислам 5 минути шо да пишам... коа одеднаш ми текнува дека јадам чипс моментално, max со сланина.
 
Па се поклопува на некој начин,инаку за време на постот има денови кога се јаде риба и полжави но тие се само неколку благоец и цветници мислам но не сум сигурен.

Постот има смисол ако ти користи за здравје што значи да не конзумираш штетни материи и да намалиш масни храни. Ако се храниш вегански а на пример јадеш маргарин и колачи со шеќер и зејтин ќе го намалиш драстично позитивното дејство на постот.
 
Interesno e deka se razlikuva post od nemrs. Nemrs se praktikuva sekoj petok i sreda (zavisi od crkva do crkva) i toa e vsusnost vozdrzuvanje od hrana, proizvodi od zivotinsko poteklo. A postot e vozdrzuvanje od bilo kakva hrana vo nekoj vremenski interval, kratok ili podolg, kako sto imaat muslimanite.
Inace do sega sekogas sekoj petok ne jadam meso i prozivodi od meso, kako i mleko i mlecni prozivodi i jajca. A za praznici ne postam ne mozam da izdrzam..
 
...од која до која возраст може да се пости без притоа да се наштети на сопственото здравје.Зборувам за велигденскиот пост....

Какви се не муабети не ти разврзаа на вака едноставно прашање... :)

За прашањето. Ако немаш некои здравствени проблеми, нема ништо да ти биде од велигденскиот пост, кој всушност е веганска исхрана на период од 40-тина дена.
Значи ако имаш одредени здравствени проблеми, кои бараат внесување на одредени работи преку исхраната, малку потешко е да се најде соодветна веганска замена. Можно е и тоа, ама тогаш ќе мораш да се советуваш со нутриционист.
Ако си здрав, 45 дена на веганска исхрана е супер за телото. Јас редовно го постам овој пост повеќе од една деценија а почнав и доста пред твојата возраст... и еве ништо не ми е! :вонзем:

Главна работа е да имаш подршка од дома или да знаеш да готвиш... вкусно спремени посни јадења се права работа. Таман тогаш иде пролет и еден куп свеж зеленчук влегува во исхраната. Не случајно постов се случува во ова време од годината, традиционално зимската исхрана е побогата со месо а посиромашна со зеленчук... па постот делува како пречистување на организмот.

Колку што е здраво за телото, постот е здрав за духот. Не зборам за религиозни работи туку за зацврстување на волјата. Не е лесно да издржиш 45 дена без храна во која уживаш, за мене се тоа сирења, кашкавали, чоколадо...

Прав тест на волјата е целосен пост, без алкохол и секс.
Тешко е, ама не можеш да предпоставиш колку е потоа слатко кога ќе заврши постот... :)

Резиме: ако си здрав секако пробај, со богата веганска исхрана нема да имаш никакви здравствени проблеми. Идеи за посни јадења можеш да најдеш секаде на нетов, а пробај и тука.
 
(Сировата) веганска исхрана е одлична за здрави како и за болни луѓе. Затоа не е точно дека е тешко да се најдат рецепти, но консултации со добар нутриционист е критично. Доколку не може да се стигне до асален нутриционист, постои алтернатива - интернетот. Доволно е човек да знае англиски и да знае да сурфа на нет. ;)

П.С. Домашно црвено вино и домашната жолта ракија доколу се консумираат во модерација имаат позитивен ефект врз нашето здравје (резвератролот во црвеното вино има добри антиоксидантни и anti-aging својства).
Околу сексот (или мастурбација - сеедно), нема потреба целосо да се заборави за време на веганскиот постот. Доколку е пост само на вода (и/или чаеви) тогаш е строго препорачлива апстиненцијата од секс/мастурб.. :)
 
Не случајно постов се случува во ова време од годината, традиционално зимската исхрана е побогата со месо а посиромашна со зеленчук... па постот делува како пречистување на организмот.

Сосема точно. Еднаш гледав на БТР како оџа од шутка го опиша постот како "ремонти организмо". До сега може и книга има објавено; "Де ремонти организмо", побарајте ја по книжарници.
 
Колку што е здраво за телото, постот е здрав за духот. Не зборам за религиозни работи туку за зацврстување на волјата. Не е лесно да издржиш 45 дена без храна во која уживаш, за мене се тоа сирења, кашкавали, чоколадо...Прав тест на волјата е целосен пост, без алкохол и секс.Тешко е, ама не можеш да предпоставиш колку е потоа слатко кога ќе заврши постот... :)
Добро бе луѓе ... Зошто да се ставаш во искушувачка ситуација, само за да си ја тестираш волјата? Значи ако сакаш здраво да се храниш, тоа треба да ти биде стил на живеење, а не 45 дена во годината. Ако сакаш да ослабиш, стави се на диета, ти кога мислиш дека психички си спремен не кога ќе ти каже попот. Зошто кога во ова време има изобилие на храна и можеш да си направиш здрав режим на исхрана со месо, млечни производи, зеленчук и овошје, вие сте решени да му правите шок на организмот и со тоа на мозокот да не ужива во тоа што сака... А пак да не почнам да зборам за „забранет секс“.... Што ќе ли е толку лошо ако имаш секс ако здраво се храниш? (тоа така изгледа...)
 
Постот е "алатка" koја се користела во езотеричните школи од времето на Египет, па и пред тоа. Есените кои живееле во времето на Исус ја практикувале, а они пак биле првите христијани....исто важи и за другите религии.
Како и сите други школи пред оваа и тие користеле методи како постот. Ова се пресликало во христијанството подоцна
и станало општа пракса.
--- надополнето: 19 јануари 2012 во 12:49 ---
Ќе заборавев, која е целта на сево ова :)
"Соковите" од доле(kunda(кундалини)) да испливаат преку
темето на главата во форма на лотус со 1000 листови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom